Можна ли е буџетска дупка од милјарда евра?

Како власта ќе се справи со економските предизвици?

  • Со ребаланс

    Гласови: 4 5,2%
  • Со задолжувања

    Гласови: 26 33,8%
  • Со ребаланс и задолжувања

    Гласови: 31 40,3%
  • Економската политика на владата е успешна, нема потреба од посебни мерки

    Гласови: 16 20,8%

  • Вкупно гласачи
    77
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Во основа би се сложил со градењето на инфраструктура и објекти од кои државата би имала корист во иднина. Но сепак не можам да го игнорирам фактот дека тука покрај градењето сепак имаше голем удел и дневнополитичките настани кај нас и нашето опкружување. Да не навлегуваме во детали но само ке споменам дека според мене сега беше моментот за такви зафати кои колку да изгледаат само трошење безвезе државни пари ( не за сите нормално, тука врбите и такви глупости не ги рачунам) беа нужно потребни. Колку за пример само ке го споменам грбот на републиката. Шансата тој да биде донесен или да имаме национален грб оддамна е замината, и затоа сметам дека некои работи кои се прават беа нужно зло сега пошто во иднина не ке можевме и да сакаме. Се надевам дека ме сваќате што сакам да кажам.

Последен пример кој е ептен едноставен и мислам дека треба комплетно да ја долови поентата зошто интервенции на владата во економија секогаш се неуспешни.

После граѓанската војна во САД.Тамошната влада почнала со огромен проект за градење на железници.Тука имало проекти од сегде до сегде вклучително и трансконтитенталната железница од источен до западен брег.

Би се сложиле сите тука дека тоа изгледа разумен начин да се трошат државните пари и навистина се трошеле.Се давале субвенции од дури и по 100% + за завршен километар + бесплатно земјиште и заштита од војската на САД:

Проблемот е што во следните 10 години по завршувањето на железницата сите компании што ја граделе со субвенции пропаднале.Граделе пруги кои никој не ги користел.Трансконтиненталната железница пак била префрлена на државен буџет дека нели не смее да пропадне и минатата година има направено загуби од 600 милиони долари само во сектор за продажба на храна и пијалаци.

Знаеш кој железници опстанале ? Приватните како таа до Сиетел и Бостон кој не биле субвенционирани ни со еден долар туку биле градени поради потреби на потрошувачите и ден денес истите работат.

Најдобро е да им ги вратиш парите на граѓаните назад во нивните џепови со кратење на даноци па они да одлучат што навистина им треба.Не викам дека голем дел нема да ги потрошат на глупости али сепак ќе има еден дел кој ќе ги вложат добро и ќе донесат раст.ВЛАДАТА МОЖЕ ДА СЕ РАЧУНА ДЕКА СЕКОГАШ ЌЕ ГИ ПОТРОШИ НА ПОГРЕШНО МЕСТО И ЕДИНСТВЕНИ КОИ ЌЕ ЌАРАТ СЕ НЕЈЗИНИТЕ БИЗНИС ПАРТНЕРИ/ГОСПОДАРИ
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знаеш што е неотстварливо ? Временска машина,перпетум мобиле.Ова погоре напишаново се неколку промени во менталитет и закони и тоа е се.

Комплетно е отстарливо само е потребна желба за промени вистински и желба да се среди работата.Ако не се направат вакви или слични промени за некоја декада после завршување на факултет студентите ќе емигрираат во Африка заради подобар стандард.
Остварливо е ако се кандидираш на следниве избори и те изгласаме. Додека се истиве фаци на столчиња ништо не е остварливо. Уште државната администрација ја зголемуваат, а не пак да ја скратат за 60%.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Остварливо е ако се кандидираш на следниве избори и те изгласаме. Додека се истиве фаци на столчиња ништо не е остварливо. Уште државната администрација ја зголемуваат, а не пак да ја скратат за 60%.
Тоа да јас не очекувам сегашната влада да го направи ова.Али воопшто да дојде некој човек и да ги направи овие промени самиот народ треба да ги бара а за тоа треба да биде образован и да знае што да бара.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
Те сфаќам. Се треба со осет да се прави. Со осет. Овде немаме осет, имаме силување.
Еми сега покрај сувото и суровото гори, секогаш е така. Но првобитната замисла како со градење да се живни стопанството и да се искористи моментот мислам дека беа добри. Тоа што ја претераа во некои работи тоа е факт, но генерално замислата беше сосем на место.
--- надополнето: 10 август 2012 во 14:28 ---
Нити сум економист нити имам познавање толку големо од економија за да спорам со тебе за ова, можеби и си во право којзнае.
Но и за да се направи лавина мора некој една топка да фрли. Мора од некаде да се почни. Можеби и грешам но економската криза од 20 години САД ја пребродија баш со такви мегаломански зафати финансирани баш од владата. Колу е тоа точно и дали стварно така било незнам.
За твоите мерки да успеат во најмала рака би требало да нема ни грам корпција, а за тоа дека не е можно не ми треба економски факултет.
Ете јас на пример малце поинаку гледам на работите.
Даноци треба да има, од тоа државата живее и функционира.
Но тие даноци би требало да бидат многу помали од тоа што сега се, без разлика на кој данок зборуваме. Но нивната наплата да биди на кај 100% или приближно. Треба да се доволно ниски за никој едноставно да нема потреба да прави малверзации и на тоа додадено и големи казни како стимулација и ефектот би бил многу поинаков.
Јас како техничар по некоја моја економска логика сметам дек е подобро на пример од 1000 души да земеш 1 денар кој реално никој нема да ги сети отколку од 10 души да земеш 100 денари. Тие 1000 денари се ете зацртани и мораат да се соберат, но начинот на кој и како би ги собрал се сосем друга работа. Тука и се надоврзува со приватните бизниси и отворањето и затворањето на истите. Кога по мое давачките и даноците би биле ниски да не речам смешни, логично би било да се претпостави дека поголем број би се осмелиле да отворат свој бизнис и да успеат да го разработат, дури и некои бизниси кои сега спаѓаат во сива економија би станале легални со што автоматски бројот на невработени би се намалил од оние фамозни 30%. Така да во буџетот преку даноци би се влевале поголем број на средства кои се распоредени на поголем број на луѓе што значи давачките би биле помали. Вака како што е сега поставена работата иди дека јас на пример сум посадил некоја нива со јаболка а државата ми зема данок како тие јаболка да се во најплодните години, а не дека му треба време тие да пораснат.
Каматите исто така би требало да бидат значително помали( колку во проценти незнам) но од друга страна за да добиеш кредит треба барањето за истиот да биде основано а не само потркрепено со хипотека, што значи дека со тие средства кои јас би ги зел со мала камата и планирам да ги вложам во бизнис би требало да имам реални шанси да успеам, а тоа треба да го увиди и службеникот кој ми го одобрува тој кредит а не само да види дали можам да го вратам од хипотеката.
Вака како што е моментално поставена работата иди како претурување од шупливо во празно.
 
Значи тука е најважниот дел.

Ти мислиш дека државата треба да ја фрли топката за да почне лавината.

Јас пак тврдам дека приватниот сектор треба да ја фрли топката која ќе ја почне лавината и тоа поради две причини.

1.Приватниот сектор не може да си дозволи лоши инвестиции зошто лоши инвестиции значат пропаѓање а и да има лоши инвестции пак долгот од тие лоши инвестиции не паѓа врз сите наши глави како што е случајот со државни лоши инвестиции кои сите мора да ги исплаќаме.

2.Државниот сектор никогаш кога инвестира во главен интерес не му е ниту профит ниту продуктивност ДВЕТЕ НАЈВАЖНИ РАБОТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА. Тоа што го интересира се инвестиции со популистички карактер или инвестиции кои ќе купат социјален мир за да се добијат следните избори.Секако ако во процесот може и да се збогатат тоа е само бонус.Таквите инвестиции после паѓаат врз сите наши животи во форма на долг.

Друга многу важна работа е ова.

НЕВРАБОТЕНОСТА не е проблемот туку е ПОСЛЕДИЦА на лоша економска ситуација која исто така не е проблем туку ПОСЛЕДИЦА на мешањето на политиката во бизнисот и бирање на победници и губитници зависно од партиската книшка.

Тоа што треба да се гледа не е како да се намали невработеноста туку да се создаде поволен бизнис систем каде инвеститорите би гледале причина зошто да инвестираат и со тоа прво ќе се реши лошата економска ситуација па невработеноста а со време и стандардот.

Додека се бара државата да го реши проблемот во економијата не идеме нигде.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Што вели математиката за 5 години? Процент над 50% со ова темпо на работите?
Процент над 60 за 5 години. До 50 ќе стигнеме следната година или најдоцна 2014 со планираните покачувања на пензиите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Процент над 60 за 5 години. До 50 ќе стигнеме следната година или најдоцна 2014 со планираните покачувања на пензиите.
Ги заборавив покачувањата...5% беше оваа година, следна десет така беше?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Ги заборавив покачувањата...5% беше оваа година, следна десет така беше?
НАМАЛувАњЕ НА СТАПКИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ
Со цел натамошно намалување на трошоците на фирмите и отворање на нови работни места, ВМРО-ДПМНЕ ќе про-
должи со намалување на стапките на придонесите:
Во 2012, вкупните стапки се намалуваат од 26,5% на 26,3% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување ќе изнесува 17,6%,
- здравственото осигурување 7,5% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,2%.
Во 2013, вкупните стапки се намалуваат од 26,3% на 26,0% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,5%,
- здравственото осигурување 7,4% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,1%.
Во 2014, вкупните стапки се намалуваат од 26% на 25,7% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,4%,
- здравственото осигурување 7,3% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,0%.
Во 2015, вкупните стапки се намалуваат од 25,7% на 25,4% од кои:
- пензиско и инвалидско осигурување 17,2%,
- здравствено осигурување 7,2% и
- осигурување во случај на невработеност 1,0%.

ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионерите.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со зголемување на пензиите!
Покрај редовниот пораст на пензиите преку индексација/усогласување со порастот на трошоците за живот,
ВМРО ДПНЕ за периодот 2012-2015 им ветува на пензионерите дополнително зголемување на пензиите од
вкупно 24,2% и тоа:
- 5% на 1.12.2012,
- 7,5% на 1.12.2013 и
- 10% на 1.12.2014 година.
На тој начин, вкупниот пораст на пензиите во периодот 2012-2015, врз основа на редовното зголемување и
дополнителното зголемување, ќе достигне околу 30%!
Почитувани пензионери, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Вас!
Нека е аирлија и да сте здрави и живи!

Нека е аирлија и да сме здрави и живи! :D
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
Значи тука е најважниот дел.

Ти мислиш дека државата треба да ја фрли топката за да почне лавината.

Јас пак тврдам дека приватниот сектор треба да ја фрли топката која ќе ја почне лавината и тоа поради две причини.

1.Приватниот сектор не може да си дозволи лоши инвестиции зошто лоши инвестиции значат пропаѓање а и да има лоши инвестции пак долгот од тие лоши инвестиции не паѓа врз сите наши глави како што е случајот со државни лоши инвестиции кои сите мора да ги исплаќаме.

2.Државниот сектор никогаш кога инвестира во главен интерес не му е ниту профит ниту продуктивност ДВЕТЕ НАЈВАЖНИ РАБОТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА. Тоа што го интересира се инвестиции со популистички карактер или инвестиции кои ќе купат социјален мир за да се добијат следните избори.Секако ако во процесот може и да се збогатат тоа е само бонус.Таквите инвестиции после паѓаат врз сите наши животи во форма на долг.

Друга многу важна работа е ова.

НЕВРАБОТЕНОСТА не е проблемот туку е ПОСЛЕДИЦА на лоша економска ситуација која исто така не е проблем туку ПОСЛЕДИЦА на мешањето на политиката во бизнисот и бирање на победници и губитници зависно од партиската книшка.

Тоа што треба да се гледа не е како да се намали невработеноста туку да се создаде поволен бизнис систем каде инвеститорите би гледале причина зошто да инвестираат и со тоа прво ќе се реши лошата економска ситуација па невработеноста а со време и стандардот.

Додека се бара државата да го реши проблемот во економијата не идеме нигде.
Но што правиме ако приватниот сектор одвај крај со крај крпи или ете од некои други причини не ја фрла топката за да почни лавината. Некој мора прв да биди, па ако тоа значи дека треба да е државата така нека биди, битно да почни.
Или ајде вака, држава ја фрла топката, се прави автопат пруга или се гради нешто, Тоа повлекува уште неколку гранки на индустријата кои по некој основ се зафатени со тој проект и владата ги финансира, ајде да речеме градежни компании како за пример, мада можат да бидат било кои, небитно.
Работниците од тие компании земаат плата и ги трошат на други гранки на индустријата и башка фирмите прават профит и со тоа стекнуваат моќ и сами да запчнат некој друг проект.
Трошењето на заработката од работниците ги живнува и другите гранки кои понатака ги живнуваат другите и се така со ред. Или ете во случајот конкрено да се гради инфраструктура, на кратко рок државата ке биде во минус затоа што вложените средства за таа инфраструктура само посебен ке се вратат за долг период, но од друга страна истата таа инфраструктира ке овозможи заживување на индустријата во таа област од кој државата понатака би собирала даноци со кои после би вложила во друг проект и таканатаму.
За невработеноста. Било да е таа последица или проблем битно е дека е тука и треба да се намали. Јас ако те сватив ти картите ги фрлаш на странски инвестиции и како ним би им се овозможило подобри услови или желба за да тука инвестираат со што би се намалила невработеноста.
Тука не можам да се сложам со таа тактика пошто е грешна или непотполна. Секако дека треба да се баараат странски компании кои би вложиле тука но,
државата треба да стимулира и никнување на домашни компании, бренодови и квалитетен кадар. После тие компании ако сакаат можат да се здружат ( не купат во потполност) со странски мултинационални компании по многу поповолни услови и би генерирале многу повеќе профит и корист за државата.
Наједноставно ете пластично ке ти објаснам со една веб страна. Да се направи една страна кошта колку ајде ке речеме на годишно ниво некаде 300 евра. Колку таа страна можеш да ја продадеш ако е нова и непосетена. Па сигурно не повеќе од 300 евра или можеби и помалце. Но од друга страна ако таа истата страна е разработена има посети и генерира профит колку можеш неа да ја продадеш, колку за неа ке има заинтересирани купувачи кои нема да се мачат наново да го развиваат бизнисот и знаат дека истата таа страна веќе има квалитетен кадар кој ја одржува. Паралелата мислам дека е очигледна.
Сега наместо страна спореди со разработен домашен бизнис или фирма во Македонија и ке забележиш дека многу поскапо можеме да се продадеме со такви фирми отколку некој да иди на ново да почнува се од нула. ДА не споменувам дека би имале квалитетен и стручен кадар од областа во која фирмата работи кој секако би бил платен многу повеќе отколку некој општ работник во нова фабрика.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нека е аирлија и да сме здрави и живи! :D
Епа ај нека е аирлија :icon_mrgr:

Многу е контрадикторна оваа социјална политика со економијата, да незнае човек што да каже или да предложи. И нив им се мали пензиите не стасува, ранат сеуште цели фамилии. Од друга страна силен притисок врз нас младите...каша попара.
 
1.Ти го дадов примерот со железницата во Америка погоре истото ќе важи и за Македонија.Едноставно владата не и гајле и не зима во обѕир дали тоа што го гради е профитабилно или ќе предизвика раст ги интересираат две работи СОЦИЈАЛЕН МИР И СЛЕДНИ ИЗБОРИ.

За истите пари за автопат нов Скопје Гевгелија би можеле на 4 години да вработат неколку десетици илјади луѓе и решен проблем.И тука нема таква работа како добра влада лоша влада секогаш ќе дојдат корумирани луѓе на власт порано или подоцна финтата е да немаат никаква моќ за да не можат да наштетат генерално на популацијата.

2.Капитал

Како што викаш и сам треба лавината треба да почне од негде затоа мене не ми е гајле дали ќе дојдат да инвестираат странски компании или наши компании работни места се работни места.Притоа и да дојдат странски компании што ќе извезуваат негде тоа значи дека нашите вработени зимаат пари од странски девизи кој потоа можат да ги потрошат на Македонскиот пазар и со тоа да вработат уште повеќе луѓе а и некои од тие луѓе да соберат доволно капитал за да почнат свој бизнис.

Не е важно од каде е капиталот важно е да влезе.Најдобар начин е со претварање на банкраскиот сектор како тој во Швајцарија,Кајманските острови,Бахамите каде странци би си ги переле парите прљави од цел свет кај нас а ние од тоа би добиле ефтини кредити поради приливот на девизи.Плус генерално земјите каде богаташите ги чуваат парите никој не се осмелува да ги допре.

3.Улогата на државата во економијата

НИКАКВА АБСОЛУТНО НИКАКВА.Државата само создава трошоци и губитоци никогаш не направила нешто продуктивно.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
1.Ти го дадов примерот со железницата во Америка погоре истото ќе важи и за Македонија.Едноставно владата не и гајле и не зима во обѕир дали тоа што го гради е профитабилно или ќе предизвика раст ги интересираат две работи СОЦИЈАЛЕН МИР И СЛЕДНИ ИЗБОРИ.

За истите пари за автопат нов Скопје Гевгелија би можеле на 4 години да вработат неколку десетици илјади луѓе и решен проблем.

2.Капитал

Како што викаш и сам треба лавината треба да почне од негде затоа мене не ми е гајле дали ќе дојдат да инвестираат странски компании или наши компании работни места се работни места.Притоа и да дојдат странски компании што ќе извезуваат негде тоа значи дека нашите вработени зимаат пари од странски девизи кој потоа можат да ги потрошат на Македонскиот пазар и со тоа да вработат уште повеќе луѓе а и некои од тие луѓе да соберат доволно капитал за да почнат свој бизнис.

Не е важно од каде е капиталот важно е да влезе.Најдобар начин е со претварање на банкраскиот сектор како тој во Швајцарија каде странци би си ги переле парите прљави од цел свет кај нас а ние од тоа би добиле ефтини кредити поради приливот на пари.
Е да можи и вака:)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
НАМАЛувАњЕ НА СТАПКИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ
Со цел натамошно намалување на трошоците на фирмите и отворање на нови работни места, ВМРО-ДПМНЕ ќе про-
должи со намалување на стапките на придонесите:
Во 2012, вкупните стапки се намалуваат од 26,5% на 26,3% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување ќе изнесува 17,6%,
- здравственото осигурување 7,5% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,2%.
Во 2013, вкупните стапки се намалуваат од 26,3% на 26,0% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,5%,
- здравственото осигурување 7,4% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,1%.
Во 2014, вкупните стапки се намалуваат од 26% на 25,7% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,4%,
- здравственото осигурување 7,3% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,0%.
Во 2015, вкупните стапки се намалуваат од 25,7% на 25,4% од кои:
- пензиско и инвалидско осигурување 17,2%,
- здравствено осигурување 7,2% и
- осигурување во случај на невработеност 1,0%.

ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионерите.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со зголемување на пензиите!
Покрај редовниот пораст на пензиите преку индексација/усогласување со порастот на трошоците за живот,
ВМРО ДПНЕ за периодот 2012-2015 им ветува на пензионерите дополнително зголемување на пензиите од
вкупно 24,2% и тоа:
- 5% на 1.12.2012,
- 7,5% на 1.12.2013 и
- 10% на 1.12.2014 година.
На тој начин, вкупниот пораст на пензиите во периодот 2012-2015, врз основа на редовното зголемување и
дополнителното зголемување, ќе достигне околу 30%!
Почитувани пензионери, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Вас!
Нека е аирлија и да сте здрави и живи!

Нека е аирлија и да сме здрави и живи! :D
Дали ти е познато дека сите нови пензионери кој што ќе излезат во пензија од Септември ќе земат 30’% помала основица. Финансиите се сума на =0 за секој издаток ке мора да земеш од некаде.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Епа ај нека е аирлија :icon_mrgr:

Многу е контрадикторна оваа социјална политика со економијата, да незнае човек што да каже или да предложи. И нив им се мали пензиите не стасува, ранат сеуште цели фамилии. Од друга страна силен притисок врз нас младите...каша попара.
Едноставно е решението една генерација мора да го лапне или политичарите кои ги трошеле парите мора да го лапнат.

Да видиме дали ќе се опамети некога нашиот народ.
--- надополнето: 10 август 2012 во 15:47 ---
Е да можи и вака:)
Може и да се легализира производство и конзумација на дрога и за една година да имаме раст од 200% на БДП.

Али така владата нема да може да си прибира пари на страна од тој бизнис.А има многу пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom