Јок Влатче, морам да те поправам. При крајот на осумдесетите, во се поголемото развивање на национализмот во Хрватска, и општо во СФРЈ, неретко се дешавало во Сплит да се извади знаме БББ, луѓето од Загреб да одат таму да навиваат заедно против српските клубови на пример итн. и обратно секако, оние од Сплит да одат во Загреб. Познат е исто и еден транспарент направен од хрвати од Словенија, од местото Мурска собота, на кој едно до друго се наоѓаат имињата на двете групи т.е. Торцида и БББ.
Така да, тоа што можеби они се тепаат сега, што прават инциденти и фрки не значи дека се мразат од дното на душата затоа што се видело дека нешто може да ги обедини, за разлика од некои други.