Фала

Од изборниве предмети...- филозофија ,социологија,педагогија физиологија, генетика...од овие неколку кој ни посочувате да го одбериме, нормално и поинтересен да е
Јас имав одбрано социологија педагогија и физиологија. Социологија е заебан професорот малце, никој не доби повеќе од 8ца, а материјалот е лесен. И предавањата досадни, и не дава поени за присуство, иако по правило мора да даде. Педагогија беше океј, професорката не ја ни запознавме, цело време имавме предавања со асистентката и она е многу фина, имаше високи оценки таму, и предметот не е многу досаден. Тие што беа на филозофија викаа дека им е супер, повеќето имаа 10ки, кај таа професорка постои можност поради високи поени од активност да бидете ослободени од втор колоквиум. Ама за жал мислам дека професорката е отидена во пензија. Не сум сигурна, ама така иам слушнато. Физиологија и генетика, физиологија го предава проф. д-р Ицко Ѓоргоски, НАЈЗАКОН професор на сите времиња

Иако е предметот тежок, професорот ненормално добро објаснува, многу е фин и фер и све, неам еден негативен збор за него

Генетика неам појма мислам дека многу малце колеги отидоа на тоа и неам ништо слушнато како било. Инаку физиологија има и друг професор (истиот предава и генетика) проф. д-р Владимир Трајковски (мислам дека беше, ако не се лажам) и не знам ништо посебно за него, освен што кога ни се претстави ми остави впечаток како да е строг, ама тоа е мој впечаток, неам појма како е.
Ааа ја подобриле страницава, имало некои измени.
Ми се свиѓа.
А кои се асистенти, тие имаат право да не оценуваат?
Асистентите и демонстраторите не бе, они зависи кај кој професор, негде помагаат за вежби, негде они ги држат вежбите, негде они држат и предавања и вежби... Имаат удел у давање поени, ако држат вежби на пример може они да дадат поени за активност, али не ја носат оценката.