Грчки план за инвазија на Македонија

O

Orion.

Гостин
И пред втора светска војна имало Обединети Нации наречени Лига на Народите била исто толку неуспешна како Обединетите нации али ОН се дефинитивно најнеуспешни.

ООН е комплетно бескорисен и нефункционален.Секоја разумна земја воопшто не би ни членувала.
Не се согласувам:)
Друштвото на народите беше понеуспешно од ООН

А да го нема?
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Неможе да има војна нема да дозволат Америте,не користат како експеримент држава и сме им од некоја корист,барем така мислам.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Како може да ми биде интересен муабет за војна?
Секогаш кога гледам,слушам вакви муабети ми се плаче и тоа многу не знам дури и како да ти опишам.
Зарем по толку милениуми сеуште сме гладни за војна,зарем не треба да учиме од грешките кои сме ги направиле во минатото и кога ќе сфати светот дека во војната нема победник-сите губат.
Благодарам
Има правење муабети за војна од аспект ајде да идеме во војна и кои се за деца вистински или "возрасни" и има муабети од типот подготви се за да не дојде до војна,

Макиавели рекол.

Да си невооружен не само што те прави беспомошен и будала туку и омразен.

Тие муабети од типот ајде сите да си живееме мирно и хармонично и да се сакаме се комплетно нереални.Човекот е алчно животно колку е добра таа особина толку и многу повеќе е лоша.Секогаш ќе има некој што го посакува да го земе тоа што ти го имаш најдобро е да си однапред подготвен и со тоа да спречиш и да дојде до судир одколку да си седиш мирно како овца и со тоа да ја предизвикаш гладта на секој волк во регионот.
--- надополнето: 7 август 2012 во 23:20 ---
Не се согласувам:)
Друштвото на народите беше понеуспешно од ООН

А да го нема?
Што ако го нема.Комплетно е бескорисно и така се се решава на билатерлна политика.

Ај кажи од какво значење е ОН за Македонија и како ни има помогнато ?

Плус денес во светот има неколку кратно повеќе војни одколку што имало за време на Лигата на народите. Денес буквално цел свет гори.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во текстов се говори за наводна Грчка инвазија, па узтоа и помош од Српската армија од север, и Бугарската од исток.

Научна фантастика. Така било тоа, му текнало на некој и ќе нападне и тоа со авиони.

Мене друго ме копка, зошто во текстот нема ништо за Албанската инвазија, па од 4 страни да сме сардисани.

Полека и неприметно во реалноста, ја губиме западна Македонија, а ние се замараме со сајнс фикшн инвазија од Грците, потпомогната од Срби и Бугари.

Чорба Македонче.
 
O

Orion.

Гостин
Што ако го нема.Комплетно е бескорисно и така се се решава на билатерлна политика.

Ај кажи од какво значење е ОН за Македонија и како ни има помогнато ?

Плус денес во светот има неколку кратно повеќе војни одколку што имало за време на Лигата на народите. Денес буквално цел свет гори.
Кој би ја спречил Грција да не нападне под пресумпција да не постои ООН?
Кој би ја спречил Србија, Бугарија?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Кој би ја спречил Грција да не нападне под пресумпција да не постои ООН?
Кој би ја спречил Србија, Бугарија?
Мислиш дека ОН ги спречува?

Не ме зафркавај.Тоа што ги спречува се поголемите земји.Ако Америка или Германија утре решат дека Грција треба нас да не нападне задутре ќе има војна.

Кај беше ОН кога Америка влезе во Виетнам,Авганистан,Гранада,Гватамела,Ирак,Бурма?
Кај беше ОН кога СССР убиваше демонстранти по Прага,Будимпешта и Полска?
Кај беше ОН кога во Рванда 300 000 народ беше убиен со мачети?
Кај беше ОН кога Франција ја користи Француската странска легија за да соборува влади по Западна Африка.
Кај беше ОН во Тимор ?
Кај беше ОН во Пакистан - Индија па во Пакистан-Талибанците?
Кај беше ОН кога Кина го нападна Виетнам?
Кај е ОН кога Турција напаѓа во Северен Ирак?
Кај е ОН кога Израел не им дава на Палестинците да оформат држава и им окупира територија?
Кај е ОН во Бахраин и Јемен ?

Можам да пишувам вака до сабајле без прекин.ОН ти е комплетно бескорисна организација.Ако не нападне Грција они ќе им пуштат прекорувачка писмо и ќе бараат да има примирје кое ќе го има после некоја недела кога ќе бидеме освоени.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Има правење муабети за војна од аспект ајде да идеме во војна и кои се за деца вистински или "возрасни" и има муабети од типот подготви се за да не дојде до војна,

Макиавели рекол.

Да си невооружен не само што те прави беспомошен и будала туку и омразен.

Тие муабети од типот ајде сите да си живееме мирно и хармонично и да се сакаме се комплетно нереални.Човекот е алчно животно колку е добра таа особина толку и многу повеќе е лоша.Секогаш ќе има некој што го посакува да го земе тоа што ти го имаш најдобро е да си однапред подготвен и со тоа да спречиш и да дојде до судир одколку да си седиш мирно како овца и со тоа да ја предизвикаш гладта на секој волк во регионот.
Друже се додека офци ќе има и офчари.
Не велам јас дека треба да сме неспремни ,но да бидеме реални 21-век сме ера на интернетот и не е возможно туку така некој да органзира војна.
Еве ќе те прашам зошто денес војните се се во Сирија,Ирак,Авганистан итн?
Бидејќи на САД им е возможно да го оправдаат тој свој потег ,а во тие земји нема кој да им се спротистави пред се политични бидејќи на воен план многу нормално ќе изгубат.

Конкретно за Македонија би рекол на Грците шансата им помина да бидеме искрени сите знаеме што значи да се биде членка на НАТО значи нема менување граници ,а ние сме земја обиколена со земји од НАТО и во сојуз со САД кој ако не им одговараше да постоиме ќе не снемаше уште 1991 година.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Со сегашната состојба на АРМ, Грција би можела за да заземе МКД за 1 ден.
Грција може само да и се фати на МКД ! Тука е дух са секиром да ја брани за разлика од вас таканаречени "македонски револуционери"!:cool:
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Грција може само да и се фати на МКД ! Тука е дух са секиром да ја брани за разлика од вас таканаречени "македонски револуционери"!:cool:
Загор е само параван зад кој се крие вистинскиот херој-Чико.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Друже се додека офци ќе има и офчари.
Не велам јас дека треба да сме неспремни ,но да бидеме реални 21-век сме ера на интернетот и не е возможно туку така некој да органзира војна.
Еве ќе те прашам зошто денес војните се се во Сирија,Ирак,Авганистан итн?
Бидејќи на САД им е возможно да го оправдаат тој свој потег ,а во тие земји нема кој да им се спротистави пред се политични бидејќи на воен план многу нормално ќе изгубат.

Конкретно за Македонија би рекол на Грците шансата им помина да бидеме искрени сите знаеме што значи да се биде членка на НАТО значи нема менување гранци ,а ние сме земја обиколена со земји од НАТО и во сојуз со САД кој ако не им одговараше да постоиме ќе не снемаше уште 1991 година.
Што има везе интернет .

Како прво интернетот е тешко цензуриран посебно кога 90% од сите сајтови и телевизии ти ги држат една шака луѓе.Се што ќе објави Associated press или Reuters само се реобјавува на сите телевизии.За 24 часа може да направат да изгледаме како крволочни животни и уште Грците симпатии да собираат за како се намачени со нас како соседи.

Али како што кажав погоре на другиот со ОН што дискутиравме големите сили тоа треба да ти дадат дозвола да го направиш.Патем Хрватска е членка на НАТО па мораше да даде неколку села и добар дел од морска контрола на Словенија за да влезе во ЕУ значи толку од гарант за граници.

Не живеј во соништа како НАТО гарантира безбедност а сите се просветлени сп интернет.

Лесно е да се правиш цивилизиран кога социјално е колку просечна плата а државата ти е татко бог и погребник али како што гледаме пари снемува кога ќе ги снема парите баш сакам да видам колку се тоа просветлени Западно Европјаните.

Пак ќе ги почнат истите стари војни и нас ќе не вовлечат со нив.
 
Не дека не си во право туку поентата ми е за да направат нешто поголемо за разлика од порано мора да биде оправдано или да биде прикриено од страна на медиумите ,а тоа е потешко во земји каде што секој може да биде новинар.

Поентата ми е војната со пушки е во минатото денес борбата е политичка бидејќи ако земеме да се мериме во сила со соседиве да бидеме искрени ќе изгубиме и тоа јако.

Да не те потсеќам дека при отцепувањето на Македонија од Југославија политиката е она што не спаси единствено нешто што е направено како што треба од еден македонски политичар.
Доколку дојдеше до војна замисли само какви ќе беа последиците за нас и дали воопшто ќе постоевме како нација.
 
Секогаш морало да биде оправдано не разбирам зошто мислиш дека тоа е некој нов концепт и дека ние сме нешто поцивилизирани од што сме биле пред 100 па можам да кажам и 200 години.Искрено тоа што го правиме денес пред 200 години би се сметало за варварско.

Информациите немаат никаков ефект ако населението е убедено дека се во право.

Еве ти чист пример.Секој ден во Американски весници се објавува како нивниот Претседател наредил атентати на граѓани во ТРЕТИ ЗЕМЈИ со кој не се во војна и на нив едноставно НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ дури и го одобруваат.

На границата со New Mexico,California и Texas во последните 5 години умреле скоро 60 000 луѓе ете тоа е одма до Америка зошто не се грижат ?Во Чикаго годишно има по 700-900 убиени според официјална статистика + додади си ненајдени трупови и види каков колеж е тоа а никој еднсотавно не му е гајле.

Оправдување ти треба само ако ти е потребна помош од некој да ја завршиш работата или тие што те избираат на власт им е гајле.

Војните пак од стилот на WW I , WW II ,30 годишната војна едноставно нема економски услови да се водат за сега.Чекај кога ќе пропадне комплетно економијата во ЕУ како ќе почнат да се вооружуваат до гуша и да бараат земји за ресурси или пак да тргнат внимание од ситуацијата дома.

Исто така една голема војна со 50 + милиони мртви би го решила во најголем дел проблемот со невработени.
 
А како ќе биде убедено без информации?
Да не се лажеме 21- век е доба на информациите и моќниците малце прекасно сфатија колку се информациите моќни.
Еве замисли каква ќе беше Македонија без интернетот?
Се што ќе знаевме ќе беше пропагандата на Шител,Анал 5 и останатите.

Мислиш Акта,Пипа и Сопа се случајност?
Цензурата на интернетот не е обид за профит на поединци туку обид за контрола.

Едноставно за таква војна како Светска 1 и 2 прв чекор е да се цензурира целиот интернет што е пак скоро невозможно.

Не знам каков став имаш ,но за мене нема ништо помоќно денес од информацијата.
Еве јас доколку би имал способност (немам) би можел цел Сад да го срушам без ниеден куршум.
Нешто во стилот на Die Hard 4(За ова дури е направена симулација и за неколку сати целиот источен брег на Сад е кабум,дури и самите агенти потврдиле дека е многу возможно такво сценарио сепак скоро се работи со компјутери)

Сад ги напаѓа земјите кои не можат да се одбранат ниту воено ниту политички.
Во европа поголемиот дел се во Нато и сигурно нема да се напаѓаат меѓу себе ,а напад врз Кина или Русија мало морген.
Ако најдеш човек кој има муда да почне нуклеарна војна да ми се јавиш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Грција може само да и се фати на МКД ! Тука е дух са секиром да ја брани за разлика од вас таканаречени "македонски револуционери"!:cool:
Загор е само параван зад кој се крие вистинскиот херој-Чико.
На Кајгана е параван зад кој се крие вистинскиот херој Ајман АлЗавахири.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.882
Поени од реакции
23.281
Да али на нашиве влади им се ежи кожа од самата помисла да дадат легализација на оружје.Тогаш нема да може да ги прават истите глупости.
На некој му се ежи кожата и при сама помисла за воен рок. И од што мака би ви дала оружје, што ке правите со него. Ке одите на лов, ке пукате по свадби или евентуално ке се курчите пред другите.
Ете што ти би правел со оружје на пример, па за да државата ти даде легално да поседуваш.
За што би ти користела автоматка пушка или митралез, зоља или друго некое пешадиско оружје. Баш ме интерсира?
Дечкото има уплав од војска ама сакал оружје.
Дечкото го нејкат во селото тој на попот ќерката ја бара.
Мислам најдобронамерно во друга тема те посоветував да не се мешаш во работи за кои очигледно благе везе немаш. Војната и војската не е камај пред зграда како деца што сме играле, многу посеризна работа е таа. Луѓе гинат на големо тогаш.
Ама ај да не зборам, ти се си знаеш, само уште оружје легално ти фали, само која будала би ти дала дозвола, ете тоа се прашувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom