Еј ај не ме нервирај како прво немам „14 годинки“ изгледа дека ти имаш сакаш факти за нешто што и ти знаеш дека е така ама само отвараш простор за да муабетиш и да лечиш комплекси!! Како може Сирија kога има далеку послаба војска од Турција,плус Турција е во НАТО пактот ги има најновите и најсовремени технологии и повеќе вложува во набавка на орудија,еве ти еден доказ да видиш опременоста на војската на ранг листа и ќе видиш дека не си у право и дека ти гледаш Полат!
http://www.globalfirepower.com/ sweet dreams and beautiful nightmare!!!!
Дечки, не се работи за Поларис, тој не знае да состави ваков пост.
А сега Макаров, да разјасниме 2-3 нешта.
Бројноста на една армија нема врска со нејзината реална моќ.
Опременоста со модерна технологија исто така не влијае многу, ако не се употреби правилна тактика и стратегија. Примери низ историјата има полно, каде многубројни армии биле катастрофално поразувани од далеку помалубројни.
Сирија не поседува некои си модерни оружја (освен дел од нејзината ПВО), како авиони од 4 генерација (иако има неколку застарени Миг-29ки), или тенкови како Абрамсот или Т-90ката, но од друга страна ниту Турција поседува авиони кои може да се натпреваруваат со оние што ги поседуваат моќните сили како САД, Русија, Британија...
Кога во предвид би се зела Сириската ПВО, ниту еден Турски авион не би успеал да навлезе подлабоко од триесетина километри во Сириски воздушен простор.
Тоа е едната предност на Сирија во однос на Турција. Втората предност е што Сирија поседува хемиски оружја, кои во евентуална војна и тоа како би имале големо влијание врз непријателот.
Големиот број на балистички ракети (се спомнува трицифрена бројка) што ги поседува Сирија се уште една голема предност во однос на Турција која и да нема соодветна одбрана против таква закана.
Она што може да се заклучи е дека Турција би претрпела огромни загуби уште од првиот ден кога Турција ќе ја нападне Сирија.
Пред да го спомниш НАТО, да те потсетам дека досега Русија и Кина три пати ставија вето во СБ на ООН во корист на Сирија и дека за НАТО да реагира, прво една од земјите членки треба да биде нападната.