Да се одржува кај нас нема една медаља да земеме. Припремите се најбитни баш Енглезиве долго време ја чекаа и се припремаа за Олимпијадава исто како Кинезите кога збувнаа во Пекинг. Сепак за четири години и повеќе од кога се доделува домаќинство има време за подготовки и тоа е клучно кај големите нации и секако условите кои ги имаат. Само со публика не се освојуваат 22 злата а пред тоа пола од нив биле пијаници.
Далеку од тоа дека ако си домаќин под дифолт ти доаѓаат златата, но сепак ние сме 2 милиона а Кинезите милијарда и пол, па сеа ти види ја разликата. Колку е поголема веројатноста од милијарда и пол луѓе да направиш добри спортисти во скоро сите спортови, а колку од 2 милиона луѓе. Башка Кина е светска велесила, развиена земја, а Македонија земја во развој каде што ниту еден спорт не е развиен како што треба, ама баш ниту еден. Во фудбалот, кошарката и ракометот има по еден-два клуба што работат полупрофесионално, останатото е све аматерско. За другите спортови ко пливањето, тенисот, одбојката итн итн не праам муабет, забораени сме од Господ, а какви само таленти имаме, особено за пливање...