Кога ќе го допреш дното

  • Креатор на темата Креатор на темата snegulka*
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам од каде да почнам ни како да завршам.Не знам ни дали е паметно што ја отворив темата..а искрено и не знам што да пишувам само знам дека ужасно ми треба да се искажам.
Што да прави човек кога ќе го допре дното?

Дали има сонце после дождот,дали има убаво после толку лоши работи?
Дали некој ќе ми го врати мене времето кое го поминав во болка?
Во исто време .сакам и мразам,во исто време се тргам но и не се откажувам,немам надеж а имам желба.Толку емоции во исто време.Збунета,задушена.
Сакам да ми одговори некој кој имал искуство во ова.

Еве ти одговара човек што има искуство на таа тема, И ТОА СВЕЖО, знам дека боли и дека не е лесно меѓутоа секој човек што ќе те повреди во животот а ти не си го заслужила тоа, секој што нема да те почитува и да ти врати со добро во иста мера ЕДНОСТАВНО НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА ЗАБОРАВИ ГО. БИДИ СИЛНА И СИЛАТА ЌЕ ТЕ НАЈДЕ. СОВЕТ - ВЕЖБАЈ СПОРТУВАЈ ЌЕ ТИ ПОМОГНЕ
 
Со првиот дечко заглавив 7 месеци во врска, плус време кога излегувавме и што се гледавме по раскинувањето. Многу го сакам и бев малечка и мислев дека се што се лета се јаде, ама не било така. Моите сништа дека ние ќе бидеме заедно и преголемата занесеност ме заслепи и не видов какво ѓубре бил. Лажго, неверник, насилник... Кога дознав дека ме изневерува, мислев дека цел свет ми се урна врз глава. Бев во шок и со месеци не можев да се опоравам. Плачев, слушав балади, ја загубив самодовербата, самопочитта и не можев да помислам на друго машко. Арно ама, вреемто лечи се. Оттгогаш имам направено програма за заздравување. Еве неколку точки за заздравување после раскинување на кое не планираме да се вратиме:
- кажи си себеси дека сакаш да преболиш
- не се јавувај, не му пишувај, ако не можеш да се воздржиш, смени го бројот или избриши го од фб...не му го следи профилот, не оди на места каде можеш да го сретнеш, не прашувај за него...
- не ги слушај песните кои те потсеѓаат на него...
- исплачи се и исповедај се на некого за чувствата
- прави многу активности, одржувај се зафатена за да немаш многу време да мислиш на тоа
- не излегувај со други додека не бидеш подготвена
- излези со пројателите, продолжи си го животот......
НИШТО ВО ЖИВОТОТ НЕ ТРАЕ ВЕЧНО, А ВО НЕГО ИМА МНОГУ ПРЕПРЕКИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОМИНАТ. Некогаш ќе бидеш горе, некогаш доле ( како во економијата - периоди на експанзија и рецесија ), но не смееш да се откажуваш. Само животот нема реприза.

Потполно се согласувам. Во животот треба да си спремен на се. Ако мислиш да успееш во било што треба да си силен и да имаш јасни цели за тебе и твојата иднина, инаку еквивалентно е дека не постоиш. Јас штотуку го допрев дното на тој начин што ме изневери вереницата со друг додека беше на службено патување 3 месеци. Имаше врска за која што ме лажеше дрско и безочно. Не се надевав дека тоа може да го очекувам од неа, меѓутоа и тоа дојде. Едноставно ја исфрлив од дома во две кеси за ѓубре и сега продолжувам понатаму. Не е лесно меѓутоа од друга страна човек треба да биде среќен ако му се случи таква работа и дознае, затоа што ќе знае со каков човек бил во врска. СЕПАК СЕКОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОМНИ ДЕКА ЧОВЕКОТ ПАЃА, И ГО ДОПИРА ДНОТО, НО ПАЃА САМО ЗА ДА СЕ ИЗДИГНЕ ПОВТОРНО. ТОА Е ГОЛЕМИНАТА НА ЧОВЕКОТ.
 
Nema covek sto ne go doprel dnoto-jas velam dobredojdovte vo klubot sega treba sila ajde naucete,pokazete kako........
verbata vo se ja gubis i potpolno se soglasuvam so Mitropolit sto veli deka treba si silen,a od kade taa sila doaga ............
 
Што кога ќе изгубам мотивација од истава причина, а работите мораат да се одвиваат пребрзо, за дното да не се претвори во постојка за поголемо дно... што да направам за да ми се зголеми мотивацијата?
 
Што кога ќе изгубам мотивација од истава причина, а работите мораат да се одвиваат пребрзо, за дното да не се претвори во постојка за поголемо дно... што да направам за да ми се зголеми мотивацијата?
Дај превод?
 
Дај превод?

а шо коа ќе изгубам мотивација од причината на насловот на темата, а те чекаат работи кои ќе ти преодредат неколку следни години, шо да напраам за да ми се накачи мотивацијата за и ова "дно" да не биде камче од мозаикот.
 
Мораш да најдеш утеха или занимација во нешто за да се „кренеш“. Мораш сам да се бодриш, едноставно тоа е твој живот со твои правила и само ти ќе си ги сносиш последиците, ти одлучуваш, твојот внатрешен глас е пресуден. Размисли во насока што бараш на тоа дно, кој те донесе, вреди ли? Насмеј се и продолжи, животот е толку краток и има толку ликови што те заслужуваат и ќе бидеш среќен. Љубовта неможе да те бутне на дно, може да те направи само поискусен и поснаодлив во односите. Дното е далеку, понатаму те чекаат илјадници потешки проблеми. Ако се демотивираш од љубов си завршил работа.
 
Не зборував за љубов, тешко ја препознавам и онака. Зборот ми беше на професионален план, разочарување од неуспех не постигнати замисли поради туѓа вина. Утехи имам доволно но и додека минувам време со нив не можам а да не размислувам за ова бидејќи само тоа е мојот продукт кој би ми донел успех и приход. Не сакам да дишам во туѓи вокабулари и бегам поради тоа од туѓи тези. Треба да гледам како искуство, но кога трудот не се вреднува ништо не олеснува.
 
Ова е љубов и секс, мислам дека има ваква тема во филозофија, ќе ти дадат совет :)
 
Секој го допира дното на различен начин... И јас еднач се испружив сред зима пред барака и сите машки внатре што беа се свртеа , го допрев дното да :D
Шала на страна, проблемот за кој пишуваш BrokenHeartedGirl спаѓа во групата на "бели грижи". Незнам на која возраст си, ама ми делуваш уште тинејџер. Ќе помине. Во животот има многу поболни допири на дното, поминуваат и тие, човек на се се навикнува. Тоа не прави посилни, не челичи. Don`t worry, и дај пиши шо се има десено...:)
 
Кога ќе го допреш дното значи дека имаш здрави бели дробови и добра плуќа. Честито.
 
Што е прашањето, поконкретно, и не толку филозофски, кажи што те занима, што ти е проблем , не прашувај толку општо....
 
Едноставо е,кога ќе го допреш дното потруди се брзо да испливаш на површина иначе ќе се удавиш ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom