Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Работеше колку што знам али со друго име од моби-дик газдана го имат земено .. и вршит бесплатна достава беспари :)
не сум знаел, мислев дека раскрсти со Охрид,,и што викаш, бесплатна достава беСпари во Охрид?!?!:pos: зар и тоа го има, абе ова не е виц на денот, ова е виц на годината:pos:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
не сум знаел, мислев дека раскрсти со Охрид,,и што викаш, бесплатна достава беСпари во Охрид?!?!:pos: зар и тоа го има, абе ова не е виц на денот, ова е виц на годината:pos:
Виц не виц така беше сега нз дали е уште.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Белведере порцијата ја гледаш и плачеш. Абе не се срами тргни го помфритот од чинија, три компирчиња ставиле како порција ти го пресметува. Големината на месото за 180 денари е друга приказна, машко да е треба три порции да викне без проблем.
Јас разбирам дека секој сака да се збогати али толку бе осет да се нема немам видено.
Ресторанов ама тежок фејл испадна :pos: па и го прашуваме келнерот чисто информативно, „а лепчето потпечено ви е или леб обичен носите“? и овој не загледува ко духови и вика, „па тазе е лепчето, зашо да го потпечуваме?“ :pos:

Значи ако ви донесат леб потпечен некаде низ Охрид знајте недела дена е стар :Р
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ресторанов ама тежок фејл испадна :pos: па и го прашуваме келнерот чисто информативно, „а лепчето потпечено ви е или леб обичен носите“? и овој вика не загледува ко духови и вика, „па тазе е лепчето, зашо да го потпечуваме?“ :pos:

Значи ако ви донесат леб потпечен некаде низ Охрид знајте недела дена е стар :Р
Незнам дали јадевте во сендвичарата кај чинарот шо е, првата до трафиката шо е, лебчињата им беа сигурно две недели чувани за празников специјално. Стекот не се преџвакуваше како гума, помфритот лани им беше пржен сега само стоплен во фритеза :icon_mrgr:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
не сум знаел, мислев дека раскрсти со Охрид,,и што викаш, бесплатна достава беСпари во Охрид?!?!:pos: зар и тоа го има, абе ова не е виц на денот, ова е виц на годината:pos:
Можда се помешал со Чичо.Бесплатна достава, а ги пушташе по такси и таксито го плаќаше нарачателот :eek:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Телешка чорба јадев во Royal View ресторанот покрај пристаниште и ме бендиса, посебно лепчето што го носат со неа. И цената е океј за 100 ден, за останатото не ми се коментира, воглавно поминавме со бурек од Вегера и Делфина и вистинска лесковачка скара по плажите која не личи на ништо.
 

katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
Ги читам муабетиве за Белведере и не ми се верува што читам. Пред 3-4 години таму се идеше на јадење до посерување, буквално. Мерак беше бакшиш да им остаиш на охриѓаните таму :D
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Од искуство знам дека не само во Охрид туку секаде во светот рестораните што се во централните градски подрачја и на топ туристичките локации секогаш нудат шкарт за високи цени. Причината е едноставна како прво таму најчесто јадат туристи кои еднаш влегуват и никогаш повеќе па така нема потреба да се нуди некој квалитет а како второ тие ресторани плаќат и најголеми кирии. Ако сакате добра храна најдобро распрашајте се каде се хранат домашните и каде има ресторани со стални гости.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.189
Еее, како бе цените не ти беа скапи, сите се испожалија на ова :)
За храната си во право.Особено за ПП и ‘лесковачка соја‘ и слични за набрзина јадење :sneaky:, ама и други дел исфорсирани места се...
Мала корекција: ензеро никој не викат во Охрид :D



:cuc: Мирно и чисто без многу галама.Исто и воениот камп во Св. Наум.50 ден. паркинг и 50 ден. за 2 х Лежалки на плажа со специјално носен морски песок.Пиво 60, макијато 40-50, флаширана Пелистерка 30...


Ди Анголо;) Имаш и нешто надвор од пици и тестенини, сендвичи и по нешто пилешко и свинско.Едно од ретките места каде домашните вина се главно поскапи од странските :) Igorcemk


Во правец ОХ-Пештани-Св.Наум
1.Автобуска Станица 2.Отекс (или по ново Кам Маркет наспроти ДОН Маркет и Супер Тинекс:pos: ) 3.Тамаро Маркет/(по старо Тим Маркет) 4.Гимназија/(по старо Мини Маркет) 5.Охридати (пред кружниот тек) 6.пред СРЦ Билјанини Извори
Во обратен правец
6.СРЦ Билјанини 5.Охридати 4.Гимназија 7.Охридска Банка и нагоре 2.Отекс 1.Автобуска
Прегледај го приврзокот 47133

За ресторани и особено за скара, во Охрид и не е нешто добра скарата.Ама aко сакаш поефтина цена, блиску до центар и подобра услуга и добар паркинг, ресторан Европа.
Исто и Сончева Порта, не е во градската гужва, два спрата - првиот е уреден како стара македонска куќа,

а вториот во денешно издание.


Ако сакаш добар поглед и околина блиску до езеро, ама поскапи цени и посиромашна порција - Чун и Билјанини Извори.
Или тркни до Струга во ресторан Св. Никола, на кејот на Дрим
Или Пицерија Ангела до него (ќе ме распнат сограѓаниве дек ти кажвам струшки места :D).


Тазе вест:
Според информациите од најголемиот автопревозник, АД „Галеб“, вчера од Охрид заминале 28 редовни автобуси, сите полни, како и 14 вонредни автобуси кон Скопје. 42 возила!(За споредба, вкупно во Галеб се 65...па ништо чудно после секое лето ќе си земат по 2-3 + возила:) ).
Фала ти за многу корисните информации! :) Малку со мапана не можам да се снајдам, значи ја излагам кај Хотел Монтенегрин кај пазарон или можам исто така да излезам кај Охридска банка и на карта гледам дека 3ката ми е најблиска станица за автобусот од Галеб. Нели таа станица е до пазарот негде ако добро видов?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од искуство знам дека не само во Охрид туку секаде во светот рестораните што се во централните градски подрачја и на топ туристичките локации секогаш нудат шкарт за високи цени. Причината е едноставна како прво таму најчесто јадат туристи кои еднаш влегуват и никогаш повеќе па така нема потреба да се нуди некој квалитет а како второ тие ресторани плаќат и најголеми кирии. Ако сакате добра храна најдобро распрашајте се каде се хранат домашните и каде има ресторани со стални гости.
Немет. На времето имаше една кафана Лидо беше спикана позади Арена во една уличка. Имаше и една кафана како студенска менза се користеше кај стара автобуска 50 денари беше хамбургер, поминав на улицата гледам налепиле цени по 100ка плус :icon_mrgr: Има две кафанчиња кај факултетот отворени Орфеј и незнам другото како се вика, али кога нема често промет месото сигурно им е од лани, Охриѓани не фрлаат :)
Немаат како во другите градови спикани кафани со квалитет, тоа е што е се е на виделина :)
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Од искуство знам дека не само во Охрид туку секаде во светот рестораните што се во централните градски подрачја и на топ туристичките локации секогаш нудат шкарт за високи цени. Причината е едноставна како прво таму најчесто јадат туристи кои еднаш влегуват и никогаш повеќе па така нема потреба да се нуди некој квалитет а како второ тие ресторани плаќат и најголеми кирии. Ако сакате добра храна најдобро распрашајте се каде се хранат домашните и каде има ресторани со стални гости.
Грешка си другар,ај не за надвор ама еве во Скопје,ако си јадел во бившо Дал Метфу сега Пелистер,нема да збориш така.Ресторанот е на најдобрата можна локација у Скопје и можам да кажам дека храната е на завидно ниво како и услугата.Ке ја платиш малку поскапо ама вреди.
Не е битна локацијата,битно е газдата како ја води кафаната/ресторанот. Тој решава дали ке има добра храна,добри цени,услуга.и обратно,ако е лаком ке заврши како белведере.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Фала ти за многу корисните информации! :) Малку со мапана не можам да се снајдам, значи ја излагам кај Хотел Монтенегрин кај пазарон или можам исто така да излезам кај Охридска банка и на карта гледам дека 3ката ми е најблиска станица за автобусот од Галеб. Нели таа станица е до пазарот негде ако добро видов?
Oд Монтенегрин во правец накај Струга/Кичево имаш еден маркет Тамаро (или поранешен Тим Маркет, така е уште позната постојката),

постојката е спроти него, тешко да промашиш, редовно е со комбиња и автобуси за приградски линии.Значи спроти Тамаро, од таму одат за плажите, постојката од страната на маркетот е за селата кон Кичево + Струга (од двете страни е качувањето).Ова е местото
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Во Охрид јадев само во Два Бисера-Лагадин,Буре-Градиште(одлично потпечено сирење) и воглавно тестенини по бурекџилнициве. Во другите сендвичари имаш само гратис тровање. И после се чудат ориџиве зашто луѓето си носат храна од дома. Па да има од кај да се јаде и по нормални цени како и услуга,нема никој да мкне торби јадење од дома.
Избегавајте ги белведере,рибниот ресторан на самиот плоштад,суво пиперче,пинк пантер,дон вито и сите трафики и тезги кај што стаиле натпис ЛЕСКОВАЧКА скара.
овие или се прескапи,или храната нечини или двете заедно.
Ја мислам дека Штипјани и Гостиварци треба да ги подучат ориџиве како се води угостителски објект од аспект на услуга,цена и најбитно квалитет на храна. Мислам дека у Мк нема подобри од нив.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Eee, какви времиња беа кога имаше хот-дог од 60 цм за 60 денари :D
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Oд Монтенегрин во правец накај Струга/Кичево имаш еден маркет Тамаро (или поранешен Тим Маркет, така е уште позната постојката),

постојката е спроти него, тешко да промашиш, редовно е со комбиња и автобуси за приградски линии.Значи спроти Тамаро, од таму одат за плажите, постојката од страната на маркетот е за селата кон Кичево + Струга (од двете страни е качувањето).Ова е местото
Многу спремен ти бе друже со слики со описи со мапи,брао брао е овакви луѓе му требаат на Охрид. Ај ваљда новите генерации ке се свестат па ке го изменат традиционалниот охридски менталитет па ке се смени ситуацијата. Верувајте сите го сакаме тоа,особено ние Скопјанчиштата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom