Легална борба против ЕВН и Топлификација

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум против протести туку со моќтта на љубовта да се влијае врз севкупните опшествени појави, диктирани од малкумина а почитувани од многумина.
 
Не знам за каква тужба зборуваш, планираме поднесување на граѓанска иницијатива, за која се потребни 100 потписи.

А чекај има две движења кои организираат разноразни активности против одлукиве?
 
Во Грција три години се протестира ништо немаат постигнато, си тера агендата по планот.
--- надополнето: 6 август 2012 во 20:19 ---
 
Ја прегледувам темава, гледам дека од вчера нема никаков одговор. Ви се потребни правниците кои ги баравте или не?
 
Ја прегледувам темава, гледам дека од вчера нема никаков одговор. Ви се потребни правниците кои ги баравте или не?
А зошто поставуваш прашања? Неможеш ти лично да ја поведиш борбата и да ни кажеш овде се точките по кои можеме да удриме? Ние појма немаме ни од закони ни од заштита на потрошувачи.
 
паричкава има уште една страна.....слушајќи ги пензионерите (и не само нив) се изведува следниот заклучок

"струјата поскапе 10% и ја укинаа дневната ефтина струја, a парното само 3%.....греењето на струја ќе биде многу скапо....не го исклучуваме парното"

во тек е донесување закон за задолжително порно (повеќе секс од тоа да плаќаш а да не добиваш услуга.....тешко)....укинувањето на дневната ефтина тарифа мислам дека е повеќе во интерес на топлификација отколку реален проблем на ЕВН и потреба за увоз на струја
 
А зошто поставуваш прашања? Неможеш ти лично да ја поведиш борбата и да ни кажеш овде се точките по кои можеме да удриме? Ние појма немаме ни од закони ни од заштита на потрошувачи.

На почеток од темава се зборуваше за граѓански иницијативи, тужби, судови. Баравте групно да се поднесе граѓанска иницијатива и заедно да направиме нешто во врска со проблемот.

Се пишуваа страници, празни зборови, а кога побарав од вас да ми го објасните начинот за спроведување на легална борба 17 часа настапи молк.
Кога барате групно да се направи нешто, подносителот на темата нека пише како го замислил тоа, па потоа групата од правници која ја баравте да пронајде легален начин и да ја спроведе идејата на дело.

Значи организирајте се со идеи, изложете ги, потоа правниците ќе пронајдат начин и можност истите да ги спроведат.
 
А чекај има две движења кои организираат разноразни активности против одлукиве?

Кои две движења? Јас кога ја ставив темава на Кајгана, немаше никакво движење. Не ме интересираат движења организирани од невладини или некакви партиски полтрончиња. Иницијативата овде е чисто ГРАЃАНСКА;)
--- надополнето: 7 август 2012 во 19:11 ---
Се пишуваа страници, празни зборови, а кога побарав од вас да ми го објасните начинот за спроведување на легална борба 17 часа настапи молк.

Значи организирајте се со идеи, изложете ги, потоа правниците ќе пронајдат начин и можност истите да ги спроведат.

Извини, ти правник си? Јас јасно упатив апел ако има некој правник кој сака да се вклучи, да ми пише на ПП.
 
Кои две движења? Јас кога ја ставив темава на Кајгана, немаше никакво движење. Не ме интересираат движења организирани од невладини или некакви партиски полтрончиња. Иницијативата овде е чисто ГРАЃАНСКА;).

A од кај знаеш дека другата иницијатива не е граѓанска или се бавиш со неосновани претпоставки?
Многу дезорганизирано и несериозно ми изгледа некако целава работа.
 
Прво кажи за кои други две движења/иницијативи зборуваш, па ќе ти кажам дали претпоставките ми се основани или не.

И уште еднаш ќе повторам, темава беше ставена ПРЕД да се огласат било какви други квазиневладини организации по медиумите и слично (да, тука го подразбирам Zeitgeist).
 
Какво е оваа реакција на ОПМ?

ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ ПОРАДИ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

НАПИШАНО ОД МИШЕЛ НАУМОСКИ НА 07 АВГУСТ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување. Ги запрашавме од што се чувствуваат попогодени, дали од поскапувањето или од укинувањето на ефтината струја.

evn%20kec.jpg
„Се, се не погоди. Не тоа што ја скинаа ефтината, и тоа два пати што ја покачија, што не не погоди. Еве сега ги броев париве. Не стигнува ни за сув леб. Како да не не погоди? Ние сме прост народ, молчиме. Да сме малку попаметни. Креваат глава соседите? Креваат. И веднаш стоп! А што прават со нас? Ништо, ништо не прават. Срамота е ова!“

„Па и едното и другото. Како обичен граѓанин и едното и другото ме засега затоа што сум невработен. Ме засега и поскапувањето и она што беше укинато ефтина/скапа струја.“

„Тоа што ја поскапеа секогаш граѓанинот го погодува, на оваа сиромаштија воглавно е тоа. За поефтинувањето не знам како тие го имаат регулирано тоа ама секое поскапување граѓанинот го погодува, и најважно е тоа-да нема поскапување затоа што навистина е неиздржливо.“-рекоа дел од охриѓани.

vangel%20opm.jpg
По најновите поскапувања, не мирува ниту Организацијата на потрошувачи на Македонија. Тие сметаат дека ова поскапување ќе доведе до енергетска сиромаштија на граѓаните и намалување на стандардот. Добиле повеќе преставки од граѓаните по ова прашање, па и самите презеле мерки.

„Упативме барање со предлог-мислење до Народниот правобранител и ќе се реагира да се измени Законот за енергетика. Да има понезависно одлучување оваа регулаторна комисија, да бидат пообјективни, пореални нивните ставови, да се запазат и мислењата на граѓаните. Има социјални групи на граѓани каде што ова поскапување ќе се одрази многу лошо.-рече претседателот на Организацијата на потрошувачи од Охрид, Вангел Спироски.

Спироски додава дека покрај ова барање тие сметаат и дека Владата треба да преземе мерки за ублажување на последиците од зголемувањето на цената на струјата. И ако некогаш Македонија важеше за држава која плаќа најефтина струја во Европа и на Балканот, сега и тоа веќе не држи вода.
 
Извини, ти правник си? Јас јасно упатив апел ако има некој правник кој сака да се вклучи, да ми пише на ПП.
Да, ама вие оставате лош углед со тоа што не пишувате 17 саати. Ајде пиши.
 
Се надевам дека на повеќето МАКЕДОНЦИ им е дојдено преку такво од секојдневни поскапувања и дека барем еднаш ќе ја стаите ДРЖАВАТА, НЕЈЗИНИТЕ ИНТЕРЕСИ И НАРОД пред некоја си ебана политичка партија па ќе го кренете својот г'з од пред монитор/кревет и ќе излезете на протест во вторник 14.08.2012 год. во 18 часот.

ПРОТЕСТОТ ќе се оддржи на 14.08.2012 (вторник) во 18:00 пред РЕГУЛАТОРНА комисија за енергетика, спроти ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА
На 13.08.2012 ќе се оддржи ПРЕС за медиумите со цел да ги известиме луѓето за протестот. Договорено е протести да има секоја недела односно секој вторник.

Сите оние кои се заинтересирани да помогнат преку членување во една од работните групи, нека дојдат во 19:00ч позади Мајка Тереза.
http://www.facebook.com/events/397646086963888/

Дојди и покажи дека имаш мадиња, затоа шо глаучите не плаќаат ништо, а ако ќутиш на секое поскапување утре ќе трпиш за леб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom