Дали би седнале на кафе со некој/а бивш/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zbratko
  • Време на започнување Време на започнување

Dali treba da se ostane vo kontakt so bivsh/a

  • DA treba da se ostane vo kontakt

    Гласови: 209 37,0%
  • NE ne netreba (nikako) da se ostane vo kontakt

    Гласови: 82 14,5%
  • ZAVISI (od sto?)

    Гласови: 274 48,5%

  • Вкупно гласачи
    565
Од мое искуство, кога сум била викана на кафе, тоа било од една причина, да се смириме, па затоа избегнувам такви работи. Од врска на пријателство не се преоѓа, особено ако претходно не сте биле ни пријатели. Мене барем ми се нема случено да раскинам со некого чисо онака или зашто повеќе сакам да се дружиме отколку да спиеме заедно. Последен пат, бидејќи раскинав на глуп начин, решив да прифатам кафе, ама после се предомислив зашто иако на бившиот му кажав дека имам нов дечко, тој ме манијачеше по фб и ме боцкаше. Минатото треба да остане минато и тоа е.
 
Why not : ако има нешто да каже слободно! Ако побара нешто - слободно - сè зависи дали ќе можам и дали ќе сакам да го дадам тоа што го бара!
 
Последниов месец и пол знаеме да се шетнеме на сладолед, пијачка итн...Само едно можам да кажам...Сум стекнала толку лошо мислење за него, така да колку сака нека е фин со мене, нема шанси да го променам мислењето...Одмилен ми е начисто...Онака како на обичен пријател, познајник гледам на него...И можда добри се овие средби за да се уверам скрос дека апсолутно ништо мене тој човек не ми значи повеќе...
Време е постепено и ова да го прекинеме...Додуша, не ни има што да се прекине...
Најмалку што ми треба во животов е лицемерен и себичен манипулант...Спротивното он не може да ми го докаже...
 
Кога се зачленив на форумот, пред година и пол, ти зборуваше за бившиот. После година и пол, ти сеуште зборуваш за бившиот.

:confused:

Ептен бивш...
Еве ти да се расположиш...

Зашто си го трошите времето на пропаднати цели.Еднаш чим е готово во мојата глава нема веќе враќање.Од милион мажи и жени сте се фатиле за бивши.Замисли фатиш девојка ти си добар другар со неа и одеднаш доаѓа типкава ти ја руши врската,а сакаш да ја спасиш ама касно е....
 
Зошто да не ако сме раскинале мирно и не се мразиме зошто да не седнеме на кафе да се изнамуабетиме за животот што се дешава што како.
Можеби ке падне и секс онака без никакви обврски повеке нема врска ако не сме напнати еден на друг т.е сме си опуштени околу ситуацијата зошто да не се видиме :)
 
Кога се зачленив на форумот, пред година и пол, ти зборуваше за бившиот. После година и пол, ти сеуште зборуваш за бившиот.

:confused:

Ептен бивш...
Еве ти да се расположиш...

Пушти му ја оваа :D Подобро ја пее овај :D
 
Контакт е широк поим. Може да е телефонски разговор а може и да е нешто друго.:pipi: Затоа гласав за третата опција, затоа што глупо е да не се ни поздравиш, а уште поглупо е да му се враќаш цело време иако знаеш дека не е човек за тебе.
 
Нема логика у седење на кафе... после толку кафиња испиени заедно чим сте раскинале значи не било нешто у ред, да ви биле добри односите како што треба ке сте пиеле кафе без раскинување...ако пиете кафе со бивша после раскинување може да ви стане најгоркото кафе што некогаш сте го испиле :)
 
Крајот е крај. Не знам зошто би пиеле кафе заедно и што би си рекле...
 
Скоро со сите бивши сум у добри односи,па и по кафиња си одиме редовно.Сега се зависи од тоа како и зошто сме прекинале..Ако со некого не ти успеала врската,не значи дека пријателството не може да успее. :))
 
Им завидувам на сите оние кои успеваат да бидат пријатели со бившите.
Не може да има пријателство ако имате хемија. Никако!!!
Ви кажувам од искуство, не правете ја истата грешка како јас пред некој ден, демек кафе, а заврши со секс.
Може звучи супер, ама не е. Таман го исфрлив од системот и пак се заебав. Ко алкохоличар кога ќе се напие после подолга пауза:D
Е сега веќе нејќам нит да го видам нит да го чујам:LOL:
 
Кога се зачленив на форумот, пред година и пол, ти зборуваше за бившиот. После година и пол, ти сеуште зборуваш за бившиот.

:confused:

Ептен бивш...
Еве ти да се расположиш...

Не ми ја гибај, малата е една од ретките девојки на форумов која си е искрена и ради тоа едвај чекаат оние часнине гуски да ја искловаат :icon_lol:.

Скоро со сите бивши сум у добри односи,па и по кафиња си одиме редовно.Сега се зависи од тоа како и зошто сме прекинале..Ако со некого не ти успеала врската,не значи дека пријателството не може да успее. :))

Нешто ме интересира да те прашам ако може. Кога имаш актуелен дечко а одиш со бившиот на кафе што му викаш на актуелниот? Идам да се видам со Трајче од факултет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom