Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

H

-HRO

Гостин
Очајно ми треба вашиот совет. Имам двегодишна врска. Го сакам , ме сака, многу ми е убаво со него, но има само еден проблем. Фејсбук ми ја уништува врската. Пред да почнете да ме осудувате, да ви ја раскажам целата приказна. Бевме заедно 3-4 месеци кога за првпат дечко ми ме седна на компјутер и ми рече да го отворам фб. Бидејки немав што да кријам, го сторив тоа. Кога дојде неговиот ред, да го стори истото, имав што да видам. Мислејки дека ги избришал - тој само ги архивирал - безброј пораки пишувани на различни девојки. Девојките беа непознати, а ги имаше во главно од оние разголените, провокативните, имаше и стари и млади, и мажени со деца, а пораките - флертувачки, и со комплименти. Станав од компјутер и си тргнав да си одам. Ме стигна, ме молеше, ме преколнуваше, немало веќе така да прави, тоа за него било само забава. Му простив, а уште од истиот момент станав болно љубоморна. Врската ни функционираше одлично, ама во глава сеуште го носев сомнежот дека го прави истото. После некое време му побарав јас пред мене да отвори фб - несакаше. Беше повеќе од јасно дека таму имаше работи што јас не требаше да ги видам. Пак се скаравме, и пак се простивме. Еден период имав и негова лозинка, и тој имаше моја. И како во добро познатата „ако нешто се случило двапати ќе има и трет пат“, тоа се повтори уште неколку пати. Ќе прочитав некој разговор што заборавил да го избрише, ќе додадеше некои што не ги знае... Кавгите беа неизбежни. Еден ден си ја смени лозинката и рече дека подобро било да ја немам. Немало да се караме, а тоа за него било минато немало да прави така и сл. Јас се согласив ама тој незнаејки дека јас имав активирано на мобилен да ми стасуваат пораки од неговиот фејсбук - продолжи со тоа. Прочитав порака од некоја девојка, и добив известувања за неколку боцкања. Не можев да издржам и му кажав дека знам се. Пак кавга, му раскинувам, ама не можам да издржам и се враќав назад. Еве две години како одиме, а приказната е иста.
Барам совет за тоа што да направам. Дали да сум уште со него? (веќе два дена како му раскинав, не кревам на телефон ни ништо). Инаку врската без фејсбук ни е прекрасна. Можам и раката во оган да ја ставам дека ме сака. Ама зошто прави такви работи. Пораките што сум ги прочитала во ниеден момент не наговестуваат дека тој имал нешто со тие девојки. Тие се некои непознати, ама ете тој им пишува. Им симнува ѕвезди. Се боцка со разголени типки. Јас тоа веќе не можам да го издржам, ама и не сакам да го загубам. Сакам совет како да го вразумам да не го прави тоа?
Мое мислење е дека ти мислиш дека врската без фејсбук ви е прекрасна.
Морам најпрво да кажам дека Фејсбук неможе да ти ја уништи врската. Може да ти ја уништи карактерот на твојот дечко/девојка и довербата која ја имате меѓусебно.
И покрај твоите молења и 500 ствари да престане да го прави тоа, тој продолжува да контактира и да флертува со женски на фејсбук.
Ништо неможе да те осигура дека тоа не го прави и во вистинскиот живот.
Ако вистински те сака, ќе престане да ги прави тие работи што те прават да се осеќаш вознемирено.
Имав другар што беше цвеќе со девојка му...а надвор? Надвор одеше со 596859685 девојки без нејзино знаење и флертуваше насекаде.
Не го зборувам ова за да те заплашам или слично. Само ти зборам искрено и ти давам конкретен пример за да можам вистински да ти помогнам.
Сепак твоја е на крај одлуката што ќе правиш. Да бев јас, на толку кавги и зборувања, со мојот карактер-ќе раскинев.
Доколку неговите манијачења и флертови сеуште те иритираат, ти најубаво знаеш дали си подготвена да ги трпиш во иднина и да следуваат караници, или пак ќе ставиш точка на тоа и ќе си најдеш некој што вистински те заслужува.
Ако многу те повредува неговото континуирано однесување, мој најпријателски совет е да ставиш точка. :)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Очајно ми треба вашиот совет. Имам двегодишна врска. Го сакам , ме сака, многу ми е убаво со него, но има само еден проблем. Фејсбук ми ја уништува врската. Пред да почнете да ме осудувате, да ви ја раскажам целата приказна. Бевме заедно 3-4 месеци кога за првпат дечко ми ме седна на компјутер и ми рече да го отворам фб. Бидејки немав што да кријам, го сторив тоа. Кога дојде неговиот ред, да го стори истото, имав што да видам. Мислејки дека ги избришал - тој само ги архивирал - безброј пораки пишувани на различни девојки. Девојките беа непознати, а ги имаше во главно од оние разголените, провокативните, имаше и стари и млади, и мажени со деца, а пораките - флертувачки, и со комплименти. Станав од компјутер и си тргнав да си одам. Ме стигна, ме молеше, ме преколнуваше, немало веќе така да прави, тоа за него било само забава. Му простив, а уште од истиот момент станав болно љубоморна. Врската ни функционираше одлично, ама во глава сеуште го носев сомнежот дека го прави истото. После некое време му побарав јас пред мене да отвори фб - несакаше. Беше повеќе од јасно дека таму имаше работи што јас не требаше да ги видам. Пак се скаравме, и пак се простивме. Еден период имав и негова лозинка, и тој имаше моја. И како во добро познатата „ако нешто се случило двапати ќе има и трет пат“, тоа се повтори уште неколку пати. Ќе прочитав некој разговор што заборавил да го избрише, ќе додадеше некои што не ги знае... Кавгите беа неизбежни. Еден ден си ја смени лозинката и рече дека подобро било да ја немам. Немало да се караме, а тоа за него било минато немало да прави така и сл. Јас се согласив ама тој незнаејки дека јас имав активирано на мобилен да ми стасуваат пораки од неговиот фејсбук - продолжи со тоа. Прочитав порака од некоја девојка, и добив известувања за неколку боцкања. Не можев да издржам и му кажав дека знам се. Пак кавга, му раскинувам, ама не можам да издржам и се враќав назад. Еве две години како одиме, а приказната е иста.
Барам совет за тоа што да направам. Дали да сум уште со него? (веќе два дена како му раскинав, не кревам на телефон ни ништо). Инаку врската без фејсбук ни е прекрасна. Можам и раката во оган да ја ставам дека ме сака. Ама зошто прави такви работи. Пораките што сум ги прочитала во ниеден момент не наговестуваат дека тој имал нешто со тие девојки. Тие се некои непознати, ама ете тој им пишува. Им симнува ѕвезди. Се боцка со разголени типки. Јас тоа веќе не можам да го издржам, ама и не сакам да го загубам. Сакам совет како да го вразумам да не го прави тоа?
Вразумевање?.... Машката природа неможиш да ја промениш!
Или помири се, или раскините! Јас би другото! А верувам и секој разумен човек, би истото!
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612

Врската без Фејсбук ви е супер... А со Фејсбук не ви чини... Зошто сè уште го консултираш Фејсбук?

Затоа што тој ти го покажал? Па супер, тоа е негова забава, таму им пишува секакви умилкувања на разни девојки. Зошто тоа тебе те интересира, ако го сакаш? Зошто, ако тоа придонесува вашата врска да е убава, да ти претставува тебе проблем? Исто така, зошто неговата забава мора да биде и твоја? Зарем немаш твој сопствен начин на поминување на времето?

Додека е со тебе, врската ви е супер. Кога е на ФБ, тој си се забавува со кого стаса и си ги вентилира фрустрациите или што и да е, за кога следниот пат ќе бидете заедно пак да ви биде супер. Зошто имаш против тоа?

Според мене, решението е да си најдеш твое сопствено хоби или начин да си го поминуваш времето без него. Запиши се на курс за јазик, оди на фитнес да вежбаш, најди ново друштво кадешто не е тој... Најди нешто да правиш што не го вклучува него, за да видиш што е тоа што всушност те држи покрај него. Можеби има и други луѓе таму некаде, а ти не ги знаеш.

Во твојот случај, мислам дека си љубоморна не на тоа што тој зборува со различни девојки, туку на тоа што тој си има свој вентил што е само негов и до којшто ти немаш пристап. Можеш и ти да го правиш истото, ако сакаш, но тоа веќе ќе биде твој вентил, а не ваш заеднички. Со други зборови, тој си има начин да си ги помине времето и без тебе, а тоа тебе те фрустрира, зашто мислиш дека не си му „доволно значајна“ за да го поминува целото време со тебе.

Вие сте во врска, не сте во брак. Неговото време тој *бира* да го поминува со тебе, *не мора* да го поминува со тебе. Не си позначајна од која и да е девојка со којашто таа го поминува своето време, макар тоа било и ФБ. Ако *му значиш*, фактот што сте во врска (претпоставувам дека е целосна, со физичка т.е. сексуална блискост, како и емотивна) тој ќе го цени и ќе се обиде да ја задржи таа врска затоа што *му значиш*, како што може да се гледа од фактот дека тој и покрај твоите испади и раскинувања пак се смирува со тебе (барем до последниот твој испад). Со други зборови, ако раскинете, тој подобро ќе помине од тебе, затоа што ќе има избор од други луѓе, посебно девојки, со коишто ќе може да комуницира и од коишто ќе може да одбере следна потенцијална партнерка. Можеби ти тоа интуитивно го знаеш, па си му се враќала. Фактот што воопшто те примил назад после раскинувањето кажува дека му значиш, инаку ќе те откачел и воопшто немало да те прими назад.

Во секој случај, во таа врска вие не сте рамноправни - тој е во подобра позиција бидејќи има отстапка при раскинување. Ти немаш, бидејќи претпоставувам дека целосно си му се предала нему во врската и си престанала да се занимаваш со себе и со своите потреби. Не е тоа здрава врска - здрава врска е кога двајцата партнери се доволно способни сами да преживеат, но *сакаат* да бидат еден со друг, поради која и да е причина. Под „преживување сами“ значи дека си го пополнуваат времето со активности што им се значајни само ним, без разлика што кој и да е друг ќе каже за тоа. Со други зборови, дечко ти (сега веќе поранешен) сака да си прави муабет со други девојки на ФБ и тој тоа ќе продолжи да го прави, *без разлика на тоа што ти немаш таква забава*. Тоа е само негово и ти тука немаш право да му се мешаш.

Ти преостанува да работиш на себе. Изгради се во личност којашто нема да зависи од времето и вниманието на другите и којашто ќе има свој живот и го води самостојно. Доколку до толку многу ти пречи тоа што дечко ти (веќе поранешен) има свој вентил, а ти немаш (т.е. до толку си љубоморна), немој веќе да се смируваш со него. Најди си свој вентил и дури тогаш ќе може да го разбереш и да го прифатиш таков каков што е. Ако тој те цени, ќе го разбере тоа, а ако те сака, дури и ќе ти помогне да си најдеш свој вентил, без разлика на тоа дали вие понатаму ќе продолжите заедно.

Според мене, во дадениов момент вашата врска е подобро да ја прекинете. Не затоа што тој прави ова или она, туку затоа што постојано се карате, раскинувате и се смирувате. Дали сакаш да имаш врска базирана на кавги, прекини и смирувања? Според мене, врска којашто се базира на раскинување не е вистинска врска, туку е само продолжено раскинување. Ти не можеш да се помириш со тоа што тој е друштвено подобро позициониран од тебе и тоа е тоа. Прекини пред да се оддолжи.

А додека си сама, исполни го времето и стани поцелосен човек. Ова што ти се случува е само знак дека треба да пораснеш и да ја пополниш дупката што ти се појавила во животот. И биди среќна што си имала човек покрај себе што таа дупка ти ја воочил и направил да почувствуваш потреба да ја пополниш.

Поздрав и со лесно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.872
Смирете се, дај му го твојот пасворд и прави му го истото. Ама истото! Кога ќе се лути, кажи му "Боли а?". Не се расправај и не се правдај. Кога ќе боцне, боцни и ти, кога ќе пише пораки, пишувај и ти итн. Терај така ладнокрвно додека не се смени или додека не се скрши се` скроз. Нема друг лек за твоево двоумење, за жал.
Поочајно од ова амин. Најголема глупост што може да ја направи човек е да му враќа со иста мера. Најубаво е да си ги немаат пасвордите еден на друг бидејќи и двајцата си имаат приватни животи и имаат право да прават муабет со луѓе кои не се дел од нивниот заеднички живот. Не дека го оправдувам однесувањето на нејзиното момче, ич не било убаво што боцкал други девојки, што им правел флертувачки муабети, но девојчево што го напиша постов погоре и што си има мака најубаво ќе било воопшто никогаш да не му го имала пасвордот од фејсбук. Така подобро и побрзо ќе согледала дали ја сака стварно или не, бидејќи иако таа тврди дека ја сака јас ќе и кажам дека не ја сака вистински туку тој е само опседнат со неа, навика му е, бидејќи две години не се малце, а од друга страна сака да си шара на страна. Ако искрено ја сака ќе го интересира само она и никоја друга. Така да решение за проблемов е или скроз да прекине, бидејќи само си се доуништува со ваквите ситуации или доколку стварно мисли дека ќе успее повторно нека се смири но без болна љубомора и без пасворди од фејсбук, така побрзо ќе согледа дали вистински ја сака и дали му значи нешто.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Флертување со девојки не е противзаконско и секоја девојка знае дека каде и да е играта на лојалноста секогаш може да се скрши.Затоа слободата е тоа што е најдобро нешто во врската можеш да му го подариш.Секоја љубомора и несигурност во самите себеси ќе доведе до пропаст.Крусер баш убаво ви препорача како да ја зацврстите врската,со влегување на двајцата во некое хоби.Почнете да играте заедно некои латино танци или најдете нешто заедничко што би иделе и ќе видете како довербата ќе се врати.Плус сигурно ви е прва врска вака и се карате за апсулутни глупости.Виртуелно можам да правам што сакам,ама реално не можам ништо...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Стеф, ти као исусен салса плесач, кои латино танци ги препоручуеш за добра врска? Салса? Меренге? Ча-ча-ча? Боса нова? Боса стара? Ја почнав више у танц школо, али незнам тачно кој танц да го одберам за зацврстуење врска и/или враќање доверба.
 
Бачата најубав танц
Особено кога е позади мене можам да и правам што сакам :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Бачата најубав танц
Особено кога е позади мене можам да и правам што сакам :)
Брат, цар си, озбилно. Ова бачава секундарно зацврстуе врска, без утка. Фала ти, си ме спасил. Него, дали она знае дека си позади неа? Или па ти си денсаш и не ѝ кажуеш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Брат, цар си, озбилно. Ова бачава секундарно зацврстуе врска, без утка. Фала ти, си ме спасил. Него, дали она знае дека си позади неа? Или па ти си денсаш и не ѝ кажуеш.
Финтата е да не осети што ти се намерите.Ако ми се свиѓа девојката ја гушкам нежно и денсам со неа.И кога ќе ја свртам со рацете ја бакнувам по образ,ако се смешка ме свиѓа,ако не сеуште не е загреана за мене :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Финтата е да не осети што ти се намерите.Ако ми се свиѓа девојката ја гушкам нежно и денсам со неа.И кога ќе ја свртам со рацете ја бакнувам по образ,ако се смешка ме свиѓа,ако не сеуште не е загреана за мене :)
Па ме стааш у мисла, да сибеш векот. Абе како да не осети шо ти се намерите ако си одпозади и денсаш бача? Имаш некој боди изолатор или магнетно јастуче?

Потпрашање: а шо ако не ти се свиѓа? Како ја откачуеш?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ќе ја фрлиш во вис и ќе оставиш да тресне на земја. Проверено :D
Види, ова ми е бордерлајн неваспитано. Мора да има пофраерска опција. Чеј Стеф да видиме шо савет ќе даде...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Па ме стааш у мисла, да сибеш векот. Абе како да не осети шо ти се намерите ако си одпозади и деснаш бача? Имаш некој боди изолатор или магнетно јастуче?

Потпрашање: а шо ако не ти се свиѓа? Како ја откачуеш?
Епа девојките се мастери кога се работи за тоа.Они имаат една мана а тоа е дека неможат да бидат сами.Целовреме ти прават тестови ти играат топло ладно,се прави недостапна,глуми лудило и се прави мистериозна за да добие поени за да се заинтересираш повеќе.Па почнав и јас тоа да го правам,почнав да играм топло ладно.Ќе видам дека девојката има убава насмевка,но ќе и речам хмм но сигурно имаш ѓаволски карактер.После што ми правеа ќе и побарав број и нема да ми се јави,па јас ќе и го направам истото.Кој колку заслужил толку добива.Посматрај ги девојките и нивните тактики за привлекување мажи,многу се ефикасни.Некој кокетира,некој се додворува.Во двата случаи која тактика и да избереш,биди спремен на непредвидливи работи.Доаѓање на нејзина другарка,некој љубоморен дечко што ја свиѓа,срамежливост од нејзина страна и најди добри одговори на тие и ќе бидеш добар.Како да ја откачиш типката на најлесен начин со игнорирање и со тоа што ќе и кажеш дека не гледаш нешто во неа посебно и завршена песна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom