Живи глупости 21-век и сеуште муабети за војни.
Е да, американциве најзатуцан народ се, глеј ги шо праат по блискиот исток, дивјаци.
Во право си дека не треба веке да мислиме на војна, но реалноста ја создаваат моќните, и само ако народот се побуни против центрите на моќ и ги совлада,може да промени нешто, ако се делиме, ништо не праиме, па ке се испоубиеме а некој ке си команда од некоја климатизирана просторија во удобна фотеља.
Зборот ми е, македонскиот и грчкиот народ да се освести (т.е сите народи во светот), и да се побуни против оние кои ја вжештуваат ситуацијата и со психата не спремаат за војна. А која е веројатноста македонецот и гркот да се обединат и да се побунат против власта, мислам, научна фантастика пишувам.
Ама ако ни е кога сме глупи, ајде правете муабет за војна слободно останете си затуцани, отварајте вакви приказни, и никогаш нема да промените ништо и ке си изгинеме како и сите што изгинале бесцелно и биле заборавени нивните гробови.
За што изгинаа тие во 2001? Кој ке плати дали ке плати и како може да се плати човечки живот?
И за што изгинале сите оние во прва, втора светска војна, за распадот на југославија и тн?
Мој братучед погина, беше во волците, со снајпер го погодија во глава и умре на лице место.
И што сега, неговата фамилија изгуби еден убав, паметен млад дечко, на кој му претстоеше убава иднина, а сега тој е неколку метри под земја. За кого и за што?
Освестете се, и да направиме да не дојде сериозна ситуација, ако се распукаме, после ништо не не спасува, јас ке си ја бранам фамилијата,со тоа што ке убивам друга фамилија, тој другиот спроти мене и тој ке си ја брани фамилијата, третиот и тој нешто ке брани и испаѓа сите се браниме а никој не нападнал па да се окриви дека ете тој ја започна работата. И онака сме многу националности скоро секој со секого се мрзи и се гледа на криво, фали уште еден мал конфликт и да отиде све у пи*ку патер.
И стварно се нервирам на вакви теми, ги постирате само колку да има читаност а не сваќате дека позадината е навистина сериозна.
На форум е лесно да се шљакне све и свашта ама кога ке треба да се докажете дека сте мажи е тогаш ке ве видам на дело.