Истите начини биле велиш а? Значи денес може да одиш на кванташки и да си купиш два три робови да ти работат низ дома или на имотот?!
Да прочиташе малку за феудалниот систем, за правата на луѓето во тоа време пред неколку векови, за правата на жените, за должината на просечниот човечки живот, за достапноста до информации, за правото на слободно изразување и слично! Па после да дојдеш и да направиме една споредба во кој период од историјата, човечкиот живот имал најголем квалитет, може?
Твојот ентузијазам ми се ареса.... Чист, идеалистички, и у глобала ного позитивен.. Сега не одеш на кванташки да си купеш робове, одеш на веб страна да речеме за фрии ленсер и си ги купуваш неговите услуги.... Е сега не си нехуман со него, оти втор пат нема да можеш да си најмеш човеци да ти терат работите...
Исто може да си најдеш човеци стално да ти работат на имото... секое лето се наваѓат по неколку души шо работат било шо по дома оти ние самите не може да смогнеме.. ама плаќаш си и се однесуваш културно со них, оти нема да дојдат втор пат.
Правата на жените са нужно зло.. Де јуре се можат да прават, де факто оште живееме у свет на тестостерон.. И една жена да биде на исто ниво со еден маж, она требе по автоматизам да биде 10 пати подобра.. Еднаквост? Ај донт тинк со...
Должината на просечнио човечки живот се базира на напредните технологии у медицината (технолошки развој, нема си врска со уредувањето на власта)... А начино на нивното користејне го диктират одреден круг на човеци..
И тогај и денеска постое цензура.. Суптилна, у видоизменета форма ама постое.. Некои нешта просто требе да си останат недокажани... Лична забелешка и искуство.. Не обврзувам никој со неа... Ама си е факт, кој носе не толку добри нешта за фамилијата како целина и дел на нашето слободно општество... проверено од прва рака
Затоа за изјаснување слободно мисли и споделување на информации со другите човеци, само зашто е праведно да се напраа тава, ќе ти обезбеде место у Шутка...
За достап на информациите, дали тава е резултат на технолошки напредок, или голем поклон за сите нас од самата власт??
Дали самио достап на информацијата е резултат на нерегулиран начин на споделување од страна на властите?
И зашо упорно властите се обидуват да го контролират протоко на информации, прочитај за македонските ИСП и МВР... Интересно четиво...
Не сам историчар, ама од ќеф сам прочитал кој как и шо живеал у тија времиина... Единственото нешто шо се мене са технологиите... Властодржците само метаморфозират од една форма у друга и владеат со народо со исти методи...
За човекови права не ми говори... Човекови права има на хартија.. Никој не го боле за човековите права коа работата опира до финансиски средства.
А за квалитет на живот, тогај и денеска, тава са две немерливи величини... Други технологии за преживување.
пс. Не оди толку нападно наеднаш... не го пишам јас оваа туку така...