Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Мајка ми ја нема на скајп, а итно ми треба некој да ми каже: Како да затворам тегла со мармалад, да го извадам воздуот од неа? Треба да ја вријам како теглите со компот, или?
 
Не треба да ги вриеш теглите.
Стави го топол мармаладот во тегла и покриј го со влажна крпа додека не се олади скроз. После тоа затвори ја теглата со капак.
 
Немам големо искуство со месото, па да прашам како да испржам пилешки стек, ама да не биде онаков сув, туку сочен и вкусен :) Нешто се мислам да го извалкам во јајце, можеби презла и дефинитивно во сусам :)
Остави го нека динста некое време во вода со вино пред да го пржиш. Потоа испржи го во презла, исто така е убав кога ќе го издинсташ да го испечеш во кеса со зачини слично како пиле. Така е малку посув ама е вкусен.
 
Само јас ли прашувам тука? Сакам да направам пита со праз (домашна, без готови кори). И која е разликата помеѓу сув и пресен квасец?
 
Тhis is your lucky day :)
Состоjки:
- 4 jаjца, 1-2 струка праз
- 200 гр. рендано сирење
- 1 филџан зеjтин
- 1 филџан млеко
- 1 пециво
- 300-350 гр. брашно

Jаjцата се матат со миксер па потоа се става празот коj е ситно сецкан, па сирењето, зеjтинот, брашното со пецивото и на краj млекото. Така соединета, смесата се натапкува во тава и се пече.
Маjка ми изоставила да напише на колку степени и колку време ама вероjатно стандард, 250 степени околу 15-20 мин. Ќе си пазиш да не изгори.
 
Сакам од онаа бабинскана пита, онаа суканата, олд скул до коска! Али фала, секој рецепт е добредојден ;)
 
Тhis is your lucky day :)
Состоjки:
- 4 jаjца, 1-2 струка праз
- 200 гр. рендано сирење
- 1 филџан зеjтин
- 1 филџан млеко
- 1 пециво
- 300-350 гр. брашно

Jаjцата се матат со миксер па потоа се става празот коj е ситно сецкан, па сирењето, зеjтинот, брашното со пецивото и на краj млекото. Така соединета, смесата се натапкува во тава и се пече.
Маjка ми изоставила да напише на колку степени и колку време ама вероjатно стандард, 250 степени околу 15-20 мин. Ќе си пазиш да не изгори.

Таа е ептен лесна. Се меша се по список, ама јас не ја мешам со миксер, туку со дрвена лажица со дупка.
Болд: нели е кисело млеко?

Жолтото го изоставила и мајка ми и до денес не ми се погодува како нејзината, а никако да се сетам да ја прашам. Важно е и кој број е тепсијата.
 
па пишува млеко, незнам дали е кисело или обично :) наjвероjатно е обично :D
 
Само јас ли прашувам тука? Сакам да направам пита со праз (домашна, без готови кори). И која е разликата помеѓу сув и пресен квасец?
Еве ти рецепта за бабешка пита, со слики е, не може да утнеш :)
 
Француски омлет? Има видео да ѕирнам како иде детално се? :)
 
Во сендвичарата „Нино“, во Скопје, имаше една макробитичка салата од моркови и сусам. Да не знае некој случајно рецепт?
 
Јас знам една рецепта ама незнам дали е таа што ја бараш
-2 поголеми моркови
-сок од половина лимон и половина портокал
-2 лаж. сусам

Морковите можеш да ги рендаш или да ги сечеш на парчиња и да ги измешаш со сокот и сусамот.
 
Луѓе онаа златна мешавина или како и да се вика (замрзнат зеленчук) на кој начин го употребувате? И некоја комбинација за јадење со тоа, ама да биде лесно за готвење :oops:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom