Како Грција изврши геноцид врз македонскиот народ во Егејска Македонија?

Член од
12 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
17
КАКО ГРЦИЈА ИЗВРШИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД BO EГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
30.03.2008
Македонскиот народ со нетрпение очекува најпосле добра вест од Букурешт, иако овој град, барем досега, во македонската национална меморија, фукционира само во контекст на катастрофалниот договор со кој пред 95 години Македонија беше распарчена на три дела. Имено, со Букурешкиот договор од 28 јули 1913 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија.
Притоа Грција присвои 34.356 километри квадратни, или 51 отсто од македонската територија, иако на тој простор тогаш живееле само 9,8 проценти етничко грчко население. Co истиот договор, Србија доби 25.713 киломери квадратни, или 39 проценти од територијата, без разлика што во Вардарска Македонија воопшто немало Срби, а Бугарија ќари 6.798 квадратни километри македонска територија населена исклучиво со македонско население.
Од распарчената Македонија подоцна еден процент доби и Албанија, иако таму не живееше ниту еден Албанец.
Поделбата на Македонија со Букурешкиот договор во 1913-та година уште повеќе ги заостри односите меѓу балканските држави, кои, потоа, се чини, одвај чекаа нова војна за да ја делат Македонија одново. Две години подоцна тоа и се случи. Во перидот од 1915-та до 1918-та година, во Првата светска војна на македонскиот фронт се водеа тешки борби меѓу француските, англиските, грчките и српските војски, од една страна, и Германија, Австро-Унгарија, Турција и Бугарија од друга страна.
Најжестоко но и најупорно на овој фронт војуваше бугарската војска, во која учествуваше и 11-та македонска дивизија со околу 33.000 македонски војници.
По интервенција на САД на страната на Англија и Франција – Германија и Австро-Унгарија беа поразени, a co нив ‘падна’ и Бугарија.
Co Нејскиот мировен договор од 1919-та година се потврди поделбата на Македонија од 1913-та година, но Бугарија мораше да му го отстапи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците комплетниот Струмички регион и Западните покраини; на Грција и’ беше отстапена Западна Тракија, меѓу реките Места и Марица, а на Романија и’ се призна поседувањето на Јужна Добруџа, добиена со Букурешкиот мировен договор пред шест години.
Се разбира, многу држави повторно не беа задоволни од ваквиот крај на Првата светска војна, а договорите кои беа постигнати под притисок беа основната причина дваесет години подоцна да започне нова војна. таканаречената Втора светска војна.
ПРОТЕРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА!
Меѓу двете светски војни во Македонија се извршија големи етнички промени, а најголемите етнички промени се случија во Егејска Македонија.
Според масовноста и карактерот, етничките промени во Егејска Македонија зедоа размери на вистинска политика на етничко чистење на цел еден народ, односно се изврши геноцид врз македонскиот народ.
Во ноември 1919-та година, Грција и Бугарија потпишаа конвенција за таканаречено доброволно исселување на населението што живееше во двете држави.
По силата на оваа конвенција 86.571 Македонци беа принудени да заминат од Грција во Бугарија.
На овој начин грчката држава ја реализира првата принудна миграција на македонското население од Егејска Македонија. За жал, политиката на етничко чистење на македонскиот народ продолжи и со Лозанскиот мировен договор од 1930-та година, со кој се предвидуваше задолжително исселување на христијаните од Турција.
Co тој бран на преселба од Турција во Грција дојдоа еден дел Грци, но и Турци и Ерменци со христијанска вероисповед.
Во обратна насока мораа да заминат Турците со муслиманска вера, a co нив и Македонците и Власите од таа вера.
Врз основа само на овој договор од Егејска Македонија се исселија 354.000 муслимани.
На тој начин, односно со Лозанскиот мировен договор, грчката држава ја реализира втората принудна миграција на инородното население што живееше во рамките на грчката држава, смета проф. д-р Киселиновски.
Според него, по силата на Нејскиот и Лозанскиот договор дури 127.374 Македонци или 34,39 отсто од целокупното македонско население што живеело во Егејска Македонија било принудено да емигрира во Бугарија и Турција. Во Егејска Македонија останале уште 242.997 Македонци или 65.61 отсто од македонското население што живеело во тој дел на Македонија пред балканските војни.

Паралелно со протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, грчката држава, се разбира, спроведуваше и политика на колонизација со цел да се смени традиционалниот етнички состав на населението во тој дел на Македонија. Врз основа на внатрешната колонизација на Егејска Македонија во периодот од 1913-та до 1928-та година беа колонизирани 53.056 Грци.
Од друга страна, пак, врз основа на надворешната колонизација беа доселени 565.143 лица, грчко и негрчко христијанско население.
Во тие бранови на доселеници за да се смени етничкиот состав на населението во Егејска Македонија беа донесени Грци, Караманли, односно Турци со христијанска вероисповед, потоа Ерменци и разни други кавкаски народи.
Значи, во тој период во Егејска Македонија беа доселени вкупно 618.199 лица од најразлично потекло, со различен јазик и културни традиции. Иако немаа речиси ништо што ги поврзува со Грција, овие доселеници го сменија етничкиот карактер на тој дел од Македонија, односно Егејска Македонија се демакедонизира и во етничката историја на Македонија почна н о в и о т грчко-маџирски етнички период. Се разбира, сосема е јасно дека грчката колонизација беше смислена и реализирана на штета на македонскиот народ, па затоа Македонците од душа ги мразеа колонистите, давајќи силен пасивен и активен отпор на смислената геноцидна колонизација на Егејска Македонија. Овие етнички промени што се случија во Македонија имаа тешки етно-јазични, политички и економски последици за македонското население.
Имено, со големата грчка колонизација на Егејска Македонија, Македонците го изгубија својот етнички историски статус. Од најмногуброен народ, Македонците добија статус на малцинство во својата родна земја. Ако пред 1913-та година од вкупно еден милион и шеесет илјади жители дури 77 остто беа Македонци, веднаш по големите етнички промени Македонците веќе беа само 17 отсто од населението, кое сега броеше близу еден и пол милион лица.
Паралелно со тоа, Грците, кои претходно беа малцинство во Македонија, добија статус на мнозинско население. Ако пред 1913-та година Грците во Егејска Македонија беа само одвај околу 10 остто од целокупното население, по големите етнички промени Грците преставуваа 50,36 отсто од населението.
Сите мешовити 6ракови меѓу Грци и Караманли, Грци и Кавкасци, Караманли и Кавкасци, Караманли и Ерменци, благорадејќи на употребата на димотики, односно грчкиот народен јазик, одеа во корист на грчкиот етнос. Значи, со промената на историскиот статус се смени и статусот на македонскиот и на грчкиот јазик во Егејска Македонија.
Македонскиот народ го изгуби својот традиционален историски статус на домородно, доминантно население, а македонскиот јазик од најупотребуван јазик во Егејска Македонија доби статус на јазик на малцинство.
Факт е дека дури по 1923-та година грчкиот јазик постепено го менуваше својот јазичен статус, па од јазик на малцинство или семеен јазик, стана најупотребуван јазик на целокупното население во тој дел на Македонија.
Силата на оваа нова етничко-историска реалност беше толку голема што грчкиот јазик добиваше статус на примарен, мајчин јазик надвор од грчкото етничко семејство.
Грчкиот јазик преку мешаните бракови постепено го истиснуваше турскиот јазик кај Караманлиите, ерменскиот кај Ерменците и рускиот кај дел од кавкаското население.
Co овие големи етнички промени во етничката историја на Македонија заврши македонскиот период и почна новиот грчко-маџирски период, а со тоа грчките политички граници се’ повеќе се совпаѓаа со грчките етнички граници.
Грчката државна политика со текот на времето разните доселеници донесени во Македонија од секаде полека ги претвораше во елиномакедонес (гркомакедонци), за на крајот да ги промовира во автентични Македонес – Македонци.
Сега таканареените Грчки Македонци се всушност збир од разни доселеници кои немаат никаква етничка допирна точна со Македонците.
Вистинските автохтони Македонци новодојденото население го нарекуваа со едно и единствено име: Маџири, односно странци, туѓинци.
Понекогаш се употребуваше и пежоративното име аути или куркудати.
Доселениците – маџири, пак, Македонците ги именуваа најчесто со ендопи, односно доморотци. Паралелно со ваквата политика на промена на етничкиот состав, Грците спроведуваа и бришење на славјанските топоними во Егејска Македонија.
Тој процес организирано почна да се спроведува со законот од 1926-та година, кога почна интензивна деноминација на македонските населени места.
Врз основа на овој закон, сите имиња на реки, планини, села и градови добија грчки топоними, се сеќава проф. д-р Стојан Киселиновски автор на неколку книги за грчката колонизација на Егејска Макеонија, за етничките промени во Македонија, за Комунистичката партија на Грција и македонското национално прашање, за статусот на македонскиот јазик во етничката Македонија и други.
Според д-р Киселиновски, ова што денес се случува со непризнавањето на Македонија всушност би требало да биде последната фаза на грчкиот геноцид врз македонскиот народ, односно фаза по која тие сметаат дека автохтониот македонски народ веќе воопшто нема да постои во Грција.
Според таа геноцидна политика што се води полни осумдесет години, во Егејска Македонија сега живеат некакви грчки Македонци кои немаат никаква врска со Македонија, ниту со Македонците. Тоа се доселеници кои беа населени на имотите на Македонците што мораа да ја напуштат Грција заклучно со бруталниот егзодус по завршувањето на Граѓанската војна во Грција.
Според него, вистински, автохтони Македонци во Егејска Македонија се околу 150.000, или барем толку останаа по Граѓанската војна, и тие немаат речиси никакви малцински права во државата Грција.
--- надополнето: 12 август 2012 во 12:35 ---
ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ГЕНОЦИДОТ
Почнувајќи од 1913-та година во Егејска Македонија се спроведуваше страотна политика на денационализација и асимилација на македонското население. Грчката држава беше крајно сурова во тој однос, па не признаваше дури ни постоење на македонско име и македонски јазик.
Македонците беа должни да ги сменат своите имиња и презимиња, а секое македонско презиме требаше да завршува на ис, ос или пулос.
Паралено со тоа, грчката држава почна вистински поход против македонската писменост.
Славјанските букви и зборови беа отстранувани дури и од надгробните споменици и од црквите.
Сите цркви во Егејска Македонија педантно беа прегледани и прекрстени со грчки имиња, a македонското писмо и сите црковно-македонски натписи беа отстранети, а пронајдените црковни или лични македонски книги беа уништени како во периодот на фанариотското средновековие.
Се рушеа дури и илинденските споменици, како Братската могила’ во село Апоскеп, Костурско, каде што беа погребани легендарните војводи Митре Влашето, потоа главата на Лазар Поп Трајков и други.
Паралелно со отстранувањето на секаква македонска писменост, остро се прогонуваше и живиот македонски збор. Разни грчки националистички банди инструирани и платени од државата ги крстосуваа македонските села и го малтретираа македонското население да зборува само грчки доколку сака да го види утрешниот ден.
Грчката националистичка организација, таканаречената Грчко-македонска тупаница, ги предупредуваше Македонците дека строго им се забранува да зборуваат на нивниот мајчин јазик и должни се да зборуваат само грчки секаде и во секое време.
Особено суров беше нападот врз употребата на македонскиот јазик во комуникацијата на улица; тој беше сметан за варварски, недостоен за еден културен граѓанин.
Македонскиот јазик беше забранет, омаловажуван и прогонуван. Се забрануваше употребувањето на македонскиот јазик дури и во меѓусебната комуникација меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби, седенки или погреби.
Co еден збор – Грција ја забрануваше употребата на македонскиот јазик дури и при пеење и оплакување.
Сепак, најсуровиот напад врз македонскиот јазик го реализира диктаторот Јоанис Метаксас во 1936-та година, кога го забрани употребувањето на македонскиот јазик не само во секојдневниот живот во селата туку и во каква и да е комуникација во семејството дома.
Прекршувањето на оваа невидена забрана во светски рамки повлекуваше тешки и сурови физички казни, но и плаќање таканаречен јазичен данок.
Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик во јавниот живот или во рамките на семејството над 4.500 Македонци во тој период беа ссудени и пратени на грчките острови.
Само повремено, поради притисокот што го вршеше Друштвото на народите, грчката влада одвреме-навреме беше принудена, особено меѓу двете светски војни, да преземе формални мерки за да ја убеди Европа дека Грција, како цивилизирана земја, ги почитува одредбите за заштита на правата на малцинствата кои произлегуваат од Париските мировни договори.
Поради таквите притисоци во 1925-та година, на пример, во Грција беше отпечатен еден буквар наречен Абецедар.
Букварот беше печатен со латински букви на македонски народен јазик, односно на леринско-битолски дијалект.
Се разбира, тоа беше само лажен грчки трик, зашто веднаш по публикувањето на букварот тој беше уништен и никогаш не стигна во рацете на тие за кои беше наменет.

Грчките училишта за македонските деца беа вистински мачилишта.
Поради тешкиот, репресивен живот во својата родна земја сега под грчка окупација, Македонците ги сметаа Грците за полоши од Турците: Турците немаа вера, но имаа исав. Грците немаат ниту вера, нуту исав’, велеа постарите Македонци, се сеќава проф. д-р Стојан Киселиновски, роден во селото Бмбоки, Костурско, Егејска Македонија, кој, за жал, уште како дете, значи веднаш по крахот на Граѓанската војна во Грција, бил протеран од Беломорска Македонија, па своето основно, средно и високо образование морал да го заврши во Романија, a подоцна магистрирал и докторирал на Универзитетот во Скопје.
ТРЕТОТО ПРОТЕРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ
За време на Граѓанската војна во Грција, Македонците се определија за грчката левица која единствена ветуваше признавање на националните права на Македонците во рамките на новата грчка држава.
Токму поради тоа, од вкупно 30.000 војници на Грчката републиканска армија (ДАГ) дури 15.000 беа Македонци. Во тој период Македонците интензивно ги афирмираа своите национални и културни вредности, а на 10 август 1947-та година, со статутарен акт број пет, Главниот штаб на ДАГ на Македонците им ги призна сите национални права.
Така, на пример, од 1947-та до 1949-та година во Егејска Македонија беа отворени 87 македонски училишта со 10.000 ученици, a ce публикуваа и повеќе весници на македонски јазик, се формираа и македонски културно-уметнички друштва и се изведуваа и драми на македонски јазик.
За жал, поразот на ДАГ во Граѓанската војна имаше тешки етнички последици за Македонците.
Повеќе од 20.000 Македонци загинаа во борбите на Грамос, Вичо и други места, a 60.000 Македонци и Грци, меѓу кои и 28.000 деца, беа принудени да емигрираат во источно-европските земји.
Co тоа грчката држава ја спроведе третата принудна миграција на македонското население од Егејска Македонија.
Се разбира, исходот на граѓанската војна во Грција уште еднаш сериозно влијаеше врз статусот на македонскиот народ во таа држава.
По третата грчка принудна миграција уште повеќе се зацврсти малцинскиот карактер на македонското население, а тоа сериозно влијаеше и на македонскиот јазик.
Ако во периодот од 1913-та до 1950-та година македонскиот јазик за македонското население имаше статус на примарен мајчин јазик, по 1950-та година постепено почна да го губи дури и тој статус.
Од примарен мајчин јазик, македонскиот јазик доби статус на секундарен странски јазик за дел од македонското население.
И сега Македонците веќе од најрана возраст, уште во градинка, го учат само грчкиот јазик, а македонскиот јазик можат да го слушнат понекогаш само дома од постарите членови на семејството, па затоа гласовите ж, ч, џ и ш, кои не постојат во грчкиот јазик, децата и помладите Македонци ги изговараат неприродно.
Co ова македонскиот јазик во Егејска Македонија влезе во третата фаза пред извесното негово целосно исчезнување, губејќи го полека но сигурно дури и статусот на семеен, мајчин јазик.
Co влегувањето на грчкиот јазик во рамките на македонското семејство, меѓу нашиот народ секојдневно се шири грчката национална, политичка, културна и психолошка свест. Co тоа всушност почна процесот на дефинитивно асимилирање на преостанатото македонско население во егејскиот дел на Македонија, и негово постепено но сигурно слевање во грчката нација.
Преостанатото македонско население во Грција, по протерувањето по граѓанска војна, кое отприлика броше околу 150.000 лица, беше подложено на најсурова политика на денационализација; македонското име и македонскиот јазик најригорозно беа забранети, а Македонците беа принудувани да даваат колективни заклетви дека ќе бидат лојални на грчката држава и дека во иднина ќе зборуваат само грчки јазик.
--- надополнето: 12 август 2012 во 12:37 ---
остатокот од текстот го имате на
http://milevski.blog.mk/2010/08/04/kako-grcija-izvrshi-genocid-vrz-makedonskiot-narod-bo-egejska-makedonija/

ќе одговараат ли Грците за геноцидот кој го направија над Македонците ??
или тоа како и Ерменскиот геноцид ќе се заборави
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.422
Поени од реакции
9.074
ќе одговараат ли Грците за геноцидот кој го направија над Македонците ??
или тоа како и Ерменскиот геноцид ќе се заборави
шансите беа реални да педерите не одговараат доколку не одеа да не избришат за век и векова, сегашната ситуација наметнува борба да се биде или не, ние тука немаме друга алтернатива освен да одиме до крај,порано или покасно Грција мора да се порази ако сакаме да ја имаме МАКЕДОНИЈА:
 
Член од
12 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
17
шансите беа реални да педерите не одговараат доколку не одеа да не избришат за век и векова, сегашната ситуација наметнува борба да се биде или не, ние тука немаме друга алтернатива освен да одиме до крај,порано или покасно Грција мора да се порази ако сакаме да ја имаме МАКЕДОНИЈА:
што правиме со Обединетото кралство тоа стои зад нив цело време ???
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.422
Поени од реакции
9.074
што правиме со Обединетото кралство тоа стои зад нив цело време ???
Обединетото кралство стоеше зад нив, како што одминува времето се повеќе ке се дистанцираат и ке стојат неутрално, проблемот на Грција е во тоа што не сакаше да замижи таму каде што беше застаната работата туку сакаше да не дотолчи до крај, ние немаме друг избор освен да ја прифатиме таквата игра и мораме да ги поразиме.Има голема разлика мегу некогаш и сега, ние сите знаеме често пати да кажеме дека грчкото лоби е јако а нашето слабо и слично, али состојбата се менува, не е како пред 20-30 години, ако некогаш самата Грчка држава го финанисираше грчкото лоби,нашето лоби беше сечено во корен зашто се рачунаше за антидржавен елемет пошто бевме дел од некоја туга држава, денес е сосема друго, нашето лоби слободно може да се развива и секојдневно сме сведоци како бројни Американски конгресмени се придружуваат во борбата за МКД кауза и состојбата на терен се менува.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Како Грција изврши геноцид врз Македонскиот народ најдобро е да го викнам дедо ми да ви раскажува што им правеле тоа гнидите грчки без трошка жал. Глави летале без потреба, вошки при бегањето колку сакаш, гол пиштол, забегуваш кај шо те носи толпата и снајдувај се да преживееш.
Да си пасиш овци и да ти дојдат од зад грб да ти речат - Виде партизани?. Ти одговараш НЕ, а командантот нивни вика, овој лаже, да го стреламе, ти си само пилиштар кој едвај наполнил 15 години. Па пушката ти ја поставуваат од назад покрај уше и ти пукаат и се смеат, Аххххх го промашив да ми е.... мамата. После пак, па на другата страна така и на крај слатко чотече, да лежиш 2 дена во бесознание.
Можеби од тоа што имам ислушано една недела ми се собира материјал.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Едно прашање што ке се случи 2013 на ревидирање а Букурешкиот договор ..?
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
нема да се игра отворен покер.
Ама може Гејција нема да игра отворен по автоматизам после 100 години може да се отвори пак прашањето може ке сака Бугарија ,може Албанија или пак Србија а пак може и ние да го отвориме
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ако после истекот на 100 години од Букурешкиот договор се отвори повторно разгледување на договорот тогаш може да биде многу лошо. Сите ке сакаат да си повратат територии или да добијат некои нови што воопшто никогаш во историјата и не им ни припаѓале, а тука повторно ќе настанат војни. Нас нека ни ја вратат Егејска Македонија и барем дел од Пиринска и мислам дека друго не ни треба, ама тешко дека тоа ќе се случи.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.002
Поени од реакции
5.862
Sporot so Grcija ke go dobieme samo prasanje e na vreme koga.Procitajte ja vtorata kniga na pisatelot Nice Dimovski so naslov Vistinata za vecnosta i ke doznaete mnogu vistiniti raboti sto ne ste gi znaele do sega.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.002
Поени од реакции
5.862
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.002
Поени од реакции
5.862
Se znam za temava zatoa sto dedo mi i baba po tatko mi se od selo Dmbeni vo Kostur glavnoto zariste na partizanskoto dvizenje vo cela Egejska Makedonija kade na celo bea Lazo Trpovski i Tasko Karagja a kaj zenite vodac bese sega pokojnata i legendarna Vera Foteva sto mnogu pati ja davale na televizija koga bila ovaa tema vo vestite.Dmbeni bese prvo selo sramneto so zemja znaci sega ne postoi kako rezultat na toj zestok otpor sto go davale nasite tamu no za zal nemale nikakva pomos od togasna Jugoslavija pa grcitte so pomos na anglicanite,francuzite uspeale da ja dobijat taa bitka.Vo tie borbi dedo mi zaginal a baba mi so tatko mi koj togas imal 6 godini prebegale 1948.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Престанете со офтопик муабети и вратете се на темата.
Размена на информации за книги и друго правете на соодветните подфоруми или во приватни пораки.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
шансите беа реални да педерите не одговараат доколку не одеа да не избришат за век и векова, сегашната ситуација наметнува борба да се биде или не, ние тука немаме друга алтернатива освен да одиме до крај,порано или покасно Грција мора да се порази ако сакаме да ја имаме МАКЕДОНИЈА:
:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom