Од следниот петок (28.09.2012) машиновозачите во штрајк поради намалени плати и стандардно лоши услови за работа.Раководството на МЖ намалувањето го правдало со намален обем на работа, истовремено вработени се нови луѓе
Вработени се нови луѓе али тоа се претежно синови,внуци, и роднини на екс железничарите.Кадарот што го имаа МЖ беше останат од југословенско време, каде вработувале скоро се-и-сешто, па спрема режимот,на една станица можат да се забележат следниве вработени:
- два штампачи за карти. Едниот издава другиот помага со пари, штампа или било шо.
-уште двајца на телефонска централа
-Испрајќач на возот, кога иди возот, го пречекува во униформа со фенерчето, му свирка му свети му мафта, а после со спортски поздрав го испрајќа и свири со свирчето...
-Чукач на колца (за ова и друго име незнам), кога доаѓа возот, со еднометарски долго чеканче ги потчукнува колцата, дали ќе издржат до следна станица. Ако да, клима со главата, ако не прави салто под воз.
-Уште неколку мина, кои ако има потреба менуваат колосек на шините, проверуваат одвреме навреме, запишуваат....
Се на се 8 души минимум се на смена.Кога нема воз, го тепаат времето со пиење кафе и дремење. Една од најлесните работи ја имаат што постои. И сето ова коа ќе видиш дека оди во ЕДНА СМЕНА....
МЖ ај шо отпушта луѓе, океј, можи ново средување на персоналот да направи,али ја мислам чим досеа ги “исплајќаа“ и можеше да бидат вработени овие луѓе со намалувањето на персоналот можат да инвестираат во возови.
Сеуште не сфатив зошто не се скинаа 3-4 споменици, и да се донесеше еден половен воз, кој со сигурност ќе беше подобар од денешниве.
Иначе пред скоро еден саат слегов од воз, и можам да кажам дека го одбрав најдобро-репарираниот вагон досега.Нови седишта, нема тресење, чисти пердиња, гнасно ве-це, џамот за чудо се отвораше И ЗАТВОРАШЕ...