Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Значи само едно мало потсетување, помош барање, request-ови за едитување и поставување туториали се добредојдени.
Барање торенти нема да биде дозволено. :)
Едит: темата е споена со нејзина слична, и пошо е постара од оваа, не се измешаа баш мислењата, може да ги разгледате (најпрвите мислења) има интересни ствари.
Едит2: како на пример ова :D

Се прашувате како може некој да се разубави со помош на фотошоп? Еве како. Секоја фотографија има посебни делови кои треба да бидат обработани за да изгледа добро. Во овој водич ќе ви го прикажам процесот како да ја добиете сликата десно од сликата на левата страна.



Ај да почниме.
Прво ги забележуваме работите кои не чинат на сликава:
(кликни за поголема верзија)

• Тонот на кожата не чини.
• Женската ми изгледа уморна.
• Белата јакна не е бела, повеќе ми е сина.
• Очите не се во фокус.
• Косата ми изгледа дека е зелена на многу места и сликата пати од лоша компресија.

Секако, овие чекори кои ќе ги покажам не важат за сите слики. Ќе ви покажам одредени техники и вие ќе одлучите што каде да употребите.

Прво на оваа слика сакам да ги поправам боите. Додавам adjustment layer (
го има во layer palette) за Selective Color. Потоа морам да определам отприлика кои бои ќе изгледаат најдобро. Јас ги одбрав следниве бои:
Код:
Colors: Reds (Cyan: -17, Magenta:-4, Yellow:+17)
Colors: Yellows (Cyan: -74, Magenta:+58, Yellow:+21)
Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-9, Yellow:+3)
Со ова ги поправам боите на кожата на сликата. Ама исто ми го направи белото на десно рамо премногу жолто, па го повторив истиов процес со друг adjusment layer.


Направете така со селектирање на layer mask покажано погоре и нанесете боја на оние места каде не сакате да бидат поправени со црна четка.

Сега додадете го вториот Adjustment layer за Selective color. За ова јас ги одбрав боите вака:
[vode]
Colors: Cyans (Cyan: -100, Magenta:-12, Yellow:+6)
Colors: Blues (Cyan: -100, Magenta:-89, Yellow:-3)
Colors: Whites (Cyan: -21, Magenta:-13, Yellow:-8)[/code]

За маската на овој layer, пополнете го со црно и исфарбајте ја јакната со бела четка.

И третиот Adjustment layer за Selective color. Мораме да го поправиме синиот дел од долниот дел на јакната. Јас ги подесов боите вака:
Код:
Colors: Yellows (Cyan: +31, Magenta:-100, Yellow:-100)
Colors: Blues (Cyan: -80, Magenta:-100, Yellow:-54)
Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-28, Yellow:-26)
Пополнете ја маската со црна боја и обојте ги сините делови од јакната со црна четка.

Додајте уште еден последен Adjustment layer за Selective color. Ова ќе послужи за косата.
Код:
Colors: Reds (Cyan: +1, Magenta:+7, Yellow:+30)
Colors: Yellows (Cyan: -100, Magenta:-100, Yellow:-21)
Colors: Greens (Cyan: -100, Magenta:+100, Yellow:-100, Black:+100)
Colors: Cyans (Cyan: -67, Magenta:-64, Yellow:-100)
Colors: Blues (Cyan: -73, Magenta:+53, Yellow:+67)
Colors: Whites (Cyan: 0, Magenta:0, Yellow:-4)
Направете со маската за целата коса да биде само бела.

Очите
Очите обично требаат да имаат голем контраст светлиот и темниот дел. Со ова додаваме боја на ирисот.
Додај Adjustment layer for Levels. Јас ги наместив вака:
Код:
Channel: RGB (Input levels: 0 / 0,62 / 173)
Channel: Red (Input levels: 61 / 1,18 / 255)
Намести го layer opacity на 40%, потоа обои ги очите со црната четка.

Додај Adjustment layer за Color Balance. Јас ги подесов вака:
Код:
Shadows: Color levels (-17,+9,+11) 
Midtones: Color levels (-13,+26,+44) 
Highlights: Color levels (-8,+20,+29) 
Подеси го layer opacity на 68% и обој го ирисот со бело.
Спореди: (Оригиналот е лево)


Чистење на кожата
Најпрвин ќе ги тргнеме најголемите дамки со patch tool
set to source. Кружете околу дамките со одење кон чистите делови од кожата со исти кожен тон. Многу е важно да не се изгуби кожната текстура. Потоа користи ја clone tool со hardness 0%. Четка со големина од 40 px е сосем доволна за оваа фотографија. Со ова исто ќе ги тргнеме и сенките кои ги има под очите и околу носот. Потоа ја користиме dodge tool
со low expusure за да ги осветлиме некои делчиња од длабоките сенки. Сега земете ја lasso tool со feather од 10-14 и селектирајте го челото, брадата и образите. Копирајте ги селектираните работи во нов layer. Потоа уклучете smart blur со овие сетинзи:

Radius: 3, Threshold: 25, Quality: High, Mode: Normal

Виртуелна операција
Сега е време за оперирање. Собери ги сите layer-и. Донеси го Liquify dialog кој се наоѓа во Filter menu. Намести brush pressure на 50. Она што сакам сега да го направам е да ги зголемам очите за сосем малку. Одбери ја раката
и развлечи ги малку надворешностите од окото за сосем малку од ирисот. Ама не ги чепкај воопшто внатрешните делови. Потоа ги смалувам брадата и челото за сосем малку, прави го сосем внимателно со курсорот одејќи по контурите на лицето. Сега за усните користев smudgetool со 10% strength и ги развлечкав одозгора надолу и после користев brushtool со size 1 и very low opacity, и накрај нацртав неколку highlights.

Завршен дел

Додај Adjustment layer for Color balance. И намести ги следниве:
Код:
Shadows: Color levels (+6,-9,+9) 
Midtones: Color levels (-5,-1,+4) 
Highlights: Color levels (+9,+4,-1)
Потоа со бело размачкај ги со brush усните.

Додај уште еден Adjustment layer for Color balance и користи ги следниве сетинзи:
Код:
Shadows: Color levels (+6,+1,-9) 
Midtones: Color levels (+8,-3,-5) 
Highlights: Color levels (0,0,0)
Сега собери ги сите и оди во Filter menu, побарај Sharpen и селектирај Unsharp mask. Користи ги овие сетинзи:
Код:
Amount: 131%
Radius: 0,4 pixels
Threshold: 7 pixels
И накрај само ќе ја исечам малку сликава.

И еве го крајниот резултат.



Меѓутоа ова не важи за секого. На пример, многу пати сум се обидел да го разубавам Princ и не сум успеал.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Туторијал за тоа како да го постигнете текст ефектот од филмот трон.
Најпрво пред да започнете со работа ќе ви треба фонтот од трон кој што може да го симнете од тука

1. Отворете нова страна со големина според ваша желба. Во случајов 800х800 и обоетe ја страната со црна боја.
2. Со текст алатката напишете текст по ваш избор. Одберете го
фонтот Tron со големина 150 и обоете го со бојата #216ea4



3.За да добиеме посветла боја слојот со текст ќе го копирате еднаш и ќе го имените Tron Add. Текст слојот Tron ќе биде под Tron Add и слојот Tron Add ќе го ставите во Blending Mode-Linear Dodge (Add)




4.Копирајте го уште еднаш текст слојот Tron. И додадете Filter>Blur>Gaussian Blur. Со радиус 9.
Четвртиот чекор повторете го уште 2 пати или повеќе со различен радиур пр:9,12,15. И сите слоеви во кој што додадовте Gaussian Blur blending mode-от сменете го на Linear Dodge (Add). И ќе добиете солиден текст ефект како во следната слика:



5. Во овој чекор ќе направиме 3Д текст со Фотошоп. За ова ви треба CS5 верзијата (или cs4 не ми текнува дали ја има 3D>Repousse>Text Layer опцијата)
Значи уште еднаш ќе го копирате текст Слојот Tron.
Ќе го ставете под сите текст слоеви и ќе одите на: 3D>Repousse>Text Layer
Од опцијите Depth сменете на 3 и нежно притиснете ок :)



6. Следниот чекор е по желба. Ако сакате може да го прескокнете и само 3Д текстот да го направете транспарентен 50-80 зависи од вас.
Значи ќе симнете сликата што ја направив како материјал.
Сега ќе клилкнете 2 пати во 3Д текстот ќе ви се појави следното прозорче:

Како што веќе покажува на сликата ќе одберете Еxtrusion и во Diffuse на папката ќе килкнете и ќе го отворете сликата што ја дадов погоре.
И одкако ќе го ставете сликата ќе идете на Edit Properties и ќе додатете следните вредности:

пс: Вредностите се според големинта на тесктот. Во зависност од големината на текстот вредносите ќе бидар разични.

Ќе кликнете ок и ќе го затворете 3Д менито.
Како што веќе кажав на 3Д текст слојот Opacity ќе направите да е околу 70-80.
И ќе добиете нешто слично како ова:



Тоа е се.
Може под сите слоеви да направете нов празен слој. Да селектира со Eliptical Marquee Tool кругче во средината и потоа одетe: Select>Modify>Feather и додате Feather околу 90. и притиснете ок. Додека селекцијата сеуште трае одберете слични бои како ова
и одете на Filter>render>clouds.
Намалете Opacity на 30 или повеќе колку вие сакате и ќе добиете не толку проста црна позадина.
Се надевам дека ќе биде корисно за некого :)))
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Одличен туторијал браво! Можам само да замислам колку време си потрошил на состаување, на одбирање слики, за сето тоа на крај да изгледа како прав туторијал оти и јас имам правено и знам дека одзема мноооогу време. Предлагам секој кој може и сака и има нешто интересно да го направи вака како туторијалче и да го постира тука на темава, да ја заживееме малце :)

Инаку мене денеска ми текна да си направам еден мој каталог онака убав, фенси :) за сите документарни емисии што ги имам на двд или на хард а не планирам да ги бришам односно ќе си ги чувам како моја лична кинотека :) . Со сликичка од двд-то на емисијата, со кратка информација и линк до имдб ако има. Имав еден список во ексел ама кога го отворив денеска сретнав многу емисии што сум ги избришал и не им е веќе местото во списокот. Па после ми текна и за омотите/сликите и така добив идеја за каталогов. Следниве неколку дена ќе бидам слободен и ќе почнам да го правам :).
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Одличен туторијал браво! Можам само да замислам колку време си потрошил на состаување, на одбирање слики, за сето тоа на крај да изгледа како прав туторијал оти и јас имам правено и знам дека одзема мноооогу време. Предлагам секој кој може и сака и има нешто интересно да го направи вака како туторијалче и да го постира тука на темава, да ја заживееме малце :)

Инаку мене денеска ми текна да си направам еден мој каталог онака убав, фенси :) за сите документарни емисии што ги имам на двд или на хард а не планирам да ги бришам односно ќе си ги чувам како моја лична кинотека :) . Со сликичка од двд-то на емисијата, со кратка информација и линк до имдб ако има. Имав еден список во ексел ама кога го отворив денеска сретнав многу емисии што сум ги избришал и не им е веќе местото во списокот. Па после ми текна и за омотите/сликите и така добив идеја за каталогов. Следниве неколку дена ќе бидам слободен и ќе почнам да го правам :).
За вакви работи не се користеше Illustrator?
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Комита Ултрас напиша:
многу текст без ниедна слика :)
Многу подобро би ти било да отвориш нова тема пример ФОТОШОП ЗА ПОЧЕТНИЦИ и таму да го пишеш ова и со повеќе слики, примери, алатки.... вака не го личи :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.023
Многу подобро би ти било да отвориш нова тема пример ФОТОШОП ЗА ПОЧЕТНИЦИ и таму да го пишеш ова и со повеќе слики, примери, алатки.... вака не го личи :)
Да нема многу теми затоа до вечер ќе има слики ;)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Мислам дека фотошоп ти е доволно.
Само како ќе биде со додавање нови страници...или само да си направам темплејт за различни категории и после лесно да си додавам нови страници? На крај сакам да биде во пдф формат и како ставам нови филмови да си додавам страници на пдф документот. Може два пдф-а да се спојуваат во еден?
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Само како ќе биде со додавање нови страници...или само да си направам темплејт за различни категории и после лесно да си додавам нови страници? На крај сакам да биде во пдф формат и како ставам нови филмови да си додавам страници на пдф документот. Може два пдф-а да се спојуваат во еден?
Да почнам со последното прашање го сфатив најдобро. Тоаможеш со Adobe Acrobat Pro да едитираш PDF документи. Но ок е и да зачуваш во psd фајл и како правиш update така само додаваш и save.
A за тоа да додаваш нови страници мислиш како да направиш pdf со повеќе страници? или?
дополнето од модератор
нема или...дискусијава нека заврши тука, офтопик на кило
 

Kajgana Shop

На врв Bottom