Секоја година ќе има поскапување за 15-20% за жал на корисниците за среќа на Евн, Елем и Мепсо. Во 2015 година стапува во сила законот за либерелизација на струјата тогаш домаќинствата ке ја купуваат стујата по пазарни цени, а тоа ќе биде дупло поскапа цена од оваа денеска што ја имаме. За разлика кога порано струјата се третираше како социјална категорија во иднина нема да се рачуна веќе. Во иднина ќе биде луксуз да се грее на струја, алтернатива е гасот а со ова темпо на изградба на примарна и на секундарна мрежа тоа ке биде најбрзо за 5 години од сега. Мора да сфатиме дека волку струја колку што троши едно просечно македонско домаќинство, не троши ни едно германско домаќинство а они имаат 7 пати поголема плата од нас, да точно е дека во Германија добар дел од домакиствата трошат гас место струја за топлење за греење, готвење и сл, а кај нас уште нема алтернатива за што сносат одговорност сите влади 20 години ,подхитно владатаа треба да изгради гасоводен систем до домаќинствата само во тој случај може да останат исти или да се намалат трошоците за енергенси што ги плака едно домакинство само ова е долгорочно решение се друго е импровизација и не е долгорочно издржливо.