Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
p.s. Ficoto e moja kreacija malce e amatersko more malce poveke ama so da pravis
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
DuFFy напиша:
p.s. Ficoto e moja kreacija malce e amatersko more malce poveke ama so da pravis
Ставиго тука како поголема слика.... да видиме точно што си направил....:icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.060
Поени од реакции
11.239
Adobe Photoshop: Како да направам?

Се прашувате како може некој да се разубави со помош на фотошоп? Еве како. Секоја фотографија има посебни делови кои треба да бидат обработани за да изгледа добро. Во овој водич ќе ви го прикажам процесот како да ја добиете сликата десно од сликата на левата страна.



Ај да почниме.
Прво ги забележуваме работите кои не чинат на сликава:
(кликни за поголема верзија)

• Тонот на кожата не чини.
• Женската ми изгледа уморна.
• Белата јакна не е бела, повеќе ми е сина.
• Очите не се во фокус.
• Косата ми изгледа дека е зелена на многу места и сликата пати од лоша компресија.

Секако, овие чекори кои ќе ги покажам не важат за сите слики. Ќе ви покажам одредени техники и вие ќе одлучите што каде да употребите.

Прво на оваа слика сакам да ги поправам боите. Додавам adjustment layer (
го има во layer palette) за Selective Color. Потоа морам да определам отприлика кои бои ќе изгледаат најдобро. Јас ги одбрав следниве бои:
Код:
Colors: Reds (Cyan: -17, Magenta:-4, Yellow:+17)
Colors: Yellows (Cyan: -74, Magenta:+58, Yellow:+21)
Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-9, Yellow:+3)
Со ова ги поправам боите на кожата на сликата. Ама исто ми го направи белото на десно рамо премногу жолто, па го повторив истиов процес со друг adjusment layer.


Направете така со селектирање на layer mask покажано погоре и нанесете боја на оние места каде не сакате да бидат поправени со црна четка.

Сега додадете го вториот Adjustment layer за Selective color. За ова јас ги одбрав боите вака:
[vode]
Colors: Cyans (Cyan: -100, Magenta:-12, Yellow:+6)
Colors: Blues (Cyan: -100, Magenta:-89, Yellow:-3)
Colors: Whites (Cyan: -21, Magenta:-13, Yellow:-8)[/code]

За маската на овој layer, пополнете го со црно и исфарбајте ја јакната со бела четка.

И третиот Adjustment layer за Selective color. Мораме да го поправиме синиот дел од долниот дел на јакната. Јас ги подесов боите вака:
Код:
Colors: Yellows (Cyan: +31, Magenta:-100, Yellow:-100)
Colors: Blues (Cyan: -80, Magenta:-100, Yellow:-54)
Colors: Whites (Cyan: -100, Magenta:-28, Yellow:-26)
Пополнете ја маската со црна боја и обојте ги сините делови од јакната со црна четка.

Додајте уште еден последен Adjustment layer за Selective color. Ова ќе послужи за косата.
Код:
Colors: Reds (Cyan: +1, Magenta:+7, Yellow:+30)
Colors: Yellows (Cyan: -100, Magenta:-100, Yellow:-21)
Colors: Greens (Cyan: -100, Magenta:+100, Yellow:-100, Black:+100)
Colors: Cyans (Cyan: -67, Magenta:-64, Yellow:-100)
Colors: Blues (Cyan: -73, Magenta:+53, Yellow:+67)
Colors: Whites (Cyan: 0, Magenta:0, Yellow:-4)
Направете со маската за целата коса да биде само бела.

Очите
Очите обично требаат да имаат голем контраст светлиот и темниот дел. Со ова додаваме боја на ирисот.
Додај Adjustment layer for Levels. Јас ги наместив вака:
Код:
Channel: RGB (Input levels: 0 / 0,62 / 173)
Channel: Red (Input levels: 61 / 1,18 / 255)
Намести го layer opacity на 40%, потоа обои ги очите со црната четка.

Додај Adjustment layer за Color Balance. Јас ги подесов вака:
Код:
Shadows: Color levels (-17,+9,+11) 
Midtones: Color levels (-13,+26,+44) 
Highlights: Color levels (-8,+20,+29) 
Подеси го layer opacity на 68% и обој го ирисот со бело.
Спореди: (Оригиналот е лево)


Чистење на кожата
Најпрвин ќе ги тргнеме најголемите дамки со patch tool
set to source. Кружете околу дамките со одење кон чистите делови од кожата со исти кожен тон. Многу е важно да не се изгуби кожната текстура. Потоа користи ја clone tool со hardness 0%. Четка со големина од 40 px е сосем доволна за оваа фотографија. Со ова исто ќе ги тргнеме и сенките кои ги има под очите и околу носот. Потоа ја користиме dodge tool
со low expusure за да ги осветлиме некои делчиња од длабоките сенки. Сега земете ја lasso tool со feather од 10-14 и селектирајте го челото, брадата и образите. Копирајте ги селектираните работи во нов layer. Потоа уклучете smart blur со овие сетинзи:

Radius: 3, Threshold: 25, Quality: High, Mode: Normal

Виртуелна операција
Сега е време за оперирање. Собери ги сите layer-и. Донеси го Liquify dialog кој се наоѓа во Filter menu. Намести brush pressure на 50. Она што сакам сега да го направам е да ги зголемам очите за сосем малку. Одбери ја раката
и развлечи ги малку надворешностите од окото за сосем малку од ирисот. Ама не ги чепкај воопшто внатрешните делови. Потоа ги смалувам брадата и челото за сосем малку, прави го сосем внимателно со курсорот одејќи по контурите на лицето. Сега за усните користев smudgetool со 10% strength и ги развлечкав одозгора надолу и после користев brushtool со size 1 и very low opacity, и накрај нацртав неколку highlights.

Завршен дел

Додај Adjustment layer for Color balance. И намести ги следниве:
Код:
Shadows: Color levels (+6,-9,+9) 
Midtones: Color levels (-5,-1,+4) 
Highlights: Color levels (+9,+4,-1)
Потоа со бело размачкај ги со brush усните.

Додај уште еден Adjustment layer for Color balance и користи ги следниве сетинзи:
Код:
Shadows: Color levels (+6,+1,-9) 
Midtones: Color levels (+8,-3,-5) 
Highlights: Color levels (0,0,0)
Сега собери ги сите и оди во Filter menu, побарај Sharpen и селектирај Unsharp mask. Користи ги овие сетинзи:
Код:
Amount: 131%
Radius: 0,4 pixels
Threshold: 7 pixels
И накрај само ќе ја исечам малку сликава.

И еве го крајниот резултат.



Меѓутоа ова не важи за секого. На пример, многу пати сум се обидел да го разубавам Princ и не сум успеал.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Андроник напиша:
Чистење на кожата
Најпрвин ќе ги тргнеме најголемите дамки со patch tool
set to source. Кружете околу дамките со одење кон чистите делови од кожата со исти кожен тон. Многу е важно да не се изгуби кожната текстура. Потоа користи ја clone tool со hardness 0%. Четка со големина од 40 px е сосем доволна за оваа фотографија. Со ова исто ќе ги тргнеме и сенките кои ги има под очите и околу носот. Потоа ја користиме dodge tool
со low expusure за да ги осветлиме некои делчиња од длабоките сенки. Сега земете ја lasso tool со feather од 10-14 и селектирајте го челото, брадата и образите. Копирајте ги селектираните работи во нов layer. Потоа уклучете smart blur
Најважно е да не се изгуби кожната текстура. Ако не користите patch tool за „бришење“ на дамките, тогаш лицето ќе изгледа премногу пластично и вештачко.

Одлична тема Андроник. Тука ќе може да ги закачите и сликовито (step by step) да ги објасните сите разубавувања што ќе ги направите користејќи Photoshop. Одлична алатка и одлична тема од која навистина има што да се научи.
 
P

Princ

Гостин
Adobe PhotoShop: Како да направам?

Овде ќе може да видите како се прават некои работи во PhotoShop и да разменувате знаења и искуства а пред се, да научите нешто.
 
P

Princ

Гостин
На првиот "час", ќе ви покажам како да си направите планета :)

1. Отвори нов фајл. File --> New со црна позадина и со големина од 600x600 пиксели.



2. Селектирај Elliptical Marquee Tool.



и направи круг



3. Оди на Filters -> Render -> Clouds и треба да го добиеш ова:



4. Удри D на тастатурата за да се заменат главните бои. После оди на Image -> Adjustments -> Levels и играј со подесувањата.



5. Оди на Filters -> Distort -> Sphearize и само кликни ОК.



6. CTRL + Click на лејерот и кликни со десен клик на кругот и одбери Select Inverse. Потоа, кликни повторно со десен клик на кругот и одбери Feather. Одбери 2 пиксели.

7. Оди на Image -> Adjustments -> Color Balance и играј со боите. Не сакам да ви сугестирам бројки. Твоја планета е и направи си ја точно онаква каква што си ја сакаш.

8. Направи дупликат од лејерот. Filter -> Blur -> Radial Blur. Играј со бројките, направи го два пати ако има потреба. Ова е "матноста" на планетата.

9. Селектирај го лејерот на првата планета. Оди на Filter -> Blur -> Gaussian Blur и играј со бројките. Ова е "позадината" на планетата.

10. Јас ова го направив.



Јас сум happy со мојата планета :) Зарем не е убаво чуството кога знаеш дека некаде постои твоја планета? :P
И ако сакате закачете ги и вашите планети, па да видиме што сме направиле :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Двете теми, покрај тоа што се одлични се и слични, па затоа ги споив. Иста е намената. Едукација и помош.
Се надевам дека нема да се налутиш Принц. :wink:
 
P

Princ

Гостин
Андроник напиша:
Меѓутоа ова не важи за секого. На пример, многу пати сум се обидел да го разубавам Princ и не сум успеал.
hahaha, me nasmea per. fala :*. nego jas sum prirodno lepotan be. sto ke popravas kaj mene :P
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Pa go zedov od Saturno ja izbrisav saturn samo prstenot go ostaviv. Pa malce sminkanje (blur, color balance...znajs se to) :) Probvev sam da go napram ama mn vestacki idase, i se iznervirav pa go zedov od Saturn.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Dechki seto ubvavo, ama ke ve zamolam slikite da ne gi stavate vaka direktno na forumot oti nekogash internetot u centralna Makedonija znae da ja tupi, plus pominat e i limitot na transfer :)
Jas bi sakal da ostavite nekoi strani zza Photoshop...
 
P

Princ

Гостин
Dejan] напиша:
Dechki seto ubvavo, ama ke ve zamolam slikite da ne gi stavate vaka direktno na forumot oti nekogash internetot u centralna Makedonija znae da ja tupi, plus pominat e i limitot na transfer :)
Jas bi sakal da ostavite nekoi strani zza Photoshop...
bidejki na ovoj topik sakam nekoj sto se interesira za ova da nauci nesto novo, mora da ima sliki (i toa mnogu) i toa e neizbezno :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom