G
grande-juve
Гостин
„Апсолутно, во ниту еден момент Јувентус не размислувал за ангажман на нов стратег, затоа што сметаме дека Антонио Конте не е виновен. Нашите адвокати набрзо ќе докажат дека се ова е една голема грешка на обвинителството, а дотогаш Карера ќе биде на клупата, а Конте ќе диригира и ќе влече потези од трибините. Мислам дека учењето е многу потешка работа од самиот испит, така што на натпреварите Масимо Карера ќе ги извршува инструкциите на нашиот тренер. Уредите за комуникација ќе бидат апсолутно дозволени, така вели законот“, истакна директорот на Јувентус, Бепе Марота.