Се шалам малце со членовите од Охрид. Дај боже да има премногу туристи. И Охриѓани треба леб да јадат. Иначе,
секоја година е ист муабетот.
Со оваа реченица доволно е да ја затвориш темава
Ама ај нека е интересно
Ова сега тебе те цитирам за повторувањето на муабетот со години, другово е општо.
Освен жалбите од дел туристи, од друга страна
интересен феномен е дека местата (кафетерии/плажи/хотели) со некое си име и познати како некаква си шема се редовно попосетени од некои ‘обични‘ места/плажи со многу поефтини цени.Стара болна особина на Македонецот ‘да е виден‘ на Х место И поради ова првиот тип објекти ќе ќарат редовно секоја година (дел и секоја година ќе одат со цените 10 денари плус за се, без разлика на релативно стабилната посета), а другите ќе работат уште послабо без разлика на поефтини цени, а дел дури и посредени плажи и ќе останат релативно непознати (и мене ми се случи летово таква ситуација да налетам на ефтина средена плажа со прифатливи, а сум ‘локален‘).Постојат и места со прифатливи цени, само на никој не му е до барање, секој би на готово.Поназад напишав дел кафетерии со 30/40 денари макијато, 60/70 пиво, па се бунеа зошто не било до езеро...епа...
А истите тие ‘газди‘ од првата ‘елитна‘ група објекти ќе плачат после дека немало луѓе па се и тие делумно криви за погрешна слика иако цело лето тешко се наоѓало и место кај нив.Логично, пошо никогаш не им е доволно и се ненормално алчни.
Зошто ако е толку послабо секоја година, пак ќе платат концесија на истата плажа (случајот
со последната концесија - најголем дел од бившите закупци се пријавија пак за плажите и ги добија на уште една тура)?
Од друга страна, персоналот никогаш не е без 10 работни саати, обично непријавен или на пола работно време, а плата 10-12 или макс. 15.000 (ова се веќе друга категорија газди).Па после ќе имаме случаи на крадење за секоја втора маса.Па тие деца не дошле од Прилеп, Кичево, Скопје, Кочани за мизерната дневница, туку да бидат 3 месеци ‘на одмор‘
Ако почнат со поголема плата ‘газдите‘, заебаните ситуации ќе се намалат доста (да не се лажиме, никогаш нема да прекинат)...или реновирање или да вложат во нови содржини во објектот...ама побитно е да купат бесна кола после (не)успешната сезона, па ќе кукаме после немало луѓе.