Колку често и за што најчесто се карате со партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Па не нешто многу често, онака повремено, и секогаш, ама баш СЕКОГАШ за најбанални глупости. :)

И секогаш он е крив. :pipi:
 
сега дека сум у почеток на врска немаме многу караници, а да помине уште малку време, ке се караме највероватно...
 
Секогаш гледам да избегнам караници, затоа и често преќутувам кога нешто не ми е по мерак или ако ми пречи, затоа што ми е непријатно да се карам. Порано па мислев дека ако се скарам или ако подигнам тон, ќе ми раскине, па затоа и ќутев и никогаш, ама баш никогаш не приговарав. Плус срам ми беше да се карам. Како и да е, гледам да има што помалку караници, иако нормално тие се неизбежен дел од врската. Ако нема никогаш караници, тогаш значи дека едниот ќути и држи се во себе, затоа што не е воможно во се да се слагаат партнерите и се да им биде како што треба. Ако никогаш не се караат, значи нешто не е како што треба.
 
Abe vidi iam bash sea takva vrska sekoj den skoro se karame nekad za bezveze ama nekad za stvarno bitni stvari pa zaedno sme. Ako se karate znaci deka ke vidite sho ne treba da praite i nema toa da go praite i vrskata vi e postabilna
 
па...обично сеа за сеа...се караме за ситници...
сеуште ми нема замерено за моите шмекања настрана :)...таа разбира...и тоа нејзино разбирање ми е доволно...
 
Сериозна расправија до сега ни еднаш.
Некои банални и ситни негодувања и толку.
Мразам расправии.
 
Одевме 1 година и раскинавме без да се скараме. Сега сме пак заедно, денес правиме 4 месеци и до сега се немаме скарано... :pipi:
 
Не се расправам, обично сум ги откачувал сместа, не ми било интересно, ама сега пак времињата се менуваат, мислам дека некогаш и ми е интересно да ја изнервирам па после тоа да се смириме.:pipi:
 
Без кавги не се може :) тие се тука за малку да не раздрмат и освежат.
Најчесто се караме за ситници.Порано кога се каравме се лутевме и инатевме кој прв ќе се јави, кој прв ќе попушти абе мали деца:) Во последно време и кога се караме пак не се караме.
Не се лутиме со часови или не водиме инат.
Повеќе разговараме за некои работи кои ни пречат и кои не сакаме да се повторат.
Од време на време и ќе се подналутиме,и сето тоа секогаш се завршува во најдобар ред.:back:
 
па најчесто избегавам кавги но некогаш па не може да се издржи, не се караме за нешто сериозно,едноставно не промислено „си подвикнуваме“ за нешто, но сепак на крајот се завршува со насмевка.
 
Ниту еднаш се немам карано со сегашниот партнер :toe:
10 Месечна врска без ниедна караница , можеби звучи чудно ама така е ..
Иако некој викаат дека не е врска ако нема карање , сепак , незнаат како е кога си премногу вљубен и секогаш можеш да вршиш компромис :back:
 
Сериозните кавги не се многу чести ама ни се случува да се искараме за глупости некогаш и по пола сат поминвит то ко никогаш да не се десило.Не сакам да се карам со партнерот и гледам секогаш да ги избегнам тие ситуации:pipi:
 
Имам женска и одиме 3 и пол години. Секој ден се караме само за глупости. Многу ми е љубоморна, ама сепак 3 и пол години е многу за да постои уште толку голема љубомора. Знам дека грешам и јас, но тие мои грешки се направени заради неа, заради инатот и бранењето некои работи. Сака да ме контролира, да правам како што таа сака, но не секогаш и успева зошто некои работи не треба да бидат така, ама пак некои работи ги правам како што ке рече, се заради да не се караме, ама сето е за ѓабе. И секој ден си велам готово е, крај веке, но неможам да ставам крај, исто така и таа. Некогаш ке се смени после голема караница кога ќе види дека е таа кривата, ке попушти и се е океј 1-2 дена и после старата песна. Не знам што да правам, но ако и се скарувам сакам да и докажам дека не сме се скарале заради мене туку заради неа, заради нејзината љубомора, а таа мисли дека јас сум кривиот за се. Нема ден а да не сме скарани за нешто, не паметам. Главна тема за карањето е заради мене таа така мисли, зошто сум гледал по други жени, а јас не гледам, туку сум завртен на таа страна кај што има други женски и таа мисли така. Не велам дека не гледам по други жени, ама не до толку колку што таа ми зборува, секој ден за тоа. Ама пак и тоа е голема глупост за мене што ако ја гледаш некоја, нема да заминеш со неа одма или да имаш секс. И не знам што друго да кажам. Инаку се сакаме и двајцата.

Некој совет ако може од некој што искусил нешто вакво... :salut:
 
Не сум се карал јас никогаш нема ни да се карам. Кога гледам дека може да дојде до кавга гледам да ја смирам ситуацијата или пак ќе речам дека сум зафатен неколку дена нема да се видиме за да се смират тензиите или доколку дојде до кавга кога сме излезени тогаш ќутам, доколку јас почнам да зборувам и таа ќе се зголеми тензијата на нервоза и секој ќе сака да докаже дека е во право, човек кога е нервозен носи секогаш погрешни одлуки и секогаш не гледа исто на работите. Го избегавам тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom