Можна ли е буџетска дупка од милјарда евра?

Како власта ќе се справи со економските предизвици?

  • Со ребаланс

    Гласови: 4 5,2%
  • Со задолжувања

    Гласови: 26 33,8%
  • Со ребаланс и задолжувања

    Гласови: 31 40,3%
  • Економската политика на владата е успешна, нема потреба од посебни мерки

    Гласови: 16 20,8%

  • Вкупно гласачи
    77
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Епа ај нека е аирлија :icon_mrgr:

Многу е контрадикторна оваа социјална политика со економијата, да незнае човек што да каже или да предложи. И нив им се мали пензиите не стасува, ранат сеуште цели фамилии. Од друга страна силен притисок врз нас младите...каша попара.
Добра си е социјалната политика, кога ќе експлодира балонот ќе се смееме сите на даноци од 30% и решен проблем. :D
Дали ти е познато дека сите нови пензионери кој што ќе излезат во пензија од Септември ќе земат 30’% помала основица. Финансиите се сума на =0 за секој издаток ке мора да земеш од некаде.
Основицата ќе биде 5-10% помала, не 30. Јас ќе бев среќен да стигнеа до сума 0. Овие ќе бркаат нула со пумпање на буџетски сретства во фондот. Годинава околу 600 милиони евра одат во фондовите за пензиско и здравствено од буџет. Таман колку што ни е буџетскиот дефицит. Догодина ќе имаме поголеми одвојувања и уште поголем дефицит. Што ќе се покрива со годишни позајмици со камата од 4%, што е уште една огромна замка.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ќе се справи со нови и се поголеми задолжувања и така од година во година се додека ни даваат кредити ќе се крпиме некако.
Инаку некој ја спомна Јапонија и нејзиниот 200% од БДП јавен долг. Јапонија и други такви презадолжени како САД или Германија се друга категорија, имаат имоти и фирми низ цел свет, нашиве сегашни 30% - 40% тежат многу повеќе од Јапонските 200%.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Добра си е социјалната политика, кога ќе експлодира балонот ќе се смееме сите на даноци од 30% и решен проблем. :D

Основицата ќе биде 5-10% помала, не 30. Јас ќе бев среќен да стигнеа до сума 0. Овие ќе бркаат нула со пумпање на буџетски сретства во фондот. Годинава околу 600 милиони евра одат во фондовите за пензиско и здравствено од буџет. Таман колку што ни е буџетскиот дефицит. Догодина ќе имаме поголеми одвојувања и уште поголем дефицит. Што ќе се покрива со годишни позајмици со камата од 4%, што е уште една огромна замка.
koeficientot ke bide 0.65 od 1 sto znaci na 2 pati se namaluva. Sega ti zboruvas za namaluvane od 0.75 na o.65. Ako presmetas vo celost toa e 35%. Da ne zboruvam na tema kakva steta ke imame so odlukata na vladata da mora privatnite penziski fondovi da gi prodadat drzavnite obvrznici na RM sto gi kupile vo stranstvo. Tamo penziskite fondovi dobivaa prinosi i do 9% ovde gi pritisna vladata da gi kupuvaat po 3-4% toa e 100% gubitok,za idnite penzioneri. Zosto? Za da moze da se zadolzuva poeftino i da trosi poveke ovaa vlada i da vrabotuvaa sekoe partisko vrapce od Resen do Skopje.
Go slusav premierot na TV vika nie ne vrabotuvame novi samo onie sto odat vo penzija. Pa kako opozicioner vikase deka treba da se krati najmasovnata administracija vo svetot a sega kako premier glava za glava vrabotuva novi za da ja odrzuva vo zivot da ne sotre. Sekoe novo vrabotuvanje e 1 nov parazit koj ke cica krv od sekoj gragjanin, toj ne samo sto ne e produktiven tuku site nie plakjame osven za negovata plata i za strujata i toaletot sto go trosi dodeka sedi na rabota(za tie sto sedat, za onie sto se po kafici za rabotno vreme isto taka).
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
izvor http://www.libertas.mk/vest/32665/Drzhavata-se-zadolzhi-so-novi-1276-milioni-evra
Државата се задолжи со нови 127,6 милиони евра

Сподели со твоите пријатели!

Таа продаде државни записи и државни обврзници на 5 посебни аукции.
Датум: 07.08.2012 16:06 | Прочитано: 625

Министерството за финансии продаде државни записи во износ од 7,34 милијарди денари (119,3 милиони евра) со тримесечен и годишен рок на достасување во три различни аукции.
Понудени беа 6,2 милијарди денари, а продадени беа 5,58 милијарди денари од тримесечните државни записи со годишна камата од 4 отсто.
Исти тримесечни државни записи, но овојпат со девизна клаузила беа понудени во износ од 1,123 милијарди денари и беа продадени сите со камата од 3,9 отсто.
Кога станува збор за годишните државни записи (поточно државни записи со рок на достасување од 350 дена), од нив беа понудени 634,74 милиони денари и и тие беа продадени сите. Каматата за нив изнесуваше 4,75 отсто.
Oд државните обврзници беа продадени тригодишни и петгодишни со заедничка вредност од 8,3 милиони евра во две посебни аукции.

Продадени беа 425 милиони денари како петгодишни државни обврзници со годишна камата од 5,7 отсто. Кај тригодишните понудени беа 100 милиони денари, а се продадоа 87 милиони. Тие носеа камата од 5,1 отсто.
 
В

Вештерот

Гостин
Да добар е за богатите и тие на власт само да се збогатат уште повеќе. Комплетна глупост и историски се има покажано како комплетен неуспех.Видете го само Јапан 20 години е во финансиска криза државниот долг им стигна до 200% задолженост додека економијата им стагнира.Кај и да е тиквата ќе пукне и тоа многу.Во Америка политиката на Кејнс ја продолжила големата депресија до 46 .После војната Америка го скратила буџетот за 2/3 исто така и даноците и тоа довело до економски бум кој конечно ги извадил од рецесијата.

Тоа што ни треба е на Хајек позицијата.Да се скрати буџетот за 60% да се симнат даноците на приход и ДДВ на 0% и да се укинат најголем дел од регулациите (да се тргне политиката од економијата ).Секако и да се отпушти 80% од државната администрација.

Така ќе се создаде поволна клима за инвестиции и раст и тоа не раст од кредити ( меури ) кој за 2-3 години ќе пукне и ќе ни ја однесе економијата во рецесија директно туку вистински одржлив раст.
Отворивме интересна дебата која нема крај. Кејнс vs Фридман. Гледам на форумов повеќе се на Фридман страната дури и тие што не се националисти и конзервативци
Е сега да ти одговорам на постот. На тие 200% Кејнс најверојатно би ти рекол дека се премногу малку затоа што Јапонија може да се задолжува со помалку од 1% камата. Ги немам диаграмите ама кога Америка имала преку 160% задолженост некаде во 30тите години на минатиот век Кејнс им рекол дека тоа е премногу малку и дека тој стимулус е премногу мал да ја раздвижи економијата. По неколку години се одлучиле да направат поголем стимулус и така Америка се извадила од големата депресија. Причината за такви големи задолжувања и стимулуси била потребата од оружје. И тој перииод од историјата на Америка можеме да го земеме и како контролиран експеримент кој ја потврдува теоријата на Кејнс.
А за богатите ќе ти го речам следново. До 70ти години пред да почнат да го применуваат Фридман. Е тек тогаш се зголеми раслоеноста и богатите станаа безобразно богати.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Не е точно тоа дека стимулусот што го препорачал Кејнс ја завршил рецесијата и депресијата.Америка била во депресијата се до 1946-47 но за време на војната тоа било замаскирано со фактот дека десетици милиони Американци биле мобилизирани директно во војската и уште десетици во воената индустрија.Али во истото време во Америка владеела страшна немаштија и rationing ( не знам на Македонски како е ) се било на бонови работи како путер не можеле ни да се најдат. Тоа ако е здрава економија ние сме тогаш во економска револуција .

После војната дури 60 милиони Американци работеле директно или индиректно на платен список на владата на САД а даноците биле високи до небо.Иако поборниците на Кејнс инсистирале да се продолжи со владиното трошење владата на САД го скратила буџетот на САД за 2/3 ја распуштила целата војска и ги намалила сите даноци.Според теоријата на Кејнс тогаш требало да дојде до комплетен распад на системот а се случило сосема спротивното.

Дошол најголемиот бум во подолгата историја на Америка а истиот прекинал со повторната мобилизација за војната во Виетнам,дигањето на даноците и зголемувањето на долгот и даноците.

Патем Јапонската економија е во стагнација веќе скоро 2 декади поради спроведувањето на политиката на Кејнс во својата држава а стигнаа до долг од 200%.Пред да почнат со задолжувањето за да спасат пропаднати комании Јапонија била на пат да стане број 1 економија во светот.Сега паѓа со секоја помината година.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мое мислење, економијат е средство, а не цел.
Цел е добробит на Човечкиот род. Сиромаштијата, невработеноста и се друго лошо треба да се победат за да Луѓето подобро живеат
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Според мое мислење, економијат е средство, а не цел.
Цел е добробит на Човечкиот род. Сиромаштијата, невработеноста и се друго лошо треба да се победат за да Луѓето подобро живеат
Ок чим најдеш начин да ја победиш сиромаштијата пиши ми порака ќе ти се придружам да ги победиме и тагата и љубомората.:pos:

Има поспособни и понеспособни луѓе тоа е неменливо.Со тоа си доаѓа и дека ќе има побогати и посиромашни луѓе.Тоа не само што е природно туку е и правилно.

Патем економијата не е средство туку е алатка со која ги правиме нашите животи полесни.Да се очекува сите да знаат да ја контролираат алатката со иста успешност е како да очекуваш секој да знае да искористи длето и чекан за од парче дрво да направи ремек дело.
 
В

Вештерот

Гостин
Не е точно тоа дека стимулусот што го препорачал Кејнс ја завршил рецесијата и депресијата.Америка била во депресијата се до 1946-47 но за време на војната тоа било замаскирано со фактот дека десетици милиони Американци биле мобилизирани директно во војската и уште десетици во воената индустрија.Али во истото време во Америка владеела страшна немаштија и rationing ( не знам на Македонски како е ) се било на бонови работи како путер не можеле ни да се најдат. Тоа ако е здрава економија ние сме тогаш во економска револуција .

После војната дури 60 милиони Американци работеле директно или индиректно на платен список на владата на САД а даноците биле високи до небо.Иако поборниците на Кејнс инсистирале да се продолжи со владиното трошење владата на САД го скратила буџетот на САД за 2/3 ја распуштила целата војска и ги намалила сите даноци.Според теоријата на Кејнс тогаш требало да дојде до комплетен распад на системот а се случило сосема спротивното.

Дошол најголемиот бум во подолгата историја на Америка а истиот прекинал со повторната мобилизација за војната во Виетнам,дигањето на даноците и зголемувањето на долгот и даноците.

Патем Јапонската економија е во стагнација веќе скоро 2 декади поради спроведувањето на политиката на Кејнс во својата држава а стигнаа до долг од 200%.Пред да почнат со задолжувањето за да спасат пропаднати комании Јапонија била на пат да стане број 1 економија во светот.Сега паѓа со секоја помината година.
Епа не баш.
Во секој нормален учебник по економија дури и во уебникот од Самуелсон кој е прилично популарен пишува дека мерките за штедење во време на криза се многу многу лоша идеја. И тоа не е случајно. Според теоријата на Кејнс неодговорно е во мирни времиња кога нема војни да се прават безвезе дефицити и долгови. Во такво време се враќаат долгови.
А за Јапан пак ќе повторам јапан со поголем стимулус можеше многу побрзо да се извади од криза. Ти велиш дека паѓа со секоја поомината година, но не е така затоа што лани имаа 4% раст на бдп. А и оваа година ја почнаа доста успешно.
 
Нормални учебници напишани од поборници на Кејнс :)

Прво нема таква влада која додека економијата расте што ќе штеди и ќе враќа долгови.Не се десило нема ни да се деси.

Второ со методот на Кејнс на фрлање пари во економијата се збогатуваат само бизнисмени блиски до власта и никој друг.Баш со методите на Кејнс богатите стануваат само побогати додека сиромашните стануваат само посиромашни.Додека за време на криза сиромашните немаат за ништо пари владата фрла пари на богатите во бесмислини проекти.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добра си е социјалната политика, кога ќе експлодира балонот ќе се смееме сите на даноци од 30% и решен проблем. :D

Основицата ќе биде 5-10% помала, не 30. Јас ќе бев среќен да стигнеа до сума 0. Овие ќе бркаат нула со пумпање на буџетски сретства во фондот. Годинава околу 600 милиони евра одат во фондовите за пензиско и здравствено од буџет. Таман колку што ни е буџетскиот дефицит. Догодина ќе имаме поголеми одвојувања и уште поголем дефицит. Што ќе се покрива со годишни позајмици со камата од 4%, што е уште една огромна замка.
Балонот почна да се дуе од времето на величествениот Трајко Славески. Тоа е период кој никогаш во живот нема да го заборавам, кога шиткаше месечни и тримесечни со 9.43% камата, кога апсолутно незнаеше каде се наоѓа, као со воден чарап по глава да беше удрен. Кога ги дигна каматните стапки до небо. Кога банките ги затворија шалтерите за стопанството. Кога бевме на раб да девалвираме. Кога ни ги срози девизните резерви на половина. Да конкурира за најлуда економска политика, верувам тој човек ќе го изберат за најголем лудак на светот.
Тоа се небројни камати, кои потоа со нова и нова емисија неможат да се затворат. И така до ден денес се затвараме со секоја емисија. Државната администрација како ламја се отвори и не проголта бонус ни се рамковните. Пензискиот столб нема да го издржиме на среден рок. Негде ќе пукне, да видиме каде. Јас гласам дека прв ќе пукне реалниот сектор :)
 
В

Вештерот

Гостин
Нормални учебници напишани од поборници на Кејнс :)

Прво нема таква влада која додека економијата расте што ќе штеди и ќе враќа долгови.Не се десило нема ни да се деси.

Второ со методот на Кејнс на фрлање пари во економијата се збогатуваат само бизнисмени блиски до власта и никој друг.Баш со методите на Кејнс богатите стануваат само побогати додека сиромашните стануваат само посиромашни.Додека за време на криза сиромашните немаат за ништо пари владата фрла пари на богатите во бесмислини проекти.
Нема врска тоа што пишуваш. Пред да ги применат методите на Кејнс во америка било најнормално директорите на компании да имаат свои јахти. Зборивам за триесеттите години. Подоцна некаде во пеесеттите години ниту еден директор немал своја јахта. Јахти имале само фирмите кои се занимавале со прозводство на бродови. И најголемата јахта во пеесеттите години била помала од просечните во 30тите. Некаде по 70та година кога политиката фати некој друг правец (не само во Америка туку и по други држави) се накотија директори кои се безобразно богати, а од друга страна нормалните луѓе не можат лекови да си обезбедат.
Со ова сакам да ти кажам дека баш со политиката на Фридман се ствараат богаташи Јахтите ги одбрав само како пример за луксуз. И нормално тие богаташи се со врски блиски на власта затоа што им се може и затоа што можат со пари да купат и влијание.
--- надополнето: 10 август 2012 во 20:30 ---
Балонот почна да се дуе од времето на величествениот Трајко Славески. Тоа е период кој никогаш во живот нема да го заборавам, кога шиткаше месечни и тримесечни со 9.43% камата, кога апсолутно незнаеше каде се наоѓа, као со воден чарап по глава да беше удрен. Кога ги дигна каматните стапки до небо. Кога банките ги затворија шалтерите за стопанството. Кога бевме на раб да девалвираме. Кога ни ги срози девизните резерви на половина. Да конкурира за најлуда економска политика, верувам тој човек ќе го изберат за најголем лудак на светот.
Тоа се небројни камати, кои потоа со нова и нова емисија неможат да се затворат. И така до ден денес се затвараме со секоја емисија. Државната администрација како ламја се отвори и не проголта бонус ни се рамковните. Пензискиот столб нема да го издржиме на среден рок. Негде ќе пукне, да видиме каде. Јас гласам дека прв ќе пукне реалниот сектор :)
Нели тоа е работа на народна банка (камати и монетарна политика), а не на министерство? И ам цонфусед.
 
Сигурна си дека тоа беше одлука на Славески? Јас мислам дека токму заради тоа тој си поднесе оставка. Во тој период беше тешко да се стигне до пари на светските пазари, а политиката на огромни трошења некој друг инсистираше да остане. Славески замина со аманет под итно да го прават ребалансот, кој нему како министер не му дозволиле да го направи. Некој друг беше најголем лудак во светот. Ама тој е поврзан со луѓе од СБ и ММФ, па може да обезбеди алтернативни начини (кредитите што ни ги одобрија тие институции, ниту луд човек не би и ги одобрил на држава со стопанство како македонсково). Политиката на буџетска експанзија остана.

Реалниот сектор ќе го јаде, бидејќи не може да ги издржи паразитите на грб. После реалниот ќе пукне се. И пак наново. :D
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нема врска тоа што пишуваш. Пред да ги применат методите на Кејнс во америка било најнормално директорите на компании да имаат свои јахти. Зборивам за триесеттите години. Подоцна некаде во пеесеттите години ниту еден директор немал своја јахта. Јахти имале само фирмите кои се занимавале со прозводство на бродови. И најголемата јахта во пеесеттите години била помала од просечните во 30тите. Некаде по 70та година кога политиката фати некој друг правец (не само во Америка туку и по други држави) се накотија директори кои се безобразно богати, а од друга странанормалните луѓе не можат лекови да си обезбедат.
Со ова сакам да ти кажам дека баш со политиката на Фридман се ствараат богаташи Јахтите ги одбрав само како пример за луксуз. . И нормално тие богаташи се со врски блиски на власта затоа што им се може и затоа што можат со пари да купат и влијание.
Со пари можеш да купиш врски во власта само во економија структурирана по примерот на Кејнс каде што владата може да бира победници и губитници.Во економска политика структурирана според Хајек и претседател да си немаш никаква моќ во приватниот сектор.

Патем тоа што го кажа со јахтите баш се поклопува со временските периоди кога владата на САД највеќе постапувала по теориите на кејнс или поточно претседателството на Хувер 1928-1933 каде владата на САД фрлала грди пари во економијата,потоа по завршувањето на војната почнуваат да се применуваат теориите на Хајек со кратење на даноци и намалување на буџетот со тоа што пак со започнувањетона Виетнамската војна 1955 се враќаат на теориите на Хаек и повторно се интервенира во економијата се зголемуваат буџетите и растат даноците.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Нели тоа е работа на народна банка (камати и монетарна политика), а не на министерство? И ам цонфусед.
Обврзници може да издава и Народна Банка и Министерството за финансии. Е сега ако МФ издаде краткорочни обврзници со огромна каматна стапка (скоро 10%), комерцијалните банки немаат никаков интерес да дадат пари на стопанството (пари за кои ризикот е повисок) ако каматата не е значително повисока. Комерцијалните банки купуваа обврзници и имаа сигурен приход, а притоа го игнорираа стопанството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom