Луѓе што не чуваат домашни миленичиња

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И јас не чувам бе.
Ама не чувам зш немам услови (стан), а имам чувано порано мачки, куче, папагали, канаринци итн.А во иднина со одвојување од моменталнава дома сигурно без разлика дали е стан, ама ако е куќа ќе се сигурно неколку.
За зајадливите коментари знам воопшто да не изреагирам, ама некогаш ако ми се собрале неколку такви ќе се заинаетам и не попуштам до крај во контрање :) Немам некое добро мислење за луѓе необожаватели на животни, а со дел такви уште пред да научам за нивниот феномен сум имал веќе контрање, обично не се мирисаме.

Imam macor eve veke 4 ipol godini go cuvam,tolku sme vrzani edno kon drugo sto mislam uste malku ke pocneme da zborime eden so drug.
Да не е навивач на Јувентус? :icon_lol:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Упорно темава од контекст се вади. Значи, не реков јас дека сите луѓе што не чуваат животни, или што несакаат животни треба да се обесат и дека чим несакаат животни несакаат и луѓе. Во темава зборувам за оние кои нон стоп дофрлаат некои зајадливи коментари, солат памет и мислат дека се знаат, а уствари никогаш не ја почувствувале приврзаноста, затоа што никогаш и не чувале животнинче. Немам проблем со некој што не чува, негово право, ме нервира кога не чува, а ми соли памет мене зошто чувам, и за таквите и ја отворив темава. Секој си има свое право во животот што сака да си прави и го почитувам тоа се додека не ми се меша во моите одлуки, и се додека не ми се прави паметен, а врска нема.
Нормално дека ќе ти се отфрла од колосек темата, бидејќи вака поставена нема поента да стои на форумов.

Јасно е како ден дека не треба да ти солат памет тие, твој живот, си правиш што сакаш...каде е дискусијата тука? :)
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
И јас не чувам бе.
Ама не чувам зш немам услови (стан), а имам чувано порано мачки, куче, папагали, канаринци итн.А во иднина со одвојување од моменталнава дома сигурно без разлика дали е стан, ама ако е куќа ќе се сигурно неколку.
За зајадливите коментари знам воопшто да не изреагирам, ама некогаш ако ми се собрале неколку такви ќе се заинаетам и не попуштам до крај во контрање :) Немам некое добро мислење за луѓе необожаватели на животни, а со дел такви уште пред да научам за нивниот феномен сум имал веќе контрање, обично не се мирисаме.



Да не е навивач на Јувентус? :icon_lol:
Newcastle :icon_lol:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Тие луѓе што немале или што не сакаат животни, се луѓе без чувства.
Не дека ги мразам мачките, ама досадни ми се, така имаат некој итар преварантски поглед, тивки се, се галат само од корист, за разлика од кучињата. А кучиња кога чував претежно машки беа,сите расни, од различни раси, пошто женските многу привлекуваат други кучиња скитници кога им е време за парење а јас не сакам многу да ги тинтрам. Не им се потресував многу ако некое го снема цел ден, знам дека идеа у швалерај и комшиките ги правеа партали, така да зошто да им скратувам од задоволството. Некои кучиња ми ги труеа, некои ми ги прегазија, а некои ми умреа од крлежи т.е едно, и тоа беше француска пудлица,мажјак, Паша го крстив ама дефинитивно најпаметното куче што можеше да постои и највечи швалер у маало. Го одрав од перење со шампон против крлежи и џабе, не можев да го исчистам, најверојатно дека постојано во двор беше пуштено во тревата.Крлежи го исцицаа, стана како костур и умре. Криво ми беше, бидејки сите што ги имав ги сакав, но не нешто посебно да се потресувам или да ги чувам како што има некои болни луѓе,што им купуваат чајни од 300 денари и посебни интегрални лебови, аргети паштети не знам вакви витамини онакви тракатанци и сл. крај краева, куче имаш за оно тебе да те чува а не ти него. И стално у двор ми беа пуштени, нека шетаат што да ги врзувам или затварам да станат агресивни.
Сега барам Шкотски овчар, првото куче ми беше таа раса (леси) кога имав 7-8 години,единствено женско куче што сум го чувал и никогаш нема да им простам на моите што го дадоа во некое село пошто премногу си играв со него а многу влакна пушташе и страв им беше на моите да не фатам некоја болест па го дадоа после 4 години чување.
Премногу паметни кучиња се, убави и весели секогаш. Знае некој кај можам да купам?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
сто години ќе направам, памет не ми иде
отварам теми тука за „некакви“:партизани,борци,херои кој се бореле и ни ја донеле оваа слобода,многу и загинале,а сега и за„ 20 години АРМ“
и не можам човек да најдам за разговор,ниту страна да почнам-рипнам
Абре отвири си тема за некој Маалски мачор или уличен пес и господ да те види,за пола ден стотина муабети ќе си направиш,ич да не му се секираш а може и за некој стаорец или гавран приказни ќе се разврзат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ок признаам претерав троа повеќе за деца и фрлање у буниште, my bad.
Но процентуално од луѓе што ги знам оние кои не чуваат животни поради тоа што не ги сакаат, еден голем дел да не речам 80 % од нив се тешки индивидуалисти, имаат голем круг на пријатели, но на база на површност.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
сто години ќе направам, памет не ми иде
отварам теми тука за „некакви“:партизани,борци,херои кој се бореле и ни ја донеле оваа слобода,многу и загинале,а сега и за„ 20 години АРМ“
и не можам човек да најдам за разговор,ниту страна да почнам-рипнам
Абре отвири си тема за некој Маалски мачор или уличен пес и господ да те види,за пола ден стотина муабети ќе си направиш,ич да не му се секираш а може и за некој стаорец или гавран приказни ќе се разврзат.

Тоа е Анчо сурова вистина за Македонија:oops:
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Тој што не сака миленичиња,не се сака ни самиот себе...
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
:pos::pos::pos: Полош муабет од овој на темава немам одамна прочитано. Скриена камера а?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Не чувам животни не затоа што не ги сакам, туку затоа што премногу ги сакам за да ги чувам како 90% од оние што чуваат миленичиња во државава. Знам дека нема да му овозможам услови кога живеам во стан во зграда со 200 скали до дворот за да можам да го вадам надвор секогаш кога има потреба. Знам дека немам доволно пари за да му купам саглам храна за животни и лекови кога ќе се разболи (познаници плаќаат 100 евра месечно за лекови за кучето, тие се Европејци ама јас не сум, 100 евра на 200 евра плата во Македонија многу му доаѓаат). Знам дека не сум во можност да го шетам ниту јас ниту моите онолку колку што треба. Зошто да чувам миленик кога не можам да му го овозможам она што му е потребно? Не фала, не сакам да го пуштам надвор на -20 и да му фрлам отстоена манџа, да пцовиса за некоја година од некоја болест. Извинете но вака претежно се чуваат миленици во Македонија, според мене подобро да не чувам отколку да ги чувам на ваков начин. И сега јас ги мразам животните според коментарите на темава иако сум вегетаријанец?

Има и болни луѓе што ги троват или им наштетуваат. Еден од најочигледните симптоми кај сериските убијци е тоа што измачувале животни во детството. Јас овие би ги ставил во Бардовци или би донел закон според кој следува затворска казна. Можеби и има таков закон, но не се почитува. Барем јас немам слушнато за некој да оди во затвор поради куче или маче.
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Абе разбирам ајде да се чуваат миленици кога би се имало услови за чување , а он во стан од 50 м2 чува мачиња кучиња смрди корни и упорно чува па чува, па и мене он не би ми изгледал нормален човек .
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Да не почнам реферати да пишувам на темава, никој не ме сфаќа како можам до тој степен да сакам животни.

Од кога знам за себе чувам животни. Од мала трчав по нив да ги галам и никогаш моите не ми забранувале или да ме плашат дека ќе ме нападне, изеде, болест ќе ми пренесе. Имам приметено дека децата што мразат животни е вина на нивните родители што им ги полнат главите со глупости.

Моите неможеа да помислат куче да чуват, па тоа влакна дома да видеа една недела на глава ми викаа за тоа, земав куче и сега сите комшии не прават будали.
Прво станување идам да си го видам кучето...бато си го викам :icon_lol: Па моите кога ќе дојдат од работа 5 минути муабет му прават, и дома спие, и влакна остава, и мочкало и какало како мало и на се се привикнаа зошто таа радост, љубов, среќа што ја пружа ај некој човек нека ми ја долови некако.

Не дека луѓето што не чуваат не знаат да сакат, ама го немаат тоа чувство за одговорност, љубов кон нешто што ќе ти мавта само со опавчето. Хуманоста е во тоа да помагаш на некого што не знае да ти врати со иста мера.
Јас не ни ги сфаќам нив, ни планирам да им се замарам, штом некој не сака животни автоматски иде на игнор од мојот живот:pipi: . Не можам во близина на такви луѓе да сум, искрено избегавам. Немам почит кон таквите, уште кога ќе видам детенце како се затрчува да го погали кучето и мајка му како вика : Немој ќе те касне, ќе те нападне, ќе фатиш бактерија некоја!...ми доаѓа да и залепам една и да и отворам гугл да се информира малце како детето ствара имунитет покрај милениче и е помалку склон кон алергии.

И кога ќе ми дојдат гости како бе не сфаќаат дека ОНИ СЕ ГОСТИ а кучето тука ЖИВЕЕ. :свиркам:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Никогаш не сум чувал домашно милениче, единствено како мал на кратко чував лилјак. Веќе неколку месеци одвреме-навреме ги ранам мачките Калиси и Ејгон од пред зграда. Се важи тоа, или сепак сум простак опериран од чувства?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom