Хехех неможам да поверувам овие ориџиве значи,дваесет души пишуваат се најлошо за Охрид,и ете ти го овој се фатил како во Охрид плажите биле пуни,Струга немало ништо.И се гордее со тоа.Абе само К-15 ви е лекот,“миле Паника“ ака Ориѓанец,како ве ремпа абе душа неам од смеење на скечовите. Леандра у право е,сите тие бљувотини збрани на еден плоштад,помешани мириси ретко кој ги издржуе.А за вечерање,они си пресметале минимум по маса колку треба да праи,така да ти им ги рушиш плановите со тоа што САМО пиеш а не јадеш.
Лани у белведере,седнувам со лепшата половина,носи тој мени после 15 мин,глеам од лани цените качени за 50 ден минимум.нарачуеме после 10 мин.Ни носат јадење после 30 мин,што значи губиш саат време дур да почнеш да јадеш.Оброците што лани беа супер,и беа големи,овојпат беа упола,салатите ги носат у тањирче за сос,нешто поголемо од пепељара,а најајко од се беше на крај кога нарачавме мешана овошна салата пишува 500грама- 200 денари и една палачинка блага.
Ни носат крекер у шлаг умацан и по ДВЕ парчиња ЛУБЕНИЦА И ДИЊА! Викам што е ова бе?
па овошна салата вика,што сакаше ти?па кај е банана,круша,ананас,цреша,вишна итн итн,вика дечко ак ти се јајт,јајт,ак не остаи го.Ама не го плаќам викам,аха не,сега шефот ке го викнам.
Викам дај сметка и да не те глеам веќе зашто ке биде беља.
Смештај закажувам од Скопје,нели гужва е да не барам таму цел ден.Гледам на пазар3 слики од една “вила“ некаде пичке си материне у Коњско,горе у брдо да ти била,ај по сликите собите се прифатливи,ВЦ исто така.цена 500 од човек,ај и тоа ок,му викам пиши ме,вика уплати ми на жиро сметка пари два дена пред да доаѓаш,што никако немаше шанси тоа да биде.Идам,едвај најдов кај е,ме носи у соба што врска нема од сликите таа која ја закажав,ми вика епа нема друга зафатена е. Собата личеше на се освен на соба.за вцто да не зборам,заѕидан кокошарник ни када ни туш кабина ни плочки,карабина вц. Сакав да го фрлам од тараса тој газда што се прави ама шести месец трудна жена само ке се нервира а и немам баш друг избор па мораш поради неа да останеш и да трпиш говеда. Уште триста други глупости од паркинг па до плажи ми беа доволни за да веќе Охрид не го видам,единствено ко што кажа Гармин,ке го носам син ми здравје за да знае дека има и такво место у Мк.Прекрасно место со за жал најголема клетва-народот.
--- надополнето: 6 август 2012 во 10:24 ---
http://www.youtube.com/watch?v=fV-jg0TemPY&feature=related
Точно од Адо Ш
Ти ШО??