Димитар Петров, дипломиран електро инженер,
Претседател и член на РКЕ;
Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09.
Рухи Бакију, дипломиран правик,
Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.
Светлана Јаневска, дипломиран економист,
Член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08.
Видан Кулевски, дипломиран електро инженер,
Член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09.
Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер,
Член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.
Треба да им се заблагодарите на овие личности
--- надополнето: 2 август 2012 во 02:08 ---
Секоја година ќе има поскапување за 15-20% за жал на корисниците за среќа на Евн, Елем и Мепсо. Во 2015 година стапува во сила законот за либерелизација на струјата тогаш домаќинствата ке ја купуваат стујата по пазарни цени, а тоа ќе биде дупло поскапа цена од оваа денеска што ја имаме. За разлика кога порано струјата се третираше како социјална категорија во иднина нема да се рачуна веќе. Во иднина ќе биде луксуз да се грее на струја, алтернатива е гасот а со ова темпо на изградба на примарна и на секундарна мрежа тоа ке биде најбрзо за 5 години од сега. Мора да сфатиме дека волку струја колку што троши едно просечно македонско домаќинство, не троши ни едно германско домаќинство а они имаат 7 пати поголема плата од нас, да точно е дека во Германија добар дел од домакиствата трошат гас место струја за топлење за греење, готвење и сл, а кај нас уште нема алтернатива за што сносат одговорност сите влади 20 години ,подхитно владатаа треба да изгради гасоводен систем до домаќинствата само во тој случај може да останат исти или да се намалат трошоците за енергенси што ги плака едно домакинство само ова е долгорочно решение се друго е импровизација и не е долгорочно издржливо.
Само едно прашање доколку е возможно и доколку сакаш да ми одговориш на истото.
Не се срамиш амиот од себе кога пишуваш вакви глупости ?