Со почетокот на новата сезона, повторно се активира и македонскиот фан-клуб на Ливерпул! Како и минатата, така и оваа сезона, фан-клубот ќе организира заедничко гледање на натпреварите на Ливерпул и ќе ги 'опреми' своите членови со навивачки реквизити. Членаринта за оваа сезона изнесува 500 денари, кои се уплаќаат на сметката на фан-клубот (со податоци како на сликата). Секој член со уплатената ч
ленарина добива членска картичка, маичка и привезок со логото на фан-клубот. Важно е да се напоменат две работи. Прво, маичките и привезоците ќе им бидат достапни исклучиво на членовите на фан-клубот и нема да бидат пуштени во комерцијална продажба, и второ, за сите оние кои минатата година членуваа во фан клубот, а ќе ја продолжат својата верност и годинава, следуваат специјални подароци. Уплатата на членарината се врши до 10 септември, а предавањето на маичките, картичките и привезоците ќе биде извршено 10ина дена после завршувањето на рокот за уплата. YNWA!