Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213

Јасмин ( ретка бела нимфа ) и Чичек ( тигрица ) :D . Од многу витаминска храна , нимфата се утепа од несење на јајца , мој совет е да не им давате премногу витамини !!!
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Тигрицава е како реинкарнација на мојата,ИСТА,скроз иста :D
 
V

Vollstandig

Гостин

Јасмин ( ретка бела нимфа ) и Чичек ( тигрица ) :D . Од многу витаминска храна , нимфата се утепа од несење на јајца , мој совет е да не им давате премногу витамини !!!
Па што не си ја спарил досеа, од сила снесила јајце-неплодно.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
Па што не си ја спарил досеа, од сила снесила јајце-неплодно.
Зашто ќе треба да се купи машко а за истото треба услови а ќе треба и услови за легло услови за мали папагали и така натака ( ги чувам во стан ) а и кога се пар целото внимание си го посветуваат на себе , нема да го рецкаат кој им е газда освен кога им става храна етц :D . Многу фактори се во прашање а не дека не ми текнало и мене да купам машко :)
 
Многу стереотипи се во прашање кај тебе:) Условите за еден се услови и за друг, во истиот кафез комотно ќе живеат и два папагали, а надвор ќе се спарат. Ќе им земиш куќарка и ќе ја ставиш на некој регал (ако ги чуваш пуштени) за јадење ќе идат до кафез а во куќарката ќе ги изгледаат малите. Не се сложени бе, пробај.(y)
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
Многу стереотипи се во прашање кај тебе:) Условите за еден се услови и за друг, во истиот кафез комотно ќе живеат и два папагали, а надвор ќе се спарат. Ќе им земиш куќарка и ќе ја ставиш на некој регал (ако ги чуваш пуштени) за јадење ќе идат до кафез а во куќарката ќе ги изгледаат малите. Не се сложени бе, пробај.(y)
Абе ок и тоа ама какаат кај стигнат, да не кажам јаде и одма кака !!! Тигрицата па од друга страна си се приврза за нимфата , кај иде она и тоа е со нејзе во ист кафез најчесто спијат , си се чистат една со друга ... и така натака :D
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
А па мене ме интересираше,можат да се спарат нимфа и тигрица?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
23
Поени од реакции
4
dali znae nekoj kaj moze da kupam papagal KAKADU ?
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Имам тигрица (женско), го имам веќе подолго време (година-две). Уште кога го донесоа се плашеше од луѓе многу. Првата недела не излегуваше, ова е нормално претпоставувам. После првата недела тропаше на кафезот и бараше да излезе и секогаш го пуштав. Откако се навикна на просторијата почна да апе кога ќе доближиш прст/рака до него. На сите им правеше вака, не даваше ни да се доближиш до него со прст. Прочитав на некоја страна дека треба полека да му се приближуваш, секој ден поблиску и поблиску. Го пробав ова но немаше некој ефект. Исто на некоја страна прочитав и дека треба да го буткаш со прстот во клунот, да му покажеш „сила“, го правев ова, колку и да ме апеше (што и не боли многу) и по некое време веќе кога го доближувам прстот многу блиску до него и не ме апе, но кога ќе го допрам барем малку било каде одма почнува да ме апе.
Исто кога се доближувам до него почнува да се тресе и да замижува со очите. Ова најверојатно е од страв, но што да направам за да не се плаши од мене?

И друг проблем. Многу се плаши од предмети. Било каков предмет да му доближам одма ќе се разлета во кафезот или надвор од кафез, секаде. Чаши, шишиња, играчки, се плаши од СЕ што не е човечко суштество. Нема страв од предметите ако стојат до него повеќе време (има некои работи до кафезот што стојат и нема страв од нив) туку кога јас ќе земам нешто и ќе го доближам до него на ~10cm растојание.

Не знае да лета. Веќе долго време го пуштам кога ќе побара и многу ретко лета. Само од кафез до местото каде што најчесто седи додека не е во кафез (менува места не неколку месеца). Кога ќе го избркам од местото ќе излета на некое друго најрандом место и ќе се удри (дали во стакло, дали во врата или некој друг предмет, сеедно). Некогаш ќе проба да летне до некое место и на сред лет ќе падне или ќе се удри во нешто.
Можно ли е ова да е од големите пердуви? Никогаш до сега ги немам чепнато, а сум прочитал на неколку места дека треба да ги сечам/кратам.

Исто, ноктите му се пораснати веќе многу и кога ќе падне на тепих му се заглавуваат и не може да излета без да се изнамачи. Колку треба да му ги скратам ноктите, целосно? Со што, ноктарица, ножица..?

Ако може дајте ми што е можно повеќе совети. И за почетници и за поискусни :)
Вака изгледа

Кажете ако ви треба слика од моето
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Pluh toa so prstot.Aj probaj turi ma malku proso na prstot,i stavi go prstot vo kafezot,vidi dali ke jad.Probuvaj taka nekolku pati dnevno,nekolku nedeli.ke vidis deka ke se nauci.Samo stavi go prstot vo kafezot,i drzi go,ne ja brkaj.
A za toa so noktite,zemi ja cvrsto vo raka(samo pazi da ne ja smackas :D) i so noktarica poleka samo pazi da ne i go preseces zivecot(toa rozovoto vo noktot) zatoa sto ke tece mnogu krv,i ke ja boli :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Имам тигрица (женско), го имам веќе подолго време (година-две). Уште кога го донесоа се плашеше од луѓе многу. Првата недела не излегуваше, ова е нормално претпоставувам. После првата недела тропаше на кафезот и бараше да излезе и секогаш го пуштав. Откако се навикна на просторијата почна да апе кога ќе доближиш прст/рака до него. На сите им правеше вака, не даваше ни да се доближиш до него со прст. Прочитав на некоја страна дека треба полека да му се приближуваш, секој ден поблиску и поблиску. Го пробав ова но немаше некој ефект. Исто на некоја страна прочитав и дека треба да го буткаш со прстот во клунот, да му покажеш „сила“, го правев ова, колку и да ме апеше (што и не боли многу) и по некое време веќе кога го доближувам прстот многу блиску до него и не ме апе, но кога ќе го допрам барем малку било каде одма почнува да ме апе.
Исто кога се доближувам до него почнува да се тресе и да замижува со очите. Ова најверојатно е од страв, но што да направам за да не се плаши од мене?

Мижењето со очи е нормално па дури и глумење дека спие, ако се осетат исплашени, а нема кај да бега.Чим од прва недела тропал во кафезот, чуван е во јато, во големи летачи (фарми за папагали) па и не очекувај добри резултати од истиот. Припитомување се прави на папагалот, така што вадиш се што е од храна од кафез и еден ден го изгладнуваш. Другиот ден со рака просо одиш во кафез и како будала чекаш да застани на рака...и така секој ден...месец-два.Ако израсни од мал таков, автоматски имаш скап папагал (по 10-12 евра се продаваат рачно ранетите).

И друг проблем. Многу се плаши од предмети. Било каков предмет да му доближам одма ќе се разлета во кафезот или надвор од кафез, секаде. Чаши, шишиња, играчки, се плаши од СЕ што не е човечко суштество. Нема страв од предметите ако стојат до него повеќе време (има некои работи до кафезот што стојат и нема страв од нив) туку кога јас ќе земам нешто и ќе го доближам до него на ~10cm растојание.
Резултат на малтретирање во тоа фармата кај што бил. Абе слика немам моментално, ќе ти покажам како изгледаат. Заграден простор од 100тина метри, со еден тон папагали и куќарки (во нив се размножуваат), храна им фрлаат во скапани тенџериња и некој слични работи, нормално е да не купи никој поилка од таму. Затоа коа ќе се донесат дома не знаат ни да пијат од поилка ни да јадат од хранилка како нормални. Страв има папагалот твој оти е чуван како што кажав, јатно, со голем број птици што е веќе 50 % како од природа да го имаш. Никогаш немал контакт со луѓе, постојано бил на слобода во широк простор, и одеднаш некој го фаќа, носи во продавница, го купуваш ти, го чуваш во кафез - никогаш не би се навикнал, освен ако бил 3-4 недели стар.

Не знае да лета. Веќе долго време го пуштам кога ќе побара и многу ретко лета. Само од кафез до местото каде што најчесто седи додека не е во кафез (менува места не неколку месеца). Кога ќе го избркам од местото ќе излета на некое друго најрандом место и ќе се удри (дали во стакло, дали во врата или некој друг предмет, сеедно). Некогаш ќе проба да летне до некое место и на сред лет ќе падне или ќе се удри во нешто.
Можно ли е ова да е од големите пердуви? Никогаш до сега ги немам чепнато, а сум прочитал на неколку места дека треба да ги сечам/кратам.

Исто, ноктите му се пораснати веќе многу и кога ќе падне на тепих му се заглавуваат и не може да излета без да се изнамачи. Колку треба да му ги скратам ноктите, целосно? Со што, ноктарица, ножица..?

Ако може дајте ми што е можно повеќе совети. И за почетници и за поискусни :)
Вака изгледа
:vozbud:

Не се во прашање пердувите туку нема осет за мал простор, јас мислам. А за сечење ноктите, се сечат малку, и гледаш да не зафати до живецот на нокт. Искрено, папагалот и ќе си остани див, ако сакаш да купиш добар папагал ете тигрица, земи си млад, али нема да идиш во пет-шопови, ќе си бараш огласи по интернет, се наоѓаат одгледувачници еден тон во македонија. За 250-350 денари си имаш квалитетно младо пиле, што од рака ќе го израстиш и ќе може да прави акробации после тоа. Од пет шоп можеш да земиш пиле, исто како да си го фатил од природа.
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
44
Поени од реакции
19
ПОМОШ!!! Нимфата од денеска,поточно од сабајле почна многу да се чеша и да вриска силно...по цел ден вика со сета сила и се чеша,и дури на моменти испушта глас како да се кара!!! Многу е чудна,а иначе за јадење си јаде нормално и си пие вода и не е на топло (внатре е кафезот) а понекогаш му давам магданос да не е од тоа? ве молам помогнете! :place:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom