Студирам психологија

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Нема клиничка на постдипломски?
Па и јас мислев дека има, барем ко што се сеќавам порано кога ги гледав насоките, мислам дека имаше... Ама еве сега нема. Не знам дали го укинале или воопшто не ни имало, ама прилично сум сигурна дека видов тогаш...
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Ме интересира дали Магде го има завршено факултетот и со какво звање се има здобиено?
Или годинава ќе дипломира?
Зошто гледам темава ја отворила пред 4ри години. :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ме интересира дали Магде го има завршено факултетот и со какво звање се има здобиено?
Или годинава ќе дипломира?
Зошто гледам темава ја отворила пред 4ри години. :)
Мислам дека е при крај, или дипломирала или кај и да е ќе дипломира :) Инаку ќе се здобие со звање 'Дипломиран психолог'.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
73
Поени од реакции
22
Немам што да додадам :ROFLMAO:



Има гранки, ама тоа за што ќе се определиш на факултет нема баш многу врска со нив. Има бихевиоризам, когнитивна, психоанализа и уште неколку други гранки, т.е. приоди ама тоа ќе го учиш во теорија. Додипломски студии единствено што имаш за бирање ти се изборни предмети, и изборните ако не се лажам можат да ти се од корист ако бираш само од една област, за на пример ако запишеш друг сроден факултет, да ти бидат признаени некои испити. А за на постдипломски не знам дали има врска. Инаку поконкретно со што ќе се занимаваш од психологија можеш да одбереш за постдипломски и ги имаш овие насоки:

– Општа психологија
– Развојна психологија
– Педагошка психологија
– Психологија на трудот
– Социјална психологија
– Личност и советување




личност и советување е уствари психотерапија?
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Мислењево го репостирав зошто уште не добив одговор, се надевам овде ќе добијам.
Мислењево е старо, ама мене ме интересира дали и во учебната 2012 ќе бидат истите предмети и кои и истите професори?
И значи се полага во 2 семестра, првиот од кога до кога трае?:unsure: и кои се предметите од вториот семестар?
И уште ова, ако може подетално малку да ми објасните тоа со колоквиумите и кредитите како оди, многу сум збунета, а од септември ќе одам на факс.
Фала однапред,
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
А колку видови на психологија постојат?
Мислам гранки ли беа, нешто како што се дели психологијата, ако ме разбирате што прашувам.
Има некој одговор на ова?
Како беа , општа психологија, ете што сте ја спомнале клиничка, применета, детска психологија или нешто сум во заблуда? И ако постои таква поделба кога треба да се определиме, во која година?
Секоја година се определуваш за одредени изборни предмети од различни области, дали повеќе те интересираат педагошки или социолошки прдмети (на пример)
Јас се определував за социолошки предмети, па ако сакам да работам еден ден во школо ќе ртеба да дополагам педагошки предмети (како на пример методика)
За постдипломски имаш неколку области во кои не спаѓа клиничка психологија. Тоа е на медицински и го учиш на клиника. Последниот пат кога прашавме беше 7000 евра. Студенти примаат на секои 3-4 години.
--- надополнето: 3 август 2012 во 19:46 ---
Ме интересира дали Магде го има завршено факултетот и со какво звање се има здобиено?
Или годинава ќе дипломира?
Зошто гледам темава ја отворила пред 4ри години. :)
Го немам завршено а и не сум нешто блиску, ме кочат статистиките. Али ијам фора уште две години да го завршам, така што не брзам :)
Ќе се здобијам со звање дипломиран психолог како и сите оние што ќе дипломираат.
--- надополнето: 3 август 2012 во 19:52 ---
личност и советување е уствари психотерапија?
Личност е предмет кај што се здобиваш со знаења за личоста: одлики, области и составки, склоп на личност, динамика, функции, појави, особености....
Советување и клиничка 2 се испреплетени предмети на кои се изучуваат различните психолошки движења и психотерапии како што се гешталд, бихевиоризам, когнитивна, трансакциона, системска семејна итн.
--- надополнето: 3 август 2012 во 20:01 ---
Мислењево го репостирав зошто уште не добив одговор, се надевам овде ќе добијам.
Од учебна 2009 предметите се изменети, ги има на страната на фзф обично, сеа гледам ги нема ама ќе ги дознаеш кога ќе ви го дадат прирачникот.
Во секој семестар имаш неколку задолжителни предмети и неколку изборни.
Задолжителните предмети ги слушате сите студенти, а за изборните се делите во зависност од тоа што кој одбрал.
Секој предмет носи одреден број на кредити (мислам дека од учебна 2009 сите носат по 6 кредити) кои ги добиваш откако ќе го положиш предметот. За да можеш да запишеш нов семестар треба да имаш минимум 16 кредии (барем толку треба ние да имаме).
Зимскиот семестар трае од 15 септември до 15 јануари (со вклучени колоквиумски и испитни сесии) а летниот од 15 февруари до 15 јуни ((со вклучени колоквиумски и испитни сесии). Испитните сесии се во август/септември декември/јануар и Мај/јуни. Кај нас одобруваат и казнени сесии, тоа се два три дена кај што можеш да полагаш испити кои секогаш се поклопуваат па не си нешто во можност да полагаш повеќе од 3 испити.
Еден професор држи и по неколку предмети, ама тоа со тек на време ќе си видиш.
Не се секирај, сите сме биле збунети на почеток и појма сме немале кај сме, ама ќе научиш се со тек на време :)
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Вака јас да поставам лаичко прашање. Кога ќе дипломирате, можете да си отворите психолошка ординација? Како стојат работите... и да, прочитав дека има повеќе видови терапии, како се одлучува кој вид терапија ќе ја практикуваш?
 
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
Идни колеги ( па 99,9 % ) од септеври ќе си бидиме колеги.
Ќе одам на психологија. И не знам зошто но ми е премногу страв, онака искрено пишувам.
И уште нешто сакам да напишам.
Дали во прв уписен рок одма се потполнуваа бројката ?!
пример годинава колку што прочитав на интернет огласот ќе примаат 100 ученици.
Дали е толку гоооооооооооооолема заинтересираноста кај луѓето па од прв уписен рок да биди се потполенто.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Идни колеги ( па 99,9 % ) од септеври ќе си бидиме колеги.
Ќе одам на психологија. И не знам зошто но ми е премногу страв, онака искрено пишувам.
И уште нешто сакам да напишам.
Дали во прв уписен рок одма се потполнуваа бројката ?!
пример годинава колку што прочитав на интернет огласот ќе примаат 100 ученици.
Дали е толку гоооооооооооооолема заинтересираноста кај луѓето па од прв уписен рок да биди се потполенто.
На психологија нема втор уписен рок, само еден е, се пополнува квотата и има уште толку што се одбиени.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
73
Поени од реакции
22
а отприлика со колкав најнизок просек примаат?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
а отприлика со колкав најнизок просек примаат?
Па ја коа се упишував ако не се лажам 87-88 поени имаа тие најдоле на листата... Или повеќе. Знам дека доста високи поени имаа сите што ги примија. Над 91 за во државна. Така се погоди барем, во моја генерација. Ама чисто сомневам дека нешто е сменето...
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
А знае некој да ми каже таа некоја Сунчица по кој предмет предава?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
А знае некој да ми каже таа некоја Сунчица по кој предмет предава?
Во втор семестар имаш изборен предмет Социјална заштита, предава проф. Сунчица Димитријоска. Не можам да се сетам на друга Сунчица, од нашата катедра нема таква професорка да предава задолжителен предмет...
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Добро, а предметов е интересен? Имаше заинтересираност за него или?
Зошто имам слушнато од несигурни извори дека од годинава во прв семестар ќе предавала.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
:confused:Koи други предмети се во прв семестар на психологија ?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom