Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
да,ама не идат они по 50 км,па да имаат контакт со диво животно...зборам,ако го држи во град.
Да но има луѓе (ловџии) најчесто што живеат во град тоа ми беше поентата билдерче :)
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Imam 2 mesecno sibirski haski i mislam deka stanuva agresiven..lae na mene i rza cesto pati a da ne spomnam so ne grize celo vreme..dali moze nekoj da pomogne?
Внимавај како го воспитуваш, ке си имаш подоцна проблеми. Еден мој другар, така се зафркна му оставаше на малата хаска се да прави, не ја караше за ништо, не ја дресираше. Сега хаската е околу 7-8 месеци и она е алфата во фамилијата. Не си свесен какви проблеми си имаат. Како прво со вршење на нужда. Цел стан им мириса на штала. Потоа имаат големи проблеми со апењето и гризењето на мебел. Нозите и рацете им се цели со модрици од кучето. Што и да направат, рипа, ги напаѓа и агресивно се понаша со газдите. Храна не дај боже да види по масата, се ке преврти само да дојде до неа.
Најдобро ке биде уште додека е мало да почнеш со некој основни тренинзи. Има на интернет видеа и инструкции за дресура на кучиња . Ако неможеш сам, ако можеш да си дозволиш дресер за кучето би било најдобро. Така ке имаш прекрасна хаска со сите манири на добро понашање.
Разгледај на интернет, ке најдеш совети за агресивни кучиња.
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Nekoi Informacii za tie sto Sakat ili pak imat sibirski haski.
--- надополнето: 31 јули 2012 во 00:44 ---
Imam 2 mesecno sibirski haski i mislam deka stanuva agresiven..lae na mene i rza cesto pati a da ne spomnam so ne grize celo vreme..dali moze nekoj da pomogne?
Да не го фатило кравјо лудило? :pos: И мене нешто од досада мислам дека ме фати. :D
 
Член од
22 април 2009
Мислења
342
Поени од реакции
144
И јас имам хаски женка, исто кога беше мала грицкаше и гребеше, рацеве ми беа ко да сум бил во битка. Ама не се секирај тоа ќе помине со тек на време со тоа што мора на време да реагираш со карање и можеш и весник да користиш (не да ја тепаш, само допри ја - се плаши од шушкањето). Дур е мало стави до знаење кој е газда и после немаш гајле. Мојата сега е 2 години и е многу мирна, понекогаш дури и ми недостига беснеењето :)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Каде се наоѓа кинолошки сојуз ? Бидејќи греота е стафордот напуни година и 5-6 месеци ,а уште не ми е оценет.

Може ли некој нешто повеќе да ми објасни за ванредно оценување како и да се вика тоа ,цената ,општо...најверојатно не ни ти го погледнуваат кучето и фактички си ја купуваш оцената но...па ако имам плус пари може и некоја титула да си купам ,а ? :)

И ако е заинтересиран некој за парење на стафорд :) Погледнете слики во мојот албум.

Златен ретривер или германски овчар?
Еден човек ми нуди женка ретривер стара 4 месеци ама мене не ми се допаѓа карактерот на оваа раса. Додека вучјакот со претпазливост би го гледал секој непознат човек, ретриверот ќе сака да си игра со него.
Не беше вучјакот куче што може да го "подмитиш" со парче лебче?
Јас би избрал ретривер ,вучјак не би зел поради неговата миризба.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
да прашам дали има некој искуство во врска со проблемот алергија кај куче??? мојов месец дена се исфрла во различни периоди од денот, плус зарцвенува кај муката и белите шари... го носев на ветеринар 5 пати инекции му ставаат , го мачкам со маст за алергија, пак ништ.. -.-

некој нешто да не знае? на ветеринар ми викаат не може да се одреди на што е алергичен, други ми викаат може да е од топлото??
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Има некој шо дава кучиња на поклон?
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
57

Види кожните проблеми,се со доста комплицирана етиологија,прво треба да с е утврди дали се работи за алергија,затоа што секоја промена на кожата како црвенило,чешање,појава на красти и слично,не е патогномоничен знак за алергја,карактеристичен да но не и патогномоничен(специфичен).Многу други болести знаат да ги покажат горенаведените симптоми,а да не с е работи за проблем со кожата,затоа е битно да с е утврди дали с е работи за кожно заболување или за некое друго системско заболување.Ако се работи за кожно заболување тогаш треба да се утврди дали е од алергиска,паразитска,бактериска,габична или идиопатска природа.А сето ова може да се утврди со помош на хематолошки,микроскопски и алергиски тестови,секако додека с е дојде до точната дијагноза се бара време а и не с е евтини методи затоа што во текот на целата процедура додека се дојде до точната дијагноза ке с е прават повеке тестови,кои сопственикот финансиски мора сам да ги покрие,понекогаш се доволно едно до две испитувања а понекогаш и цела плеада на испитувања.А што с еоднесува до терапијата тоа е една досадна рутина која се повторува после успешно поставена дијагноза,и воопшто не кошта.Значи прво и основно нормално и најбитно е поставувањето на дијагнозата.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Златен ретривер или германски овчар?
Еден човек ми нуди женка ретривер стара 4 месеци ама мене не ми се допаѓа карактерот на оваа раса. Додека вучјакот со претпазливост би го гледал секој непознат човек, ретриверот ќе сака да си игра со него.
Ако си фамилјарен човек,земај ретривер,ти нема да имаш време да си со него цело време туку твоите деца,а тоа ќе биде со нив со претпазливост,додека вучјакот може да не биде толку трперлив и да зарие заби ...
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Види кожните проблеми,се со доста комплицирана етиологија,прво треба да с е утврди дали се работи за алергија,затоа што секоја промена на кожата како црвенило,чешање,појава на красти и слично,не е патогномоничен знак за алергја,карактеристичен да но не и патогномоничен(специфичен).Многу други болести знаат да ги покажат горенаведените симптоми,а да не с е работи за проблем со кожата,затоа е битно да с е утврди дали с е работи за кожно заболување или за некое друго системско заболување.Ако се работи за кожно заболување тогаш треба да се утврди дали е од алергиска,паразитска,бактериска,габична или идиопатска природа.А сето ова може да се утврди со помош на хематолошки,микроскопски и алергиски тестови,секако додека с е дојде до точната дијагноза се бара време а и не с е евтини методи затоа што во текот на целата процедура додека се дојде до точната дијагноза ке с е прават повеке тестови,кои сопственикот финансиски мора сам да ги покрие,понекогаш се доволно едно до две испитувања а понекогаш и цела плеада на испитувања.А што с еоднесува до терапијата тоа е една досадна рутина која се повторува после успешно поставена дијагноза,и воопшто не кошта.Значи прво и основно нормално и најбитно е поставувањето на дијагнозата.
има габи кај ушите, му земаа примерок и ми рекоа нешто као дека не се активни и само да го банјам со еден шампон, а во мегу време по пат на елиминација да пробам да откријам на што е алергичен, се исфрла на стомакот и "мишките", и од денес го ставив на диета само риба ке јаде , бидејки на тоа скоро невозможно било да е алергичен, па ке видиме за некој ден каква ке биде ситуацијава... иначе цел живот изглеа ке треба да се мачи со алергијва -.-
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Има некој шо дава кучиња на поклон?
Организациите за заштита и вдомување на животни постојано поклонуваат кученца.
На фејсбук секојдневно има нови преубави мешанчиња на кучиња. Провери таму(y)
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Организациите за заштита и вдомување на животни постојано поклонуваат кученца.
На фејсбук секојдневно има нови преубави мешанчиња на кучиња. Провери таму(y)
ај прати ми линк неможам да најдам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom