Очајно ми треба вашиот совет. Имам двегодишна врска. Го сакам , ме сака, многу ми е убаво со него, но има само еден проблем. Фејсбук ми ја уништува врската. Пред да почнете да ме осудувате, да ви ја раскажам целата приказна. Бевме заедно 3-4 месеци кога за првпат дечко ми ме седна на компјутер и ми рече да го отворам фб. Бидејки немав што да кријам, го сторив тоа. Кога дојде неговиот ред, да го стори истото, имав што да видам. Мислејки дека ги избришал - тој само ги архивирал - безброј пораки пишувани на различни девојки. Девојките беа непознати, а ги имаше во главно од оние разголените, провокативните, имаше и стари и млади, и мажени со деца, а пораките - флертувачки, и со комплименти. Станав од компјутер и си тргнав да си одам. Ме стигна, ме молеше, ме преколнуваше, немало веќе така да прави, тоа за него било само забава. Му простив, а уште од истиот момент станав болно љубоморна. Врската ни функционираше одлично, ама во глава сеуште го носев сомнежот дека го прави истото. После некое време му побарав јас пред мене да отвори фб - несакаше. Беше повеќе од јасно дека таму имаше работи што јас не требаше да ги видам. Пак се скаравме, и пак се простивме. Еден период имав и негова лозинка, и тој имаше моја. И како во добро познатата „ако нешто се случило двапати ќе има и трет пат“, тоа се повтори уште неколку пати. Ќе прочитав некој разговор што заборавил да го избрише, ќе додадеше некои што не ги знае... Кавгите беа неизбежни. Еден ден си ја смени лозинката и рече дека подобро било да ја немам. Немало да се караме, а тоа за него било минато немало да прави така и сл. Јас се согласив ама тој незнаејки дека јас имав активирано на мобилен да ми стасуваат пораки од неговиот фејсбук - продолжи со тоа. Прочитав порака од некоја девојка, и добив известувања за неколку боцкања. Не можев да издржам и му кажав дека знам се. Пак кавга, му раскинувам, ама не можам да издржам и се враќав назад. Еве две години како одиме, а приказната е иста.
Барам совет за тоа што да направам. Дали да сум уште со него? (веќе два дена како му раскинав, не кревам на телефон ни ништо). Инаку врската без фејсбук ни е прекрасна. Можам и раката во оган да ја ставам дека ме сака. Ама зошто прави такви работи. Пораките што сум ги прочитала во ниеден момент не наговестуваат дека тој имал нешто со тие девојки. Тие се некои непознати, ама ете тој им пишува. Им симнува ѕвезди. Се боцка со разголени типки. Јас тоа веќе не можам да го издржам, ама и не сакам да го загубам. Сакам совет како да го вразумам да не го прави тоа?