Сакам да се информирам за една случка која ми се случи неодамна.(банална) За која навистина сум изреволтиран.
Имено мојот син кој има само 10 години играјќи со децата од комшиите кои се на возраст од 5 до 10 години, со својот велосипед турна едно од децата на возраст од 5 години несакајќи, затоа што истото дете му претрчало пред велосипедот. За среќа истата случка беше без последици и помина само со плачење на комшиското дете. Јас не бев во моментот дома но мојата сопруга ме извести дека таткото на турнатото дете се појавил на нашата врата и со закани и пцости дека ќе го натепа мојот син кој има само 10 години, и мислам дека е добро тоа што не сум бил дома во моментот. Наредниот ден добивам покана од полициска станица во која е наведено името на мојот син и дека треба да појдам на разговор заедно со мојот син во полициска станица со службено лице. Поканата ја добивам во 13,55часот а треба да се јавам во 14,00часот. На тоа јас стварно и се зачудив и го замолив службеното лице кое инаку го познавам да ме причека и без мојот син отидов во полициска станица. Службеникот кој ме повикуваше беше на состанок или само така ми беше речено незнам но сепак јас чекав пред неговата канцеларија повеќе од 1час.(доста нечовечки уште на самио почеток). Потоа пристигна службеникот и конечно после 15минути од неговото пристигнување ме прими во својата канцеларија. Таму бев известен дека мојот комшија поднесол пријава против моето дете од десет години дека наводно го удрил неговото со два боксови на што јас навистина и се насмејав можеби невкусно но се насмејав стварно кога службеникот ме праша каде е твојот син. Јас кажав дека е дома и дека немам ама баш никаква намера да го донесам детето во полициска станица за некаква детска банална расправија и да му стварам непотребни стресови. Прашав дали детето на комшијата е стварно толку повредено што комшијата поднесол пријава на што бев известен дека детето имало само една мала точка или гребаница која и да небила забележителна за која и се сомневам дека е добиена од случката за што поседувал и упат од специјалист хирург за што јас се насмејав повторно. Од мене беше побарано да кажам што знаам за случката и јас истото го направив и кажав дека: Мојот син возејќи велосипед кај детското игралиште несакајќи или повејќе не по негова вина го турнал детето на комшијата и дека истото го кренале со другарчината и го однеле дома. Дека комшијата бил пред мојата влезна врата во дворот и се заканувал дека ќе тепа дете од десет години и побарав истиот да биде предупреден. Ја потпишав изјавата и некој документ дека не барам бранител и бев подучен дека доколку го потпишам записникот ја признавам вината само која вина се чудам не го потпишав (ВИНА??? како најголем криминалец бидејќи додека чекав во ходникот и пред канцеларијата во која работеше мојот татко како полицаец сите оние службеници кои ме познаваат зачудено ме гледаа и ме прашуваа што сум направил навистина смешно нели). Моите комшии инаку разведени пред извесно време постојано имаа семејни проблеми и семејното насилство во нивната куќа беше како добро утро. Истиот тој комшија кој сопругата го напушти и остави со четири деца немајќи доволно време ги остави децата на милост и немилост на улицата закој доколку и кој нормален човек ја види таа слика ќе изрази длабоко сожалување. Какви се тие родители кога едниот ги напушти и замина без да го интересира ама баш ништо за своите деца а другиот поради економски причини таксист и неможе да им посвети доволно внимание и истите се оставени на многу стари баба и дедо. Како се чудам кое е таа родителска грижа кога незнаеш и не те интересира каде се твоите деца на возраст од 10, 7, и две близначина од 5години повеќе од 10саати. Ваквата слика е секојдневна и расправиите со комшиите секојдневие за тоа како деца како деца се удриле. Девојчето кое е на возраст од 7-8 години е до толкава мера истрауматизирано од расправиите и малтретирањата од страна на својата мајка што се плашам и дека личи на нормално дете. Накратко ви ја објаснив состојбата на вистина невообичаено НОРМАЛНО семејство или она што ние сите околу како комшии го гледаме.
Моето прашање е :
1. Како можам да се заштитам правно од непотребни и банални пријави спрема моето 10 годишно дете?
2. Дали можи, за што бев известен и од службеното лице дека ќе биде поднесена пријава, истата можи да биди поднесена?.
3. Дали треба да бидам известен дека е предупреден за заканите кои ги упатил?
4. И она најважното што не засега сите комшии, како можиме да им помогниме на децата кои се оставени на милост и немилост, за што да не бидат истепани постојано го лажат својот родител кој им верува и доста бурно реагира( се разбира помошта да биде институционална).
5. И доста ме интересира дали постапувањето на полицискиот службеник беше исправно?
6. И дали повикувањето на ДЕТЕ не малолетник, кое има само 10години е редовна пракса во полицијата за вакви банални расправии?( ако е така тогаш тешко на полицијата, затоа можеби и неможат да се зафатат со социопатолошките проблеми кои ги има и се во пораст во нашето општество).
Навистина ќе изгледа чудно ова мое пишување, но кога 40години не сте биле против законот туку сте биле од другата страна помагајќи го законот и сега наеднаш ве повикуваат во станица за што: дека децата се турнале додека играле, зарем и вие не би биле изреволтирани до таа мера што можеби би напишале и поголем текст од овој кој јас го напишав. Поздрав!