А колку видови на психологија постојат?
Мислам гранки ли беа, нешто како што се дели психологијата, ако ме разбирате што прашувам.
Има некој одговор на ова?
Како беа , општа психологија, ете што сте ја спомнале клиничка, применета, детска психологија или нешто сум во заблуда? И ако постои таква поделба кога треба да се определиме, во која година?
Секоја година се определуваш за одредени изборни предмети од различни области, дали повеќе те интересираат педагошки или социолошки прдмети (на пример)
Јас се определував за социолошки предмети, па ако сакам да работам еден ден во школо ќе ртеба да дополагам педагошки предмети (како на пример методика)
За постдипломски имаш неколку области во кои не спаѓа клиничка психологија. Тоа е на медицински и го учиш на клиника. Последниот пат кога прашавме беше 7000 евра. Студенти примаат на секои 3-4 години.
--- надополнето: 3 август 2012 во 19:46 ---
Ме интересира дали Магде го има завршено факултетот и со какво звање се има здобиено?
Или годинава ќе дипломира?
Зошто гледам темава ја отворила пред 4ри години.
Го немам завршено а и не сум нешто блиску, ме кочат статистиките. Али ијам фора уште две години да го завршам, така што не брзам
Ќе се здобијам со звање дипломиран психолог како и сите оние што ќе дипломираат.
--- надополнето: 3 август 2012 во 19:52 ---
личност и советување е уствари психотерапија?
Личност е предмет кај што се здобиваш со знаења за личоста: одлики, области и составки, склоп на личност, динамика, функции, појави, особености....
Советување и клиничка 2 се испреплетени предмети на кои се изучуваат различните психолошки движења и психотерапии како што се гешталд, бихевиоризам, когнитивна, трансакциона, системска семејна итн.
--- надополнето: 3 август 2012 во 20:01 ---
Мислењево го репостирав зошто уште не добив одговор, се надевам овде ќе добијам.
Од учебна 2009 предметите се изменети, ги има на страната на фзф обично, сеа гледам ги нема ама ќе ги дознаеш кога ќе ви го дадат прирачникот.
Во секој семестар имаш неколку задолжителни предмети и неколку изборни.
Задолжителните предмети ги слушате сите студенти, а за изборните се делите во зависност од тоа што кој одбрал.
Секој предмет носи одреден број на кредити (мислам дека од учебна 2009 сите носат по 6 кредити) кои ги добиваш откако ќе го положиш предметот. За да можеш да запишеш нов семестар треба да имаш минимум 16 кредии (барем толку треба ние да имаме).
Зимскиот семестар трае од 15 септември до 15 јануари (со вклучени колоквиумски и испитни сесии) а летниот од 15 февруари до 15 јуни ((со вклучени колоквиумски и испитни сесии). Испитните сесии се во август/септември декември/јануар и Мај/јуни. Кај нас одобруваат и казнени сесии, тоа се два три дена кај што можеш да полагаш испити кои секогаш се поклопуваат па не си нешто во можност да полагаш повеќе од 3 испити.
Еден професор држи и по неколку предмети, ама тоа со тек на време ќе си видиш.
Не се секирај, сите сме биле збунети на почеток и појма сме немале кај сме, ама ќе научиш се со тек на време