Дали македонските градови ја губат својата автентична староградска архитектура?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Во последните години повеќе градби кој беа пример и симбол за некогашната староградска архитектура беа урнати. Најпогодени се градовите Тетово и Гостивар, но ситуацијата и на други места не е подобра. Се руши како сака и на кој како му се може..


11.03.2012 - Куќата на Богоевиќи типичен пример за старата градска архитектура во Тетовo е урната
kuka.JPG

Старата градска архитектура во Тетово некогаш заштитена и со закон полека исчезнува. Пример за тоа е куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век која неодомна е целосно е урната, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја остранат од листата на заштитени споменици на културата.

Од Управата велат дека биле принудени на ваков чекор. Објектот кој повеќе го нема претходно бил целосно руиниран. Државата немала финансики средства да го одржува а дополнителен проблем бил и имотно правниот спор, кој постоел меѓу сопствениците на куќата велат од управата.
 изјава телефонска Паско Кузман

Во Тетово има многу историски објекти кои пропаѓаат заслужуваат да бидат заштитени со закон.Во тек е постапка на валоризација на објекти, за кои во иднина ќе утврдиме дали треба да бидат заштитени. Но и ова постапка тече бавно вели Кузман.


Инаку многу стари градби автентични за раниот период на 20 век се урнати. Повеќе го нема и Теаречкиот Ан, на негово место се издигнати неколку згради. Пред 1 година беше урната Гамгам џамијата, според некои историчари и најстариот објект во градот , изграден пред повеќе од 5 века.

Зоран Димовски
Извор: http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=14822


Тетово останува без автентични стари градби

Куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век неодамна е целосноо урната, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја отстранат од листата на заштитени споменици на културата.


Жаклина Илиевска
19.06.2012
С
е менува ликот на некогашното Тетово. Старата градска архитектура која во минатото беше заштитен знак на градот под Шара од година в година се помалку ја има.
Веќе ги имаше изгубено особините на културно наследство, освен тоа имаше многу несогласувања со сопствениците, имаше повеќе од осум сопственици кои потоа водеа некакви спорови и сето тоа заврши несреќно по самата градба, кој имаш елементи на многу прекрасна архитектура.
Паско Кузман, Управа за заштита на културното наследство.

Старите градби кои му го даваа автентичниот белег на Тетово, полека ги снемува. Последен пример за тоа е куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век. Објектот неодамна е целосно е урнат, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја отстранат од листата на заштитени споменици на културата.

Поради руинираноста на објектот, од Управата појаснуваат дека биле принудени на ваков чекор. За овој објект меѓу сопствениците постоел имотно правен спор, а според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, државата немала финансиски средства да го одржува. Дополнителен проблем бил и имотно правниот спор, кој постоел меѓу сопствениците на куќата, појаснува Кузман.
14A79147-DD25-4991-A8F4-5C7DF3313AEF_w268_r1_cx3_cy4_cw97.jpg
Стара куќа.

„Веќе ги имаше изгубено особините на културно наследство, освен тоа имаше многу несогласувања со сопствениците, имаше повеќе од осум сопственици кои потоа водеа некакви спорови и сето тоа заврши несреќно по самата градба, кој имаш елементи на многу прекрасна архитектура.“

Според Кузман, во Тетово има многу историски објекти кои пропаѓаат заслужуваат да бидат заштитени со закон. Во тек е постапка на валоризација на објекти, за кои во иднина ќе се утврдува дали треба да бидат заштитени.

„Во тек се тие работи не не може да се постигне бидејќи знаете како е, нашите институции немаат ни доволно стручен кадар, немаат доволно финансиски средства.“

Освен централните, интерес за заштита на старата градска архитектура во Тетово треба да покажат и општинските власти, сметаат историчарите и истражувачите на тетовско минато. Според нив, архитектура е обележјето на градот, негов заштитен знак и споменик на едно минато време, кое треба на секаков начин да биде заштитено од заборав, но и од забот на времето. Инаку многу стари градби автентични за раниот период на 20 век се урнати. Повеќе го нема и Теаречкиот ан, на негово место се издигнати неколку згради. Пред 1 година беше урната Гамгам џамијата, според некои историчари и најстариот објект во градот, изграден пред повеќе од 5 века.
Извор: http://www.makdenes.org/content/article/24619169.htm
 
Не се барок, затоа и се оставени. Барокот е закон, барокот е моќ. Стара градска архитектура? Кој ја ***. Си имаме барок.
 
Не се барок, затоа и се оставени. Барокот е закон, барокот е моќ. Стара градска архитектура? Кој ја ***. Си имаме барок.
Кога сме кај тебе, имам одлични слики од Прилеп. Во задоволителна состојба се објектите, ама изгледа голем број прокиснуваат:
DSC00016.JPGDSC00017.JPGDSC00018.JPGDSC00022.JPGDSC00030.JPGDSC00032.JPGDSC00060.JPG
 
Да, затоа што тоа што го имаат не го чуваат а фрлаат пари на она што НИКОГАШ не било дел од македонската историја
 
Во Ѓорче Петров ( Скопје ) кажаа дека Старата Железничка Станица ќе ја прават музеј на Општината, ова е постара слика, а сега кога поминав ми изгледа како да ќе падне секој момент..
zv1pfo.jpg

И Webster дали започнаа со обнова на куќата на Бектешовци во Прилеп дека одвоија скоро 3 000 000 денари за нејзе?
 


Ова не е барок нема столбови.Плус и кај ви се статуите ? :D
 
Треба редовно одржување, гледам и во Велес каде што има највеќе вакви објекти почнуваат да не им обрнуваат внимание...моментално немам слики но ке се потрудам окулу тоа :)
 
Треба редовно одржување, гледам и во Велес каде што има највеќе вакви објекти почнуваат да не им обрнуваат внимание...моментално немам слики но ке се потрудам окулу тоа :)
Баш ме интересира состојбата како е таму.. Гледам неколку куќи се многу добро зачувани, и тие се претворени во Спомен Куќи.
varnalii5.jpg
Veles.png
802AF65730E8C4448F99219020FABD02.jpg
Picture%20216-15052012011206.jpg
E1E393703E24E5419F1F61F02516C82F.jpg
 
Баш ме интересира состојбата како е таму.. Гледам неколку куќи се многу добро зачувани, и тие се претворени во Спомен Куќи.
varnalii5.jpg
Veles.png
802AF65730E8C4448F99219020FABD02.jpg
Picture%20216-15052012011206.jpg
E1E393703E24E5419F1F61F02516C82F.jpg
2-те претпоследни не ми изгледаат како добро зачувани.
 
Соседите не дозволуваат реновирање на Саат кулата во Штип - Утрински весник

D3B8A5E1FFE3B041B201DC250009036F.jpg


Веќе три години за овој споменик на културата, бизнисменот Сашко Миладинов е спремен да донира 50.000 евра

Иван Бојаџиски


Штип-Штипската Саат кула, чие вистинско име, според историските документи е и Бегова кула, не може да се реновира бидејќи соседите не дозволуваат во нивните дворови да се постават скелиња за да може да се работи на кулата. За реновирање на овој споменик на културата, заштитен со закон, штипскиот бизнисмен Сашко Миладинов е подготвен да издвои 50.000 евра, пари доволни да се спречи нејзиното натамошно еродирање. Поминаа три години од моментот кога Миладинов даде согласност за својата донација, а до овој момент нема ништо од обновата.

„Јавно, јасно и гласно ја изразив намерата да вложам во заштита на овој вреден споменик на културата кој, во исто време, е и драгоцен украс на градот. Но, од надлежните бев информиран дека донацијата не можела да се реализира бидејќи Саат кулата е сместена помеѓу многу семејни куќи чии сопственици не дозволувале во нивните дворови да се постават скелиња. Кога надлежните ќе го решат овој проблем јас сум подготвен за донацијата“, ни изјави Миладинов, кој се пројави и како ктитор на новата црква „Покровите Богородица“ во Ново Село, која изминатиот викенд започна да се гради на местото на распадната црква.

Штипската Саат кула (под тоа име ја знаат штипјани) е споменик на културата кој датира од 17 век. Постои ракопис на еден од оние луѓе што ја одржувале кулата дека таа била изградена во 1650 година. За нејзиното настанување постојат две легенди. Според првата, кулата била изградена од турски бег кој во една таква сигурна градба сакал да си го заштити семејството во кризни времиња. Името на бегот не е запишано во ниту една историска книга за Штип и Македонија. На кулата имало балкон и пушкарници. Еден век подоцна, на неа бил поставен часовен механизам.

Легендата вели дека делот од кулата на кој бил часовникот бил урнат во 1934 година. Според некои записи, уривањето било стоено од безбедносни причини бидејќи се заканувала опасност тој дел да се сруши. Според друга легенда, уривањето го извршиле жителите од пошироката околина кои дење-ноќе немале мир од силното биење на часовникот.

Според втората легенда, анонимниот турски бег ја изградил кулата како резултат на својата преголема вљубеност во преубавата штипјанка Анка. Бегот постојано ја прогонувал Анка да му стане жена и со тоа да ја потурчи. Анка се опирала колку што можела и во еден миг, за да не го налути бегот, а во исто време да се спаси од неговата упорност да му стане жена, му дала според неа, невозможен предлог. Нека бегот изгради една кула со часовник на неа која ќе ја подари на градот, па таа ќе ја прифати неговата понуда. Вљубениот бег се согласил, ја изградил кулата, па Анка немал каде и му станала жена на бегот, менувајќи си ја верата.

Во поновата историја Саат кулата трпела помали заштитни зафати, но донацијата на бизнисменот Миладинов се јави како најдобрата можност од нејзина комплетна заштита. Дали историјата се повторува? Дали соседите се уплашија од ударите на часовникот кој долги години не е во функција, па се договорија да не даваат пристап до кулата? Одговор на ова прашање нема.

И отчукува на Саат-кулата? - Утрински весник
 

Тоа е неокласицизам не барок, има и во ресен - библиотекта
Барокот, готиката, рококо, и слични доцни правци не се познати во Македонија од причина што сме биле под Отоманската Империја...
--- надополнето: 11 август 2012 во 20:02 ---
Баш ме интересира состојбата како е таму.. Гледам неколку куќи се многу добро зачувани, и тие се претворени во Спомен Куќи.
varnalii5.jpg
Veles.png
802AF65730E8C4448F99219020FABD02.jpg
Picture%20216-15052012011206.jpg
E1E393703E24E5419F1F61F02516C82F.jpg

Не само Велес во скоро сите градови ситуацијата е иста, чекаме кога ќе се освестат за да направат коректни решенија за заштита на фасадите и целите објекти генерално...
 
Скопје на прагот да загуби уште еден симбол. Немам зборови! :|
„Куќата на стравот“ во Црниче ќе се урива?


kukja-na-stravot.jpg
„Куќата на стравот“ во населбата Црниче ќе се урива, а на нејзино место сопственикот ќе гради нов објект, пишува „Вест“.​

Сопственикот на куќата Крсто Велјановски демантира дека во куќата имало духови.

-Тоа се големи невистини. Слушнав дека фаќале духови и многу шпекулации поврзани со тоа, но јас тврдам дека во неа нема ништо. Планирам за кусо време да ја урнам бидејќи на нејзино место ќе се гради нов објект“, вели сопственикот на куќата за „Вест“.
„Куќата на стравот“, која се наоѓа на улицата „Востаничка“, датира од пред Втората светска војна

Според легендите ја бие проклетство.

Според една од легендите таму живеело семејство со три деца, две девојчиња и едно машко. Една од сестрите загинала трагично паѓајќи од коњ, а по две години втората ќерка ја пратиле да наполни вода од бунарот и повеќе не се вратила. Момчето, пак, починало по четиригодишно боледување.

На денот на неговата смрт, мајката се обесила во куќата, а таткото по два дена се фрлил во реката која течела во близина.
ИЗВОР: http://sky.mk/index.php/republika/728-kukjata-na-stravot-vo-crniche-kje-se-uriva
 
Што бе ми викаат и во Дебар Маало што има некој и тие капут, згради ќе се правеле. :mad: :mad: :mad:
ВИДЕО И ИЗВОР:http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=62962#.URFUygxn18c.facebook

Македонија

Во Струга се уриваат стари куќи кои се културно богатство
вторник, 05 февруари 2013, 16:54
Од старата струшка архитектура нема ни спомен. Во градот имало повеќе од 30-тина куќи во автентичен староградски стил кои претставувале вредно културно наследство. Во нив живееле социјално загрозени семејства, кои обезбедувајќи си покрив над глава, на општината и плаќале кирија за старите и дотраени куќи за кои никој не водел грижа. Лани со одлука на струшкиот Совет, а без дозвола на Завод и музеј беа продадени 6 куќи, а луѓето иселени.
„Голем дел од објектите кои што порано биле прогласени за поединечни споменични добра повеќе ги нема, не постојат. Се срушиле,се изградиле нови објекти ние сме принудени голем дел од тие објекти да ги бришеме, да донесуваме актови за престанок на заштита затоа што веќе не постојат“, вели Тања Паскали Бунташеска-дир. на “ Завод и музеј“-Охрид.
Старите струшки куќи ги нема, а се обезличуваат и верските објекти. Последен таков инцидент се случи лани, на почетокот на јуни. Без дозвола на Охридскиот Завод и Музеј, струшкото муфтивство урна дел од Мустафа Челеби џамијата во срцето на градот. Објектот кој потекнува од 16-тиот век, беше посебно заштитено културно добро и не смеше да се чепне, а не да се урива.
Со финансиска помош на ТИКА-канцеларија на Р.Турција во Р.Македонија, годинава охридскиот завод ќе врши конзервација и реставрација на урнатата џамија. Среќа во несреќа е што најстариот дел од џамијата не е допрен-велат од заводот.
Росица Голабоска
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom