B
Black Guard
Гостин
Ќе го користат против кој-самите себеси??Очигледно е дека ''е решено'' режимот во Сирија да падне, исто како и оној во Либија пред една година. Единствениот одговор кој Сириските сили би го имале во овој момент е да го искористат хемиското оружје со кое што веќе некое време се закануваат.
Садам уби десетици илјади,ма повеќе од нуклеарката од хирошима со хемиско оружје но во Иран,исто така имај предвид дека хемиското оружје е оружје за масовна деструкција а може да се користи и како Area denial weapon(Ирачки концепт доста практичен,мина со супстанца чија смртна доза не надминува 30 микрограма) нема тука воена победа така да Турција не би нападнала од повеќе причини,еве Прво Биохемискиот арсенал е репелант,едноставно ги одбива потенцијалните агресори,а ако се храбри турците нека нападнат па ќе видиме како модифициран Скад дисперзира смрт во воздушна детонација(ако е ВХ на пример) а жртвите ќе бидат непроценливи и не само човечките,имајте предвид дека хемиското оружје врши контаминација и на хардверот и го прави практично јузлес па со добар план можете на непријателот да не му го уништите аеродромот,авионите,тенковите и сепак истите да бидат неупотребливи дури и токсични за човек,за последици од Хемиско оружје Иранците се најнапатени-токму од Ирачаните пардон од Садам.
Втора причина е Иран,кој е свесен за интересот на Русија во Сирија,кој е свесен за својот интерес т.е Сирија е единствен партнер на Иран кој дели иста технологија,вооружување,затоа и напоменав дел се произведува во Сирија дел во Иран,ама фактот што се складира завидна количина оружје и скорешните вежби на Иранската гарда како и Активноста на Иран близу турција е една од причините Турција да испрати дополнителни трупи бидејќи јасно им е на турците дека ако им заржат на Сиријците(без НАТО) и Иран ќе реагира но не верувам Турција сама да реагира напишав нешто и во претходниот пост каде се гледа стејт оф д арт системи,дури и Тунгуска и Украински С-300 и тоа не еден туку над 40 системи.
Трета причина е самата географската положба на Турција и Армискиот организационен систем,имено има 4 Армии и тоа првата е одговорна за Истанбул каде е и командата но одговорна е за Европскиот дел може да се рече,понатаму втората армија(малатја0 е одговорна за југоисточниот дел(и централниот) значи и за евентуален напад врз сирија втората ќе треба да биде таа која ќе започне и често е во конфликт со ПКК,третата армија е на север езриџан се викаше местото и тие се одговорни за Грузија,ерменија и критичниот Иран,секако последна е Егејската армија со команда во Измир(кипарските сили не ги рачунаме) и кога ќе направите рачуница каде имате над 2800 М-48 кои не се соодветни за офанзива во денешни услови што значи ќе треба да се Групираат Израелските модифицирани сабрери и Лео(наскоро ќе имаат и "домашен" Јужнокорејски тенк) така да ќе треба турција да изврши рационална распределба на воените ресурси доколку планира напад но факт е дека тоа нема да биде незабележано
Пред конфликтот со Иран беше регионална воена Сила,денес не е но постигнува завиден економски раст и развој,поголем дел од хемиската индустрија се реактивира и нормално сега Ирак добива пари за Нафта не храна и лекови.Не знам што би било со Ирак, не бар додека Ирак е сеуште 52 Американска Држава.
Да,но истото важи обострано,без сомнмение после Израел,Сирија е државата со најсовремените САМ системи.Не сум сигурен за тоа дека Сирија би можела воено да ја победи Турција,
'Курдистан'', кој може да се каже дека веќе постои de facto, но не и de jure. Тоа многу тешко ќе се одвива во врска со Турција, како земја-членка на НАТО и да кажеме, една од најмоќните регионални сили и важен партнер на Америка во овој дел од светот. Сирија е и онака во хаос, така да, тоа не би ме чудело
Ипак мислам дека нема да сведочиме независен Курдистан,ако веќе требаше и кога беше најповолно т.е за време на втората заливска војна никој не гарантираше дека северен Ирак(воглавно курди) ќе сакаат да се одделат,па тие за разлика од Турските курди се заштитени,слично е и со Сириските всушност Ирак и Сирија се последните кои треба да ги обвиниме за агонијата на курдите-Очигледно е дека Турција е таа држава па и мал дел од Иран кој со меѓународен договор би бил отстапен и ете ти решение-само што нема да биде така.