Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.647
Поени од реакции
35.206
Ето видиш, регулаториве ни кажуваат дека сме имале најевтина струја во Европа (море и пошироко), ама ќе да не е така, затоа што европската статистика вели нешто поинаку.

http://www.statusireland.com/statistics/climate/37/Electricity-Prices-In-Europe-and-Ireland-for-domestic-and-industrial-consumers-Large-band.html

Според ова испаѓа дека земји во кои просечната плата изнесува 2000 евра имаат поевтина струја од нас.
Уште да имавме европски плати, кај ќе ни беше крајот :свиркам:
 
B

Bonux

Гостин
Уффф сега мајка ми нема да мора да чека да дојде 13:00 за да ја пушти пералната за алишта! Ке се изнервира кога ке и кажам утре! :facepalm:
ако гледа овие индиски и турски гомна од серии ќе и помине брзо нервозата,не се секирај.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
еве ти еден,ти вика мора да сватиш некои работи...
Слушај лингур еден вакви налепници по дома да лепиш ниту сум член на партија ниту работам под државна капа па да лепиш етикети и да си лечиш комплекси, се што напишав во мојот пост е точно ако си економски писмен ќе сфатиш што сум кажал ама со тој пилешки мозок,тешко некат ќе сфатиш.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ето видиш, регулаториве ни кажуваат дека сме имале најевтина струја во Европа (море и пошироко), ама ќе да не е така, затоа што европската статистика вели нешто поинаку.

http://www.statusireland.com/statistics/climate/37/Electricity-Prices-In-Europe-and-Ireland-for-domestic-and-industrial-consumers-Large-band.html

Според ова испаѓа дека земји во кои просечната плата изнесува 2000 евра имаат поевтина струја од нас.
Уште да имавме европски плати, кај ќе ни беше крајот :свиркам:

Регулаторите да земат да споредат и платите со Европа, пред да прават други споредби.

Туку ако ваква ни е честитката пред Илинден не сакам ни да погодувам ни помислувам што честитка ќе добиеме пред 8 септември
 
Член од
6 јули 2012
Мислења
41
Поени од реакции
35
Димитар Петров, дипломиран електро инженер, Претседател и член на РКЕ;
Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09.
Рухи Бакију, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.
Светлана Јаневска, дипломиран економист, Член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08.

Видан Кулевски, дипломиран електро инженер, Член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09.

Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер, Член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.
Треба да им се заблагодарите на овие личности
--- надополнето: 2 август 2012 во 02:08 ---
Секоја година ќе има поскапување за 15-20% за жал на корисниците за среќа на Евн, Елем и Мепсо. Во 2015 година стапува во сила законот за либерелизација на струјата тогаш домаќинствата ке ја купуваат стујата по пазарни цени, а тоа ќе биде дупло поскапа цена од оваа денеска што ја имаме. За разлика кога порано струјата се третираше како социјална категорија во иднина нема да се рачуна веќе. Во иднина ќе биде луксуз да се грее на струја, алтернатива е гасот а со ова темпо на изградба на примарна и на секундарна мрежа тоа ке биде најбрзо за 5 години од сега. Мора да сфатиме дека волку струја колку што троши едно просечно македонско домаќинство, не троши ни едно германско домаќинство а они имаат 7 пати поголема плата од нас, да точно е дека во Германија добар дел од домакиствата трошат гас место струја за топлење за греење, готвење и сл, а кај нас уште нема алтернатива за што сносат одговорност сите влади 20 години ,подхитно владатаа треба да изгради гасоводен систем до домаќинствата само во тој случај може да останат исти или да се намалат трошоците за енергенси што ги плака едно домакинство само ова е долгорочно решение се друго е импровизација и не е долгорочно издржливо.
Само едно прашање доколку е возможно и доколку сакаш да ми одговориш на истото.
Не се срамиш амиот од себе кога пишуваш вакви глупости ?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Само едно прашање доколку е возможно и доколку сакаш да ми одговориш на истото.
Не се срамиш амиот од себе кога пишуваш вакви глупости ?
Ако за тебе се глупост фактите и вистината тогаш имаш стварно големи проблеми, а сега јас да те прашам а ти не срамиш што трескаш глупости а немаш познавања од оваа проблматика а се правиш експерт?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ако за тебе се глупост фактите и вистината тогаш имаш стварно големи проблеми, а сега јас да те прашам а ти не срамиш што трескаш глупости а немаш познавања од оваа проблматика а се правиш експерт?
Експерту, не те боли ли кога даваш 19% плус од твојот џеб?
Or when your paycheck is lower by 19%? Да ти сумирам посликовито.
 
S

Sagan

Гостин
Колеги, пошо не сум упатен во бизнисот со електрична енергија, замолувам некој да ми објасни што значи онаа ставка под 22 “ангажирана моќност“ за која износот за преземената енергија се зголемува за 33.33%?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Експерту, не те боли ли кога даваш 19% плус од твојот џеб?
Or when your paycheck is lower by 19%? Да ти сумирам посликовито.
Јас ова го знам уште пред неколку години кога е донесен законокт за либерелизација што предвидува до 2015 години струјата да се купува по пазарни цени за домаќинствата што ќе биде поскапа дупло повеќе од денешнава цена, помирен сум со тој факт уште одамна како и со фактот дека и нафтата и другите енергенси ќе идат само нагоре тоа не се случува само во Македонија се случува и ќе се случува во цел свет, јас само се концнтрирам да ги покачам моите приходи , за разлика од други кој првин дворот на комшијата го средуваат а уште својот двор го немаат средено.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јас ова го знам уште пред неколку години кога е донесен законокт за либерелизација што предвидува до 2015 години струјата да се купува по пазарни цени за домаќинствата што ќе биде поскапа дупло повеќе од денешнава цена, помирен сум со тој факт уште одамна како и со фактот дека и нафтата и другите енергенси ќе идат само нагоре тоа не се случува само во Македонија се случува и ќе се случува во цел свет, јас само се концнтрирам да ги покачам моите приходи , за разлика од други кој првин дворот на комшијата го средуваат а уште својот двор го немаат средено.
Не разбирам зошто доколку има слободен пазар на струја би било дупло поскапо.
Ево јас например отварам фирма за снабдување и увезувам струја од Украина по 3 денари.Нудам поволни пакети, 10 годишен договор по поволна цена од 5 денари, а ЕВН нуди струја од по 10 денари.Сите доаѓаат кај мене, украинците ми продаваат струја уште поефтино, пошто земам на големо, а ЕВН пропаѓа.
4.PROFIT!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не разбирам зошто доколку има слободен пазар на струја би било дупло поскапо.
Ево јас например отварам фирма за снабдување и увезувам струја од Украина по 3 денари.Нудам поволни пакети, 10 годишен договор по поволна цена од 5 денари, а ЕВН нуди струја од по 10 денари.Сите доаѓаат кај мене, украинците ми продаваат струја уште поефтино, пошто земам на големо, а ЕВН пропаѓа.
4.PROFIT!
.......probaj....;)
 
Први кој беа на удар односно го кркаа стапот со либерализацијата беа пред брзо време не повеќе од 3 години беа големите компании, кој почнаа да купуваат по пазарно цени и се утепаа од кукање дека неколку кратно струјата купена на пазарот ( европскиот пазар зборам не македонскиот) е поскапа од нашата струја тука така да толку од твојата приказна за тоа дека пазарна струја ќе е поефтина од сегашнава. Пред околку три години големите претпријатија се жалеа дека за повеќе од 100% е поскапа увезена струја што ја купувале од нашата што претходно ја користеле прогуглај или направи мубает со некој од топ менаџментот на големите претпријатија и прашај го го пред 5 години колку плакал за киловат струја а колку денес.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Грујо вели : 73020_454545651309_4043699_n.jpg
Латас одговара : 581064_10150854935220779_529947167_n.jpg
Македончето возвраќа: 547627_271879756228086_252414188174643_637176_883954383_n.jpg
А јас драги другарчиња само ке надополнам: 564214_361716840558755_532358628_n.jpg :од оваа држава....и кој вика дека треба да се сексаме,бар мене не ми треба секс бидејки: daily_picdump_981_640_12-1.jpg
И само ке ги прашам? : demotivator-branko-nikola-650x520.jpg
ве поздравувам со песничката
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Први кој беа на удар односно го кркаа стапот со либерализацијата беа пред брзо време не повеќе од 3 години беа големите компании, кој почнаа да купуваат по пазарно цени и се утепаа од кукање дека неколку кратно струјата купена на пазарот ( европскиот пазар зборам не македонскиот) е поскапа од нашата струја тука така да толку од твојата приказна за тоа дека пазарна струја ќе е поефтина од сегашнава. Пред околку три години големите претпријатија се жалеа дека за повеќе од 100% е поскапа увезена струја што ја купувале од нашата што претходно ја користеле прогуглај или направи мубает со некој од топ менаџментот на големите претпријатија и прашај го го пред 5 години колку плакал за киловат струја а колку денес.
Пријателе, колкава е царината за увезена струја?
Уствари батали таа работа, ова е битно:
Владата на Македонија, од седум на нула проценти ги намалила царинските давачки наменети за скии и даски за скијање, опрема за пинг-понг, рекети за тенис, гимнастички справи и слично. :facepalm:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Пријателе, колкава е царината за увезена струја?
Уствари батали таа работа, ова е битно:
Владата на Македонија, од седум на нула проценти ги намалила царинските давачки наменети за скии и даски за скијање, опрема за пинг-понг, рекети за тенис, гимнастички справи и слично. :facepalm:
Стотици милиони евра влегуваат во буџетот од акцизи и даноци на енергенсите. Не мора за струја да кажам колку е само ќе кажам дека речиси со 40% учествуваа акцизата и данокот во цената на нафтените деривати(Македонија не е ислкучок кај некој земји е и поголем тој %) но во Македонија има простор да се намали акцизата и царината за енергенси .Кај нас и да го намалат % на царина и акциза државата ќе ги има исти приливи од акциза и царина како пред неколку години затоа што основицата односно цената на енергенсите е покачена , вака со секое зголемување на пазарната цена на енергенсите за ист % и државата ќарува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom