Србија го откачи НАТО

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Абе во право се србите,ама понекогаш со гордост не се води политика, сега и Војводина може да направи изненадување за неколку години..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.317
Поени од реакции
26.245
кога е во прашање обединетост,кај нив нема црвена зведа и партизан,нема левица и десница,милошевичи титовичи,кога се борат се борат и вази Еден за сите,сите за еден
Добар виц. :pos:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
А шо ќе им е нато ? 78 дена нато маваше со се што има уште фалеа нуклеарки да опнат и еве го резултатот


Не само што се горди туки се и способни да се бранат
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
А иначе како прво,Србија и да сака да влезе во НАТО кузнајт дали ќе ја примат,треба реформи да се направи има разни разни глупости,па потоа да немаш никакви проблеми со соседите ехееее исто ко да влезеш во ЕУ, и НАТО е исти курац..:facepalm:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Значи тука бил крајот на САД и НАТО , во центарот на Балканот-Србија.

Што ќе прават НАТО без Србија ја не знам , никој не може да ги замени србите и Србија, ова е крај.

Ова ти е исто како bitushanec да ја откачи Шарапова. А ние да се секираме , што ќе прави сега кутрата Шарапова без стратешкиот член на Кајгана форумот.

Што ако Русија изгради бази во Србија и Србија забрани транзит на НАТО низ нејзина територија и воздух? Ова е можеби доста извесно да се случи во Србија. Знаеш ли што значи да се има лоша логистика и колку огромни финансиски средства ќе чини заобиколувањето на Србија?

Што ако Србија одлучи да влезе на територија на своето Косово, а пошто според меѓународното право и ОН, Косово е дел од Република Србија, па Србија одлучи да и` даде на Русија право да гради бази во Митровица, Лепосавиќ и Приштина?! Кој ќе се осмели да се спротистави на Русија?!

Работите треба да се гледаат далекусежно.
 
O

Orion.

Гостин
А шо ќе им е нато ? 78 дена нато маваше со се што има уште фалеа нуклеарки да опнат и еве го резултатот

Не само што се горди туки се и способни да се бранат
Нормално, не се пичондри како нашиве, кои уште им се натртени и покрај тоа што ни го направија во 2001.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Па не е чудно... Како што стојат работиве.. многу подобра варијанта од НАТО е Источниот Сојуз.. Да не заборавиме дека потајно си егзистира Српско-Руската врска што не е за потценување.
На долги стази, оваа политика ке даде огромен резултат за принципите и големината на српскиот народ.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Што ако Русија изгради бази во Србија и Србија забрани транзит на НАТО низ нејзина територија и воздух? Ова е можеби доста извесно да се случи во Србија.
Знаеш ли што значи да се има лоша логистика и колку огромни финансиски средства ќе чини заобиколувањето на Србија?
Неможе бре, и Русија си ги знае гранците каде може и каде НЕ, тоа многу убаво се виде и за време на бомбардирањата на СР-Јусгославија и Косово.. Исто како и САД и НАТО што неможат да се замешат во Грузија или во Украина,така и Русија неможе да се замеша овдека на Балканот..
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Што ако Русија изгради бази во Србија и Србија забрани транзит на НАТО низ нејзина територија и воздух? Ова е можеби доста извесно да се случи во Србија.
Знаеш ли што значи да се има лоша логистика и колку огромни финансиски средства ќе чини заобиколувањето на Србија?
Не сум сигурен , мислам дека тогаш Србија ќе биде бетер од Куба.

Ако Србија забрани минување на НАТО низ Србија (ахахаха).

Тогаш НАТО ќе забрани минување на Србија и Русија низ НАТО (Бугарија , Грција , Унгарија , Хрватска , Албанија , Романија , па и Црна Гора и Македонија)

Србија црна дупка во Европа.

Абе читај се што пишуваш, заобиколување на Србија и финансиски средства.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не сум сигурен , мислам дека тогаш Србија ќе биде бетер од Куба.

Ако Србија забрани минување на НАТО низ Србија (ахахаха).

Тогаш НАТО ќе забрани минување на Србија и Русија низ НАТО (Бугарија , Грција , Унгарија , Хрватска , Албанија , Романија , па и Црна Гора и Македонија)

Србија црна дупка во Европа.

Абе читај се што пишуваш, заобиколување на Србија и финансиски средства.

Не ни очекував да разбереш...

Забраната би се однесувала на воените сили. А како повеќе земји од НАТО (Романија, Бугарија, Маџарска, Словачка, Германија, Полска итн.) се исклучиво зависни од рускиот гас, од што зависи целокупната нивна економија, тешко дека во НАТО ќе има едногласност во некои одлуки што ја засегаат Русија...

Според Обединетите Нации, Косово е дел од територијата на суверена Република Србија, оти Русија и Кина како членки на Советот за Безбедност не ја признаваат територија Косово како суверена држава и никогаш нема да ја признаат. Русија и Кина се доследни на примената на меѓународното право. Меѓународно правно, не постои држава што не е членка на ОН. Кога ќе ослаби САД (а слабее од ден во ден), ќе биде многу интересно во Косово :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Која идиотска и невидено самобендисана држава со екстремно глуп народ...екстремно глуп.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Што ако Русија изгради бази во Србија и Србија забрани транзит на НАТО низ нејзина територија и воздух? Ова е можеби доста извесно да се случи во Србија. Знаеш ли што значи да се има лоша логистика и колку огромни финансиски средства ќе чини заобиколувањето на Србија?

Што ако Србија одлучи да влезе на територија на своето Косово, а пошто според меѓународното право и ОН, Косово е дел од Република Србија, па Србија одлучи да и` даде на Русија право да гради бази во Митровица, Лепосавиќ и Приштина?! Кој ќе се осмели да се спротистави на Русија?!

Работите треба да се гледаат далекусежно.

Чекај сега , уште велиш дека Србија ќе го порази НАТО на Косово , па ќе им овозможи влез на Русите во Косово.

Ахахахах :pos:

Од кај ќе влезе Русија ? Еве НАТО земјите го забрануваат минувањето на Руската војска преку нивната територија ?:icon_lol:

Леле Битушанец од многу желба за да ја видиш Србија како во старите добри времиња , почнуваш и да халуцинираш.

На Србија и е судено да биде западен роб , не од што сакаат , туку од што мораат , немаат друго чаре.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Не ни очекував да разбереш...

Забраната би се однесувала на воените сили. А како повеќе земји од НАТО (Романија, Бугарија, Маџарска, Словачка, Германија, Полска итн.) се исклучиво зависни од рускиот гас, од што зависи целокупната нивна економија, тешко дека во НАТО ќе има едногласност во некои одлуки што ја засегаат Русија...

Според Обединетите Нации, Косово е дел од територијата на суверена Република Србија, оти Русија и Кина како членки на Советот за Безбедност не ја признаваат територија Косово како суверена држава и никогаш нема да ја признаат. Русија и Кина се доследни на примената на меѓународното право. Меѓународно правно, не постои држава што не е членка на ОН. Кога ќе ослаби САД (а слабее од ден во ден), ќе биде многу интересно во Косово :)
НАТО земјите биле зависни од руски гас , а Русија била зависна од НАТО пари. Многу еднонставно.

Според обединетите нации Србија нема ингеренции над Косово , тие имаат потпишано капитулација.
Кај ти е војската , таму е твоето. Српска војска нема на Косово, тоа не е нивно.

Затоа ли србите нудат широка автономија на Косово , нешто како во Белгија.
Ни во Београд да не смееш да донесеш некоја одлука без дозвола на Приштина.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Чекај сега , уште велиш дека Србија ќе го порази НАТО на Косово , па ќе им овозможи влез на Русите во Косово.

Ахахахах :pos:

Од кај ќе влезе Русија ? Еве НАТО земјите го забрануваат минувањето на Руската војска преку нивната територија ?:icon_lol:

Леле Битушанец од многу желба за да ја видиш Србија како во старите добри времиња , почнуваш и да халуцинираш.

На Србија и е судено да биде западен роб , не од што сакаат , туку од што мораат , немаат друго чаре.

Што ако општина Северна Митровица или општина Звечан или Лепосавиќ дозволат изградба на руски бази на своја територија, заради заштита на човековите права на Србите, пред се` правото на живот на Србите на Косово?! Да не се осмели НАТО или КФОР да ги нападне Русите?:pos:
За твоја информација, пола Црна Гора и приморјето се купени од Руси, а Црна Гора се граничи со Косово.

И далеку е Битушанец од србоман....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom