Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.184
- Поени од реакции
- 34.407
Како можеше да го заборавиш борењето?Pravo da vi kazam , ne vredi da se vlozuva vo atletika toa e "propala" rabota, ne ne' biva
Jas sum da se koncentrirame na , strelicarstvo ,strelanje , taekwondo i zensko judo.
Сакате медал на ОИ? Лесно е, треба само да му го вратиме тоа што му припаѓа на спортот кој извлече највеќе медали за Македонија на овие натпреварувања. Зошто го заборавија борењето?
Убеден сум дека доколку државата даде малку повеќе од смешните средства што сега ги оддвојува за овој спорт, ние на следната Олимпијада ќе се закитиме со медал. Повторно. Гарантирам.
Колку за потсетување, македонските борачи веќе имаат еден златен, еден сребрен и 4 бронзени медали. Последниот, во 2000-та година. Од тогаш, буџетот на федерацијата е намален за пола и сега изнесува некои смешни 15-тина илјади евра. Со кои пари ќе се финансираат подготовки, учество за меѓународни натпревари, турнири и тн? Како ќе се подготват и мотивираат овие спортисти? Без пари, никако. Колку за споредба, боречката федерација на Бугарија располага со годишен буџет од 2 милиони евра. Тоа е така, затоа што борењето е нивниот најтрофеен спорт. Затоа, тие имаат 9 учесници во овој спорт, ние имаме 0. И тука е најтрофеен, но наместо да го развиваме уште повеќе и да го искористиме целиот потенцијал, ние буквално фрламе пари на авиони со навивачи...