Македонците наjрелигиозни во Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Од овакви "истражувања" преку таквото ...

Од 10 мои добри другари само 2-ца можам да кажам дека се навистина се верници, другите воопшто не се заинтересирани за вера, а јас лично се сметам за атеист.

Не би ми било проблем и доколку некој би ме декларирал како христијанин, бидејќи потекнувам од такво поднебје и ги почитувам тие работи колку-толку. Сепак мислам дека религиите постепено се во изумирање, што според мене е позитивно за човештвото.
 
Ова истражувањево е мерено според фрекфенција на спомнување на Исус, Алах дневно/месечно или според фрекфенција на одење во верски објекти и почитување на религиските ќитапи?
 
Лани по социоло
Од овакви "истражувања" преку таквото ...

Од 10 мои добри другари само 2-ца можам да кажам дека се навистина се верници, другите воопшто не се заинтересирани за вера, а јас лично се сметам за атеист.

Не би ми било проблем и доколку некој би ме декларирал како христијанин, бидејќи потекнувам од такво поднебје и ги почитувам тие работи колку-толку. Сепак мислам дека религиите постепено се во изумирање, што според мене е позитивно за човештвото.
Грешка си, минатата година по социологија професорката ни донесе најнова статистика каде бројот на верници општо во светот се зголемува, како што се зголемува срањето кое го оптоварува истиот тој свет. Самата професорка беше атеист, итоа во вистинска смисла на зборот, често пати се контравме околу темата поврзана со религија
Иако кај нас има атеисти атеисти, шо имаат свои ставови (како на форумов некои на кои капа им сметнувам без разлика на тоа дали се согласуваме околу тие гледишта)сепак сметам дека повеќето од помалите се ванаби атеисти, оти сметаат дека е така кул,дека така би изгледале попаметни од останатите ( кои најчесто ги понижуваат и прават малоумни и така натака да не ја дрвам)
 
Мене, искрено, ваквите истражувања ми се промашени.... пред некоја година имаше „најсреќна нација“, „најзагрижена нација“ итн.... прво, овие категории генерално не се преносливи на цел ентитет шо не е личност, а второ, кои се мерливите параметри за споредба?

Тоа е исто ко сега некој да спроведе истражување која нација е најотпорна на болка, на пример, и тоа врз основа на лична проценка на испитаниците.... па, тоа се јуначки нации ќе испаднат....
 
mozebi samo na hartija se religiozni ili im e tesko da priznavaat. inace samo vo ovoj forum imas eden kup ateisti!
Тука се параат атеисти а у ствари во реалноста од црква не искачаат
 
А од каде им се податоциве? Ја знам многу луѓе што не дојдоа на ред за пописов ако им е од таму ова
 
Food for thought: 52 илјади лица во 57 земји во светот. Ѕирнете по нешто за статистика ако до толку не забележувате фундаментални фејлови.
 
Истражувањево да не го правеле по кладилници кај нас?
 
Можда сме најрелигиозни, ама затоа сме најмизерна земја.

Општо познато е дека во сиромашните земји најголем прогрес имаат:
- Банките;
- Лотаријата;
- Религијата;
Најрелигиозни сме затоа што сме најмизерни.
Лугето немаат веке надеж во ништо па се надеваат на чудо од господ да ги спаси, али и он изгледа ставил слушалки и го слуша џастин бибер па не може да ги слушне молитвите

:icon_lol:
 
Гарант е лажга истражувањето.

Изгледа никој не ги информирал дека сега во Мк е во мода да си атеист, фенг шуист, будист или ватевер, ама никако христијанин.
 
Колку што заприметив нагласија дека се земаше во предвид кој како се искажува, а не колку оди в црква и колку е побожен во реалноста. Да ме прашаа и мене и јас ќе речев дека сум христијанин а уствари во реалноста во црква одам кога ке умри некој и за свадба, некогаш дури и за Велигден.
По таа математика да може да испадни дека сме најрелигиозни, ама во реалноста освем по некоја бабичка која колку толку се држи до прописите, се друго е викенд верник.
Рака на срце малцинствата ни креваат на религиозност многу, кај нив е тоа сериозна работа, сепак 70 девици си се 70 девици и тука нема заебанција.
 
Ова ме уби :pos:
 
А да стават тие од Шител линк од "листата на држави по религиозност"?
И ме чуди како не нагласиле дека тоа е проект на владата, за зголемување на религиозноста во мк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom