Го разгледав малку сајтот, и дебункирањето на првиот дел од Цајтгајст, оној за религијата, и искрено кажано, таков дилетантизам одамна немем видено. Изгубив секаква желба понатаму да гледам и читам. Лично сметам дека десетте минути на Џорџ Карлин се едни од најквалитетните работи кажани било кога на сметка на религијата, и не гледам никава потреба од понатамошна дискусија.
v=MeSSwKffj9o
Она на Карлин бат хи ловс ју е антологија...
Карлин секако дека бил во право, но тој ја исмевал апсурдноста на религијата додека Џозеф забега во теории на заговор кога проба да стигне до потеклото на христијанството преку измислување на сличности меѓу Исус и други божества - дебанкирано
овде (веродостојноста на информациите можеш и сам да ја провериш) и неповрзани лупетања за астрологија.
Да не ме разберете погрешно, не сум кој знае колкав љубител на конспираси теориите меѓутоа, зарем не е вистина дека секоја информација која ја добиваме е пласирана од одредени центри на моќ со цел да предизвика одреден ефект? Оној кој верува дека постојат чисти информации е наивен до глупост.
Еве последен пример со Сирија, каде на CNN нон стоп одат вести за јуначките бунтовници кои се спротивставуваат на хордите на убиецот Асад. Смета некој дека тоа е вистина?
Во основа се работи за исламистички банди платеници кои намирисаа крв, и кои Американската администрација наоѓа некој интерес да ги протежира.
Не морате на Цајтгајст да гледате буквално, гледајте го како предупредување, бидејќи не лажат, и тоа не лажат не посебно вешто, навикнати на глупоста на публиката.
Џозеф ни вика сите ве лажат, верувајте ми на мене! За првото се согласувам, да, мас-медиумите лажат сушат, но тоа не значи дека тој ја кажува вистината. Типот е дел од истата багра лажговци, разликата е што се наоѓа на "спротивната страна". Тој не е ништо поинаков од еден Бил О'Рајли или рандом-лажго-од-ЦНН на пример, само што тие се мејнстрим и се поуспешни.
Болдот - тој е доста свесен за ова и многу вешто го искористува, свесен за глупоста и мрзеливоста на публиката знае ако не бомбардира со доволен број на информации спакувани во сензанционалистичка обланда повеќе луѓе ќе му поверуваат од прва и нема да се потрудат да ја проверат нивната веродостојност.
Па кој ќе се замара да проверува дали кулите навистина паднале со брзина на слободно паѓање, кој ќе се замара да провери дали Кришна или Митра навистина биле родени од девица како Исус, на кој му е гајле дали одредени цитати се извадени од контекст или не.
Едноставно, Цајгајст е преполн со фактички грешки, глупости и невистини. Секој што не се согласува, можам да му понудам по 5 невистини во еден пост. Поентата ми е дека потребна е промена кон подобар систем, но Венус и Питер Џозеф не е промената која ја бараме.
Инаку да, добар е се додека не се сфаќа буквално...