Илузија ни е дека ќе ни биде подобро во Македонија која би била дел од ЕУ, а дали е илузија дека ќе ни биде подобро во некоја друга држава членка на ЕУ, тоа зависи, не знам дали би ни било подобро во некоја од државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија), но затоа не верувам дека би било илузија дека ќе ни биде подобро во некоја држава членка на ЕУ како што се Германија, Франција, Белгија, Холандија и ред други.
Разликата помеѓу Македонија во ЕУ и Македонија надвор од ЕУ се рекетарите кои ќе го рекетираат народот.
Сегашните рекетари кои го рекетираат народот додека Македонија е надвор од ЕУ, со парите од рекетот ги полнат џебовите на партиските функционери и на партиските подлизурковцки, додека доколку Македонија стане дел од ЕУ, народот и понатаму ќе биде жртва на рекетирање, со разликата што парите од рекетот ќе ги полнат џебовите на евробирократите во Брисел и Стразбур, како и на банкарите во Берлин и Париз.
Така да, изборот помеѓу Македонија во ЕУ и Македонија надвор од ЕУ, е исто како избор помеѓу домашни рекетари да го рекетираат македонскиот народ или странски рекетари да го рекетираат македонскиот народ.
Како и да е, и во едниот случај - Македонија во ЕУ, и во другиот случај - Македонија надвор од ЕУ, една работа нема да се смени - македонскиот народ и понатаму ќе биде жртва на рекетирање.