А бе се шалев со тоа, намерно пошто знаеме дека ниеден светски бенд не донесле на пивофест, па тоа го кажав како една мала провокација.
А еве ги во Прилеп, се залетале Брена да ја викаат, Жељко Јоксимович, па што е проблемот, ние не ли имаме некој бенд што свири квалитетна музика, што е со кичерајов и простоклуков од музика што се форсира?
Можеби и Јоксимович нема толку лоши песни, мислам дека нешто покултурни се неговите, ама што мора да увезуваме пеачи?
--- надополнето: 9 август 2012 во 01:01 ---
Од што се лакоми за пари, се прават јаки фирми а уствари не се свесни дека со таквото понашање ги губат посетителите на оваа манифестација. Се нервирам затоа што така мене ме навредуваат, што сум ја говедо, глупак што го купувам тоа пеносано пластично чашче по таква ненормална цена?
Барем нека ги остават цените како во продавниците што се, да не мора да шверцаме пиење од страна, да се глупираме. А на запад пример во Минхен на Октоберфест, сите цени на пиво и јадење се скоро дупло пониски, од секојдневните продажни цени. Ма ние сме 0 во организација во споредба со нив.
Па и со Србите во Гуча, немаме шанси. Е тоа е забава, и јадење и пиење на велико, а не овие нашиве зинале за пари а квалитет на производ и услуга катастрофа.