Имам тигрица (женско), го имам веќе подолго време (година-две). Уште кога го донесоа се плашеше од луѓе многу. Првата недела не излегуваше, ова е нормално претпоставувам. После првата недела тропаше на кафезот и бараше да излезе и секогаш го пуштав. Откако се навикна на просторијата почна да апе кога ќе доближиш прст/рака до него. На сите им правеше вака, не даваше ни да се доближиш до него со прст. Прочитав на некоја страна дека треба полека да му се приближуваш, секој ден поблиску и поблиску. Го пробав ова но немаше некој ефект. Исто на некоја страна прочитав и дека треба да го буткаш со прстот во клунот, да му покажеш „сила“, го правев ова, колку и да ме апеше (што и не боли многу) и по некое време веќе кога го доближувам прстот многу блиску до него и не ме апе, но кога ќе го допрам барем малку било каде одма почнува да ме апе.
Исто кога се доближувам до него почнува да се тресе и да замижува со очите. Ова најверојатно е од страв, но што да направам за да не се плаши од мене?
И друг проблем. Многу се плаши од предмети. Било каков предмет да му доближам одма ќе се разлета во кафезот или надвор од кафез, секаде. Чаши, шишиња, играчки, се плаши од СЕ што не е човечко суштество. Нема страв од предметите ако стојат до него повеќе време (има некои работи до кафезот што стојат и нема страв од нив) туку кога јас ќе земам нешто и ќе го доближам до него на ~10cm растојание.
Не знае да лета. Веќе долго време го пуштам кога ќе побара и многу ретко лета. Само од кафез до местото каде што најчесто седи додека не е во кафез (менува места не неколку месеца). Кога ќе го избркам од местото ќе излета на некое друго најрандом место и ќе се удри (дали во стакло, дали во врата или некој друг предмет, сеедно). Некогаш ќе проба да летне до некое место и на сред лет ќе падне или ќе се удри во нешто.
Можно ли е ова да е од големите пердуви? Никогаш до сега ги немам чепнато, а сум прочитал на неколку места дека треба да ги сечам/кратам.
Исто, ноктите му се пораснати веќе многу и кога ќе падне на тепих му се заглавуваат и не може да излета без да се изнамачи. Колку треба да му ги скратам ноктите, целосно? Со што, ноктарица, ножица..?
Ако може дајте ми што е можно повеќе совети. И за почетници и за поискусни
Вака изгледа
Кажете ако ви треба слика од моето