- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Сигурна си дека тоа беше одлука на Славески? Јас мислам дека токму заради тоа тој си поднесе оставка. Во тој период беше тешко да се стигне до пари на светските пазари, а политиката на огромни трошења некој друг инсистираше да остане. Славески замина со аманет под итно да го прават ребалансот, кој нему како министер не му дозволиле да го направи. Некој друг беше најголем лудак во светот. Ама тој е поврзан со луѓе од СБ и ММФ, па може да обезбеди алтернативни начини (кредитите што ни ги одобрија тие институции, ниту луд човек не би и ги одобрил на држава со стопанство како македонсково). Политиката на буџетска експанзија остана.
Реалниот сектор ќе го јаде, бидејќи не може да ги издржи паразитите на грб. После реалниот ќе пукне се. И пак наново.
Искрено сега во моментот комплетен распад на реалниот сектор е и добредојдензошто би бил единствениот излез од статус кво во кое се влечкаме 20 години.
Проблемот е дали по распадот народот ќе свати дека државата е проблемот и ќе се бара кратење на моќта на државата или пак ќе се обвини приватниот сектор и повторно ќе се вратиме кон планирана економија.
Секако тука е и сеприсутната сенка на војна која нашите политичари можат да ја почнат во кој било момент за да се задржат на власт.