statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.617
Значи само едно мало потсетување, помош барање, request-ови за едитување и поставување туториали се добредојдени.
Барање торенти нема да биде дозволено.
Едит: темата е споена со нејзина слична, и пошо е постара од оваа, не се измешаа баш мислењата, може да ги разгледате (најпрвите мислења) има интересни ствари.
Едит2: како на пример ова
Барање торенти нема да биде дозволено.
Едит: темата е споена со нејзина слична, и пошо е постара од оваа, не се измешаа баш мислењата, може да ги разгледате (најпрвите мислења) има интересни ствари.
Едит2: како на пример ова
Се прашувате како може некој да се разубави со помош на фотошоп? Еве како. Секоја фотографија има посебни делови кои треба да бидат обработани за да изгледа добро. Во овој водич ќе ви го прикажам процесот како да ја добиете сликата десно од сликата на левата страна.
Ај да почниме.
Прво ги забележуваме работите кои не чинат на сликава:
(кликни за поголема верзија)
• Тонот на кожата не чини.
• Женската ми изгледа уморна.
• Белата јакна не е бела, повеќе ми е сина.
• Очите не се во фокус.
• Косата ми изгледа дека е зелена на многу места и сликата пати од лоша компресија.
Секако, овие чекори кои ќе ги покажам не важат за сите слики. Ќе ви покажам одредени техники и вие ќе одлучите што каде да употребите.
Прво на оваа слика сакам да ги поправам боите. Додавам adjustment layer (го има во layer palette) за Selective Color. Потоа морам да определам отприлика кои бои ќе изгледаат најдобро. Јас ги одбрав следниве бои:
Со ова ги поправам боите на кожата на сликата. Ама исто ми го направи белото на десно рамо премногу жолто, па го повторив истиов процес со друг adjusment layer.Код:Colors: Reds (Cyan: -17, Magenta:-4, Yellow:+17) Colors: Yellows (Cyan: -74, Magenta:+58, Yellow:+21) Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-9, Yellow:+3)
Направете така со селектирање на layer mask покажано погоре и нанесете боја на оние места каде не сакате да бидат поправени со црна четка.
Сега додадете го вториот Adjustment layer за Selective color. За ова јас ги одбрав боите вака:
[vode]
Colors: Cyans (Cyan: -100, Magenta:-12, Yellow:+6)
Colors: Blues (Cyan: -100, Magenta:-89, Yellow:-3)
Colors: Whites (Cyan: -21, Magenta:-13, Yellow:-8)[/code]
За маската на овој layer, пополнете го со црно и исфарбајте ја јакната со бела четка.
И третиот Adjustment layer за Selective color. Мораме да го поправиме синиот дел од долниот дел на јакната. Јас ги подесов боите вака:
Пополнете ја маската со црна боја и обојте ги сините делови од јакната со црна четка.Код:Colors: Yellows (Cyan: +31, Magenta:-100, Yellow:-100) Colors: Blues (Cyan: -80, Magenta:-100, Yellow:-54) Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-28, Yellow:-26)
Додајте уште еден последен Adjustment layer за Selective color. Ова ќе послужи за косата.
Направете со маската за целата коса да биде само бела.Код:Colors: Reds (Cyan: +1, Magenta:+7, Yellow:+30) Colors: Yellows (Cyan: -100, Magenta:-100, Yellow:-21) Colors: Greens (Cyan: -100, Magenta:+100, Yellow:-100, Black:+100) Colors: Cyans (Cyan: -67, Magenta:-64, Yellow:-100) Colors: Blues (Cyan: -73, Magenta:+53, Yellow:+67) Colors: Whites (Cyan: 0, Magenta:0, Yellow:-4)
Очите
Очите обично требаат да имаат голем контраст светлиот и темниот дел. Со ова додаваме боја на ирисот.
Додај Adjustment layer for Levels. Јас ги наместив вака:
Намести го layer opacity на 40%, потоа обои ги очите со црната четка.Код:Channel: RGB (Input levels: 0 / 0,62 / 173) Channel: Red (Input levels: 61 / 1,18 / 255)
Додај Adjustment layer за Color Balance. Јас ги подесов вака:
Спореди: (Оригиналот е лево)Код:Shadows: Color levels (-17,+9,+11) Midtones: Color levels (-13,+26,+44) Highlights: Color levels (-8,+20,+29) Подеси го layer opacity на 68% и обој го ирисот со бело.
Чистење на кожата
Најпрвин ќе ги тргнеме најголемите дамки со patch toolset to source. Кружете околу дамките со одење кон чистите делови од кожата со исти кожен тон. Многу е важно да не се изгуби кожната текстура. Потоа користи ја clone tool со hardness 0%. Четка со големина од 40 px е сосем доволна за оваа фотографија. Со ова исто ќе ги тргнеме и сенките кои ги има под очите и околу носот. Потоа ја користиме dodge toolсо low expusure за да ги осветлиме некои делчиња од длабоките сенки. Сега земете ја lasso tool со feather од 10-14 и селектирајте го челото, брадата и образите. Копирајте ги селектираните работи во нов layer. Потоа уклучете smart blur со овие сетинзи:
Radius: 3, Threshold: 25, Quality: High, Mode: Normal
Виртуелна операција
Сега е време за оперирање. Собери ги сите layer-и. Донеси го Liquify dialog кој се наоѓа во Filter menu. Намести brush pressure на 50. Она што сакам сега да го направам е да ги зголемам очите за сосем малку. Одбери ја ракатаи развлечи ги малку надворешностите од окото за сосем малку од ирисот. Ама не ги чепкај воопшто внатрешните делови. Потоа ги смалувам брадата и челото за сосем малку, прави го сосем внимателно со курсорот одејќи по контурите на лицето. Сега за усните користев smudgetool со 10% strength и ги развлечкав одозгора надолу и после користев brushtool со size 1 и very low opacity, и накрај нацртав неколку highlights.
Завршен дел
Додај Adjustment layer for Color balance. И намести ги следниве:
Потоа со бело размачкај ги со brush усните.Код:Shadows: Color levels (+6,-9,+9) Midtones: Color levels (-5,-1,+4) Highlights: Color levels (+9,+4,-1)
Додај уште еден Adjustment layer for Color balance и користи ги следниве сетинзи:
Сега собери ги сите и оди во Filter menu, побарај Sharpen и селектирај Unsharp mask. Користи ги овие сетинзи:Код:Shadows: Color levels (+6,+1,-9) Midtones: Color levels (+8,-3,-5) Highlights: Color levels (0,0,0)
И накрај само ќе ја исечам малку сликава.Код:Amount: 131% Radius: 0,4 pixels Threshold: 7 pixels
И еве го крајниот резултат.
Меѓутоа ова не важи за секого. На пример, многу пати сум се обидел да го разубавам Princ и не сум успеал.