Најчесто одбивам да прашувам луѓе надвор од кругот на познавање за совет од ваков калибар , но со оглед на тоа дека на сите другари осеќам сум им дошол преку онаквото од муабети , си решив да си ја кажам маката па ако ништо друго ќе си олеснам. Од тие што ќе видат , барам да ме осудите најискрено затоа што и сам знам каков сум кога се работи за љубов , и ако некој се прочита во моите зборови нека советува како знае и умее.Тешко се отворам емоционално и затоа често менувам партнери и летам од врска во врска ко мува без глава без да опипам во што се впуштам пред да биде доцна. Сменив три девојки во последнава година , најжално , сите од истото друштво каде ме гледаат како авторитет и сеуште се дружам со една од бившите. Со последните две се разделив мирно , без расправии , на моја иницијатива , добро пазев да не ги навредам или повредам при раскинувањето. Во друштвото ме гледаа како ѓубре некое време иако без нешто да кажат некако , најверојатно по заслуга на девојчето со кое сега идам ми простија. И немаше што да се прости , со сила не ги терав да одат со мене си велев сам на себе , да се оправдам дека не сум направил ништо лошо. И совеста не ме јадеше ниту ме јаде , но не сакам да сум ваков , бидејќи ми црпи енергија и истовремено моето однесување топло-ладно може лесно да го доведе друштвото во опасност. А сега , моментално сум на пауза и со оваа девојка и откако сме вратени од одмор си немаме направено ни м од муабет , по едно пораче и толку. Бевме во Охрид заедно , две друштва во два стана , едните мои стари пријатели од рано детство , а во другиот стан јас со девојката , бест фриендот и другарките. На почетокот ни беше супер , си делевме нежности , пијани се драпавме , абе бајка. Е , после 5-6 дена сето тоа летна во воздух , осетив притисок невиден од неколку мали работи кои станаа една голема , и накрај остатокот од одморот го минав во другиот стан кај пријателите напушен со минимален контакт. Накрај , дури и карти сменивме за да не се враќаме заедно , а последниот муабет кој го водевме заврши со тоа како јас сум во суштина полигамист и неможам без постојани промени. А она е прекрасна , знам дека не е до нејзе , дури и се согласи да бидеме во отворена врска некое време. Не сакам да сум ваков , со постојана потреба за вентилација кај други кога конечно осетив нешто спрема некоја. Знам дека сум и машко и млад , но доволно се сметам за паметен и искусен да спознаам кога треба да почнам со промена на карактерот , пред да повредам некој кој тоа не го заслужува.