Што видел хакерот кои провалил во податоците на Наса ?

Дали верувате дека навистина постојат тие документи?

  • Вкупно гласачи
    68

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Gary McKinnon е еден од напознатите хакери на денешницата, а таа “титула” ја заработил откако во 2001 и 2002 година влегол во околу 97 компјутери на американската војска и NASA.Во Англија веќе 10 години се води правна битка за неговата екстрадиција во Америка, каде најверојатно го чека затворска казна од 70 години.

Правниот систем ветил дека оваа година ќе го реши случајот, но во меѓувреме е добро да се потсетиме што точно McKinnon барал во американските компјутери.
Денес 45-годишниот хакер од Glasgow тврди дека барал исклучиво податоци за вонземјани и бесплатна енергија. Во неговото пребарување наишол на неколку запрепастувачки информации.

McKinnon тврди дека видел фотографии од градба на Марс која дефинитивно не била од човечко потекло, а и на документ со интересна содржина насловен со “вонземски службеници”. Имињата на воените лица кои биле во документот не можел да ги пронајде ниту во една друга база на податоци.

Во пребарувањето видел и проект во кој се собрани сведочења на високи воени службеници за средба со вонземска технологија и обиди на инженерите туѓинската технологија да ја применат за човечки потреби.

Во базата на податоци на NASA открил и дека постои посебен оддел кој бил задолжен за бришење на НЛО-ата од сателитските снимки на вселената, а сите овие наоди, спрема зборовите на американскиот правен систем, го означиле како “најопасниот хакер во историјата”.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Интересно!
НАСА, областа 51, како и документите од Ватикан се најчуваните тајни денеска! Ние може само да нагаѓаме! :icon_lol: А што има нешто, има....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не ми е многу веродостоен хакерот,му се заканува казна од 70 години и може да му е гајле веке што зборува,сосема да го изгубил разумот.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
да нема нешто, не би криеле .. right?

;)
Right, и јас така мислам...
Мора да има нешто воа американчињава чудна нација се..
што нашол во врска со енергијата?
Бесплатна енергија нешто кога ке ги снема суровините како нафта и нафени деривати, америка ке им го блокира доводот на оваа енергија на Русија и другите непријатели и СВЕТОТ КЕ БИДЕ АМЕРИКАНСКИ.
Сваќаш момче ?
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Right, и јас така мислам...
Мора да има нешто воа американчињава чудна нација се..
--- надополнето: 11 август 2012 во 14:44 ---

Не се чудни они мие сме чудни :D
 
Можеби некогаш ама не сигурно во наредните 100 и више години :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Можеби некогаш ама не сигурно во наредните 100 и више години :)
Па да, има залихи од нафта за уште 270 години..ама како што се зголемува потршоувачката така се зголемува и шансата за масовно употребување на возила со соларна и електрична енергија :)
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
И да има бесплатна енергија, никогаш нема да ја видиме!
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.238
Поени од реакции
1.295
Од каде дојдовте до заклучок дека само Америка е способна да изнајде бесплатна енергија? Иначе резервите на гас, нафта, и други енергетски средства кои ги има Русија се далеку поголеми од оние на Америка, така да Америка би била онаа која би останала без енергија во отсуство на " бесплатна енергија".
 
T

Tetro

Гостин
Пима залихи од нафта за уште 270 години..
Ова ти го кажа кој?
Пред 3-4 години се направи една калкулација, и беше изјавено дека ако се продолжи со досегашната експлоатација на нафтените суровини, ќе пресушат изворите за најмхогу 35 години.
Последна ќе биде Канада, од таа низа.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
И да има бесплатна енергија, никогаш нема да ја видиме!
Toчно така ке се направи нешто за да не биде бесплатна,таа бесплатна енергија веке ја има само што не ја кажуваат бидејки така повеке им одговара.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Toчно така ке се направи нешто за да не биде бесплатна,таа бесплатна енергија веке ја има само што не ја кажуваат бидејки така повеке им одговара.

Колку што сум читал за Тесла, он имал замисла сета електрична енергија да биде бесплатна и да се добива безжично! Е сеа едисон неможел да испушти таква прилика а да не наплати!

Плус после смрта на Н.Тесла фалеле неколку ковчези со проекти и нацрти! Сигурно не ги зеле овие од мекдоналдс!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom