Сѐ за протеините

  • Креатор на темата Stef Bachatero
  • Време на започнување
S

Stef Bachatero

Гостин
Протеините се наоѓаат во сите клетки во нашите организми и се потребни за есенцијалните функции на нашето тело како што се спречување инфекции,транспортирање кислород,катализирање метаболични функции,градење/поправка на ткива и контракција на мускулите.Амино киселините градбените материјали на протеините и како тоа се потребни за живот.Има 20 аминокиселини во протеините и сите се потребни на нашето тело за протеинска синтеза(градење на нови протеини).Главно 8 од нив се есенцијални се најбитни затоа што телото не може да ги синтентизира и мора да ги внесуваме од различни извори.Потоа изворите во нашето тело се многу мали и мора да се конзумираат во одредени дневни количини,ако не се внесува се намалува протеинската синтеза и се губи мускулна маса(главно од недоволен внес на амино-кс кој се потребни за репарација на мускулните ткива)исто така и намалена функција на мускулите(главно од намалено производство на хормони,ензими,ко-фактори инволвирани во метаболичките функции)Дневниот внес е регулиран од (FAO/WHO/UNU,2007 табелата подоле).
Дневна количина на амино киселини(мг/кг/дневно)
Исо леуцин 20
Леуцин 39
Лизин 30
Метхионин (10.4) + цистин (4.1)=15
Фенилалин + тирозин=25
Треонин=15
Триптофан=4
Валин=26
Аргинин
Глицин
Глутамин
Хистидин=10
Пролин
Серин
Дневните потреби се зголемуваат 10-20 проценти кај деца и 150 % дури кај новороденчиња​
Во доленаведената табела се гледаат кој аминокиселин им фали кај одредени храни
Протеински извор/Лимитиран извор на амино киселини
Јајца/Нема
Месо/Нема
РибаНема
Млечни производи/Нема
Соја/Метионин
Пченка/Лизин,триптофан
Мешунки/Триптофан,метхионин или цистин
Ориз/Лизин
Пченка/Лизин
Квалитетот на храната се мери според скалата наречена PDCAA(The Protein Digestibility Corrected Amino Acid Score) во кој се рангира храната од 0 до 1 зависно од количеството на аминокиселини и нивната дигестивност во нашето тело.
Храна PDCAA
Казеин(млечен протеин)=1
Сурутка(млечен протеин) =1
Јајце1
Соја протеин 1
Говедско(бифтек) 0.92
Соја 0.91
Овошје 0.72
Интегрални зрна 0.42
Според табелава продуктите од животинско потекло имаат најголема оценка и се комплетен извор на протеини.Затоа веганците треба да пазат да внесуваат доволно комплетни протеини да комбинираат одредени храни за да добијат комплетен протеин пример(грав и ориз).Некои растенија се скоро комплетни извори на протеини (киноа,конопени семки,хељда) а некој се фортифицирани за да бидат комплетен протеин (соја протеин).
Дневен здрав внес наспроти дневни препораки за протеините
Многу од вас слушнале за внесувај одредена количина за да добиеш мускулна маса,наспроти внесувај одредена количина за нормално и здраво функционирање на организмот.Зависи од тоа колку една индивидуа е активна и колку има стрес протеинскиот внес може да се зголеми.Ако индивидуата спортува и сака да изгради мускулна маса дневното барање се зголемува,додека еден нормален човек би требало да се заджи според препорачаните дози 0.8 гр до 1 гр на секој кг.Никогаш не се добило стандард за колку треба спортистите да внесуваат протеини во својата исхрана но ако вашиот спорт има потреба од снага и издржливост дневните количини на протеини се зголемуваат за 50-100% или на секој кг 1.5 до 2 гр.Бидејќи многу студии се фокусирале на колку треба да е дневниот внес на аминокиселините/протеините а никогаш не се фокусирале за подобрување на атлетските перфоманси што е примарна цел на секој спортист.Има и атлети кој нивната конзумација на протеини е превисока дури 4-5 гр. на секој кг но никаде не се докажани бенефициите од тоа.Потоа многу луѓе се плашат од таков внес заради оштетувања на бубрезите,која е претерана и има студии кој го докажуваат тоа
(Poortmans & Dellalieux,​
2000; Bilsborough & Mann, 2006).Но од друг аспект може да настане дехидрација,кое високо внес на протеини го прави,но може да се поправи со дополнителна хидратација.​
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Мускулите, виталноста и енергијата на еден веганец... :свиркам:

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
кое јадење го покачува тестостеронот?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
кое јадење го покачува тестостеронот?
Mastite omega 3,6 i holesterolot
--- надополнето: 28 јули 2012 во 14:07 ---
Мускулите, виталноста и енергијата на еден веганец... :свиркам:

Не реков никаде дека веганец не може да изгледа убаво,може само треба да пази на исхраната.Треба да комбинира храни,да знае што да јаде не е само да бутне соја и мисли завршил работа.Пишува дека киноата,хељдата и конопено семе се добар извор на протеини,но не може да се споредат со јајцето,риба,пилешко,млеку,сурутка.Плус ако идеме по твоето размислување,ако мислиш дека си здрав што јадеш веганска храна си се измамил.Убаво е период да не јадеш месо,но ако си бил зависник по брза храна и си се свртел кон веганство со хранење само со леб и соја си се заебал.Се што ќе добиеш е само здебелување и зголемување на ХДЛ холестеролот.Секоја исхрана треба да се базира на комплекси јх(мешунки,овес,кафеав ориз,хељда,киноата,булгур кај нас се скапи),комплетни протеини (риба,пилешко,јајца,млеко)и есенцијални масни киселини(омега 3,рибино масло,кокосово масло,палминово масло,маслиново масло,ленено масло,сите семки итн).Искрено и јас планирам да се тргнам одреден период од месо да станам лакто-ово(јајца,млеко) вегетаријанец за да се прочистам од токсините.Но тоа кога ќе намалам со тежината.За крај ќе ти кажам не биди веганец заради тоа што мислиш дека ќе спасиш некое животно или планетата,повеќе агрикултурата има направено да ја уништи земјата и џунглите отколку било која гранка на светот.Така да сите растенија што ги јадеш се само уништени делови од некоја шума и ти се радуваш што си зачувал некое животно.Секоја приказна има две страни.Нема ниедно племе што се базира на веганство,крајно е само некој племиња во Индија кој се лакто-ово вегетаријанци но пак конзумираат животински продукти.Плус на хормонално ниво губиш многу.Холестеролот е тоа што продуцира тестостерон.Повеќе тестостерон=повеќе мускулна маса.Зависи за што ти треба,но според мене веганството е хипокритсво,дури да почнам со вегетаријанство не сум вегетаријанец,зашто чевлите ми се од кожа,а искрено не гледам нешто лошо во користење на една крава за производство на нешто.Таа така или вака ќе умре и ќе се декомпозира,подобро човек да ја искористи отколку ларвите на мувите...
 
S

Stef Bachatero

Гостин

Оброк после вежбање

Дали инфузија или дигестија на амино киселини особено есенцијалните а-кс после вежбање доведува до зголемување на синтезата за протеините во мускулите,споредена само со вежбањето без никакв внес.Особено важна е а-кс леуцин која е главниот активатор на синтезата.Иако е важно да се конзумира протеин после вежбање,прозорецот за синтеза важи исто така и после одредени часови.Оваа конзумација релативно спроведена со вежбањето не треба да не изненади затоа што конзумацијата и инсулинот ја зголемуваат синтезата,очигледно со регулирањето на молекуларните сигнали како што е (mTOR=mammalian target of rapamycin).Комбинирањето плус со одреден јаглехидрат и протеин после вежбање со терет го зголемува уште повеќе mTOR со што дава градење на нови мускулни ткива(анаболизам).Така комбинирањето на 15 грама есенцијални а-кс со 15 гр јх резултира во поголема мускулна големина(хипертрофија) споредено само со конзумирање на 30 гр јх.Оваа стратегија би била добра за ре-синтеза за гликогенот и намалување на загуба на мускулите(саркофениа).Леуцин е една од нај битните а-кс за градење на мускулна маса.

Внес пред и за време на вежбањето

Исто така е важен и внесот на протеините и јх пред и за време на вежбањето.Пронајдено е дека комбинација од тежинско вежбање со конзумација на јх и протеини пред вежбање е исто така добра стратегија за зголемување на анаболичната реакција за градење на мускулна маса.Тоа се должи на зголемениот проток на есенцијални а-кс кој ја зголемуваат протокот во мускулите за време на вежбањето.Внесот на оброк со енергетска вредност од 7 кцал на секој кг од кој 1.2 е јх 0.3 гр протеини и 0.1 гр масти резултирало во зголемување на мускулната маса,но ги деградирало перфомансите на спортистите.На крај студиите сугерираат дека конзумирање на мал внес на есенцијални амино-кс со јаглехидрат и додадено леуцин може да ја зголеми синтезата на мускулните влакна,зголемена мускулна маса и одржување на неа.

Вид на хранливи протеини

Според апсорбцијата на протеините се делат на брзо апсорбирачки протеин(сурутка,соја),среден(риба,пилешко,јајце) и бавно (казеин,телешко и свинско)Освен тоа што конзумација на протеин и јх пред и после вежбање е најдено дека зголемува синтеза на протеините,многу истражувања кажуваат дека видот на протеин е исто важен.На пример конзумација на казеин(млечен протеин) е пронајдено дека го зголемува протокот на а-кс во крвта во подолг рок отколку сурутката кој го зголемува краткотрајно протокот на а-кс.Млекото особено чоколадното млеко е многу добар избор за после вежбање затоа што содржи јаглехидрати,а-кс,електролити кој ја подобруваат синтезата на гликоген и синтеза на протеините во мускулите.Исто така е најдено дека комбинација од протеин од сурутка казеин после теретно вежбање е зголемено хипертрофија на мускулот.Млекото после вежбање исто помага кај тренинзите за издржливост споредено само со конзумација на јаглехидрат 30 гр.Исто така рибата е добар извор за протеин после вежбање бавно се дигестира и се апсорбира заради количината на омега 3 масни киселини која ја забавуваат апсорбцијата на протеинот.Но крајно е да кажеме дека видот на протеинот е важен за синтеза на протеините,негова хипертрофија но потребно е уште повеќе студии за да се потврдат овие очекувања.
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Mastite omega 3,6 i holesterolot
--- надополнето: 28 јули 2012 во 14:07 ---

Не реков никаде дека веганец не може да изгледа убаво,може само треба да пази на исхраната.Треба да комбинира храни,да знае што да јаде не е само да бутне соја и мисли завршил работа.Пишува дека киноата,хељдата и конопено семе се добар извор на протеини,но не може да се споредат со јајцето,риба,пилешко,млеку,сурутка.Плус ако идеме по твоето размислување,ако мислиш дека си здрав што јадеш веганска храна си се измамил.Убаво е период да не јадеш месо,но ако си бил зависник по брза храна и си се свртел кон веганство со хранење само со леб и соја си се заебал.Се што ќе добиеш е само здебелување и зголемување на ХДЛ холестеролот.Секоја исхрана треба да се базира на комплекси јх(мешунки,овес,кафеав ориз,хељда,киноата,булгур кај нас се скапи),комплетни протеини (риба,пилешко,јајца,млеко)и есенцијални масни киселини(омега 3,рибино масло,кокосово масло,палминово масло,маслиново масло,ленено масло,сите семки итн).Искрено и јас планирам да се тргнам одреден период од месо да станам лакто-ово(јајца,млеко) вегетаријанец за да се прочистам од токсините.Но тоа кога ќе намалам со тежината.За крај ќе ти кажам не биди веганец заради тоа што мислиш дека ќе спасиш некое животно или планетата,повеќе агрикултурата има направено да ја уништи земјата и џунглите отколку било која гранка на светот.Така да сите растенија што ги јадеш се само уништени делови од некоја шума и ти се радуваш што си зачувал некое животно.Секоја приказна има две страни.Нема ниедно племе што се базира на веганство,крајно е само некој племиња во Индија кој се лакто-ово вегетаријанци но пак конзумираат животински продукти.Плус на хормонално ниво губиш многу.Холестеролот е тоа што продуцира тестостерон.Повеќе тестостерон=повеќе мускулна маса.Зависи за што ти треба,но според мене веганството е хипокритсво,дури да почнам со вегетаријанство не сум вегетаријанец,зашто чевлите ми се од кожа,а искрено не гледам нешто лошо во користење на една крава за производство на нешто.Таа така или вака ќе умре и ќе се декомпозира,подобро човек да ја искористи отколку ларвите на мувите...
Во очекување да се јават „експерти“ кој ќе тврдат дека веганец не може да има мускулна маса - го поставив видеото (кое е само едно од малиот милион вакви примери ).

Е сега, прво, соја не јадам, освен органска ферментирана и тоа многу ретко. Веганец сеуште не сум, но би станал прво заради моето сопствено здравје, па тек потоа тоа на другите животни.
Земјоделието ја направи и сеуште прави таа штета со цел пред се да ги израсне животните наменети за човечка консумација. За колку би се намалила штетата доколку сите на планетава би биле веганци? :)

Второ, никаде не пишав дека вегетаријанската/веганската храна гарантира здравје, затоа што во игра се премногу фактори кои влијаат на здравјето на индивидуата и неговата долговечност. Има омнивори кои живеат долг и среќен живот, исто како што има и хербивори и карнивори. Чак има луѓе кои живеат само од медитација и сончева енергија (ака соларна јога) - значи без храна! Прогуглај за Прехлад Јани и Хира Рата Манек. ;)

По мене секој е слободен да јаде што сака, доколку му се може, или ништо да не јаде доколку не сака. А околу студиите за тоа што е здраво и нездраво, да не се верува (на никого) - туку да се проверува...
 
Земи го доброто од двете и функционирај најдобро тоа е моето мото.Така да има многу причини да не си и си веганец.Прво го чисти организмот од токсини,повеќе растителна храна повеќе вода и диетални влакна.Негативното е дека ќе имаш повеќе гасови заради толку многу диетални влакна внесени и плус ќе имаш губиток на мускулна маса.Значи дечово е издефиниран се супер,но да се спореди со месојадец во сила,снага,експлознвост ќе изгуби,но можеби во издржливост и кондиција ќе победи.Секогаш има две страни на било која приказна и секогаш сум скептик и гледам со доза скептицизам.За мене подобро функционира кога сум сештојад отколку веганец сум пробал.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Во очекување да се јават „експерти“ кој ќе тврдат дека веганец не може да има мускулна маса - го поставив видеото (кое е само едно од малиот милион вакви примери ).

Е сега, прво, соја не јадам, освен органска ферментирана и тоа многу ретко. Веганец сеуште не сум, но би станал прво заради моето сопствено здравје, па тек потоа тоа на другите животни.
Земјоделието ја направи и сеуште прави таа штета со цел пред се да ги израсне животните наменети за човечка консумација. За колку би се намалила штетата доколку сите на планетава би биле веганци? :)

Второ, никаде не пишав дека вегетаријанската/веганската храна гарантира здравје, затоа што во игра се премногу фактори кои влијаат на здравјето на индивидуата и неговата долговечност. Има омнивори кои живеат долг и среќен живот, исто како што има и хербивори и карнивори. Чак има луѓе кои живеат само од медитација и сончева енергија (ака соларна јога) - значи без храна! Прогуглај за Прехлад Јани и Хира Рата Манек. ;)

По мене секој е слободен да јаде што сака, доколку му се може, или ништо да не јаде доколку не сака. А околу студиите за тоа што е здраво и нездраво, да не се верува (на никого) - туку да се проверува...
Нека дрндаат што сакаат.. Протеин е протеин.. Факт е дека растителниот неможе да се спореди со протеинот од месото..Али вегетаријанец може да изгледа убаво и да гради мускули без протеински шејкови..Повеќето што викаат дека мускули се прават само доколку има суплементација или дека растителниот протеин нечини тоа е трик на компаниите за продавање повеќе суплементи.. Има мал милион видеа како што пиша ти на луѓе кои не земаат ни суплементи ниту пак се фанови на месо..Имам еден таков другар такада интернетов не ми менува мислење..

Замисли да тврдат сите дека бодибилдинг може да опстои со вегетаријанството.. Тогаш ниедна компанија нема да продава суплементи..
 
O

Orion.

Гостин
Има и вегетаријанци бодибилдери и секако дека може и со растителни протеини да се оформи добро тело НО е ЕКСТРЕМНО тешко
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
131
Поени од реакции
27
Ајдеее... се за протеините и што?? Ова поправилно би требало да стои во ББ категорија а не тука... што некој го интересира за протеините... Протеините на вежбачите им требаат ако се заинтересирани ако не чао пријатно... Иначе да не се лажеме од храна тешко се подига нивото на тестостерон (и на било кој хормон). За тестостерон имаш Трибулус (провери во Гет Реди и СпортиХ), ZМА, DHEA.... Ако сакаш зимај нешто од овие и ке се покачи... Овие производи се наменети за корисници над 19 год значи од 20 и нешто зошто ако си 16-17 а користиш стимулант за ТСТ (доволно го имаш во себе) ќе си ги видиш последиците сам а знаеме зошто еден малолетник би се нафатил да зима стимулант и тоа баш за ТСТ.. Поздрав.
 
Член од
22 мај 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво , сакам да прашам каде можам да најдам протеини за поефтина цена бидејки ми се потребни многу за тренинзите во теретана . Јас моментално пиам но се послаби содржат само 40 % белковини на природна база се иначе сакам нешто да биде појако и ефикасно за поефтини пари ..
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Внимателно само оти,за ефтино можеби че ги добиеш прoтеините ама бубрезите неможеш за евтино да ги купиш :)))
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
Здраво , сакам да прашам каде можам да најдам протеини за поефтина цена бидејки ми се потребни многу за тренинзите во теретана . Јас моментално пиам но се послаби содржат само 40 % белковини на природна база се иначе сакам нешто да биде појако и ефикасно за поефтини пари ..
Тоа што го пиеш моментално со 40% протеини е жива глупост, најверојатно другото се јаглехидрати, па ќе натрупаш сало (n)
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Ефтини протеини
Млеко
Урда
Јајца
 
Kajgana Shop

На врв Bottom