Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира нешто во врска со потребните интерни предмети на ФИНКИ, значи јас завршив стручно образование, насока туризам и сеа едниот интерен го земав Информатика и тој ми е соодветен, а другиот ми е Хотелско и според објаснувањето на страната вториот интерен би можел да биде кој било предмет од образовниот профил на кандидатот. Т.е сакам да се осигурам дали и двата интерни ми се соодветни :) .

И друго нешто ќе прашам, до кога трае електронското пријавување на УКИМ, дали и тоа е до 16ти , денот кога треба лично да се однесат документите ?
 
Ја сум втора и тврдам дека нема поврзаност математика со програмирање.

Друже, :) Ти изглеа не си го слушал ли предметот "Алгоритми" (чист без СП), теоријата бара многу добро знаење математика за да разбереш што всушност работи во пракса и зошто тоа баш така работи, не си играјте бајрам со мозокот, - математика е потребен дел , мада знам многу многу јаки програмери што не учат воопшто математика но ги влечи два добри фактори : огромното искуство здобиено со напорна работа и високото IQ
 
До кога е рокот за онлајн пријавувањето на iknow сервисот? Барам цело утро никаде да најдам краен рок...
 
^ Изгледа нема објавено рок и јас барав секаде, па претпоставувам дека е до 16ти :)
 
^ Изгледа нема објавено рок и јас барав секаде, па претпоставувам дека е до 16ти :)
Лани можеше да се пријавува и на денот кога се носеа документите... Немаше официјално објавено дека претходно треба електронски да се аплицира, па многу малку луѓе знаеја и на денот кога отидовме чекавме и по 2 часа за да може електронски да се пријавиме на некој од пунктовите на факултетот. Токму затоа и ви даваат толку време, за да се избегнат гужвите на 16ти, така да не е проблем кога и да се пријавите. Поздрав
 
Има некој да ми каже за струката примена на е технологии ?
Барана е има некој профит од неа или што поточно може да се биде некако ми е многу муљ објаснето на нивната страна..
 
Има некој да ми каже за струката примена на е технологии ?
Барана е има некој профит од неа или што поточно може да се биде некако ми е многу муљ објаснето на нивната страна..
Друже од информатика се е барано секаде е дефицит.
Учиш математика,програмирање,дизајн,бизнис ако се потрудиш работа има колку сакаш барем за оваа струка не си ограничен во границите на МК можеш од дома кај сакаш да работиш.

П.С Пошто сега прва година веќе втора ќе почне нема кој да ти каже за профит ,но предметите се тие не се многу разлика од другите смерови.
Тоа што се учи се е барано работа има ,но има и конкуренција како и да е ако го завршиш факултетот сигурно ќе најдеш работа со минимален напор ,а на крај краева можеш и freelancing.
 
Добро фала , воа ме интересираше да ми објасни некој =)
Ете си знам сеа шо да идам -)
 
програмирање само во С++ се учи? јас знам нешто во Pascal, ама ако не се учи тоа да си земам нешто да си читнам за С++ уште од сега... :D
 
програмирање само во С++ се учи? јас знам нешто во Pascal, ама ако не се учи тоа да си земам нешто да си читнам за С++ уште од сега... :D
јазикот е најмалце битен
поентата е да научиш да програмираш дали структурирано, дали објектно итн итн..
 
јазикот е најмалце битен
поентата е да научиш да програмираш дали структурирано, дали објектно итн итн..
Добро, да. Па го знам јас тоа во Pascal, ама баш гледав ноќеска некои програми што мене ми се прелесни за правење во Pascal, а во C++ ми изгледаа многу покомплицирани. Затоа сакав да знам, ако се учи само C++ малку да поднаучам нешто до септември, да не бидам без ништо ко ќе појдам таму... :)
 
Ako znaes da programiras ne ti menuva mnogu jazikot. Samo sintaksata ke treba da ja naucis, a ne e nekoja komplicirana. Inaku ucis C (neobjektno), C++ i Java (oop)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom