Историски книги!

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Летото е на повидок, крај година е, па може да се прочита некоја добра книга. Ваш совет за некоја добра, но поврзана со Македонија, дали античка, средновековна, двете светски војни и сл.

Уште подобро ако знаете дали се достапни во градските библиотеки пред да кажете кај се продаваат :) Илјадата и нејзините Тројански војни се одамна минато нешто ново?

Имено, неколку дена по ред ги демнам темите пишувани во Историја ( на овој форум ), многу работи да се научат, поздрав до Bratot и неговите сеисториски информации...
 
istoriski knigi nema ali imam dobri knigi na hrvatski jazik za teorii na zagovor
seme na zloto od wiliam endgald
isto i 100 godina vojna 1 del i 2 del od istiot avtor vo pdf format
 
Византијски комонвелт - Димитрије Оболенски. Пишува за византијската империја од нејзиното создавање до падот на Константинопол. Топло препорачувам ако си љубител на средновековието како целина.
 
Алберт Сониксен - Исповед на еден Македонски четник
Иван Михајлов - Македонија , Швајцарија на Балканот
Па многу битно ако ја немаш прочитано исто така и на Крсте книгата ... сметам дека секој Македонец треба да ја прочита

незнам дали мислеше за вакви книги ама како и да е овие книги треба секој да ги прочита
 
Летото е на повидок, крај година е, па може да се прочита некоја добра книга. Ваш совет за некоја добра, но поврзана со Македонија, дали античка, средновековна, двете светски војни и сл.

Уште подобро ако знаете дали се достапни во градските библиотеки пред да кажете кај се продаваат :) Илјадата и нејзините Тројански војни се одамна минато нешто ново?

Имено, неколку дена по ред ги демнам темите пишувани во Историја ( на овој форум ), многу работи да се научат, поздрав до Bratot и неговите сеисториски информации...

Античка Македонија:
Историја на Аргеадите - Наде Проева
Историја на хеленистичкиот период - Фанула Папазоглу
Историја на Епигоните - Фанула Папазоглу

Антика Хелада/Рим:
Грци и Римјани - Петар Лисичар
Стара Грчка - Струве, Калистов
Историја на стариот Рим - Машкин

Среден век - општа историја:
Историја средњег века 284-1500 - Сидни Пеинтер
Историја на средниот век том 1 и 2 - Скаскин и др.

Византија:
Историја на Византија - Ѓорѓи Острогорски
Византиски комонвелт - Димитри Оболенски

Македонија - среден век:
Средновековна Македонија, том 1-3 - Стјепан Антојак, Бранко Панов

За антика и среден век - македонска историја-општо
Историја на Македонскиот народ (опширната, том 1)

Вака општо за навлегување во темите. За другите периоди имаш тони литература. Ако те интересира детално некој период пиши.
 
Не му кажуј за скратените верзии на Зајковски. Ќе се упропасти.

Машкин ти е задолжителна за Стариот рим.
 
Алберт Сониксен - Исповед на еден Македонски четник
Иван Михајлов - Македонија , Швајцарија на Балканот
Па многу битно ако ја немаш прочитано исто така и на Крсте книгата ... сметам дека секој Македонец треба да ја прочита

незнам дали мислеше за вакви книги ама како и да е овие книги треба секој да ги прочита

Ако мислиш на "Македонцките работи" да секако...
--- надополнето: 30 мај 2012 во 00:52 ---
Античка Македонија:
Историја на Аргеадите - Наде Проева
Историја на хеленистичкиот период - Фанула Папазоглу
Историја на Епигоните - Фанула Папазоглу

Антика Хелада/Рим:
Грци и Римјани - Петар Лисичар
Стара Грчка - Струве, Калистов
Историја на стариот Рим - Машкин

Среден век - општа историја:
Историја средњег века 284-1500 - Сидни Пеинтер
Историја на средниот век том 1 и 2 - Скаскин и др.

Византија:
Историја на Византија - Ѓорѓи Острогорски
Византиски комонвелт - Димитри Оболенски

Македонија - среден век:
Средновековна Македонија, том 1-3 - Стјепан Антојак, Бранко Панов

За антика и среден век - македонска историја-општо
Историја на Македонскиот народ (опширната, том 1)

Вака општо за навлегување во темите. За другите периоди имаш тони литература. Ако те интересира детално некој период пиши.

Нешто од Скилица, Теофилакт Охридски, немам појма што воопшто е зачувано и дали всушност ги има нивните книги како целина или само цитати...
 
Да не бидам сфатен погрешно...
Нема да е лошо да прочиташ и некои книги
од нашиве „мили“ соседи. Да видиш како
и тие ја сфаќаат историјата. Да ја имаш честа
сам да налеташ на некоои глупости и контрадикторности.
Да не давам примери сега, ќе се заборавам.
Поздрав. :)
 
Ако мислиш на "Македонцките работи" да секако...
--- надополнето: 30 мај 2012 во 00:52 ---

Нешто од Скилица, Теофилакт Охридски, немам појма што воопшто е зачувано и дали всушност ги има нивните книги како целина или само цитати...

Скилица го нема целосно преведено на македонски. Имаш фрагменти во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том 1 и Љубен Лапе - Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, том 1. Само овие се ептен антиквитетни книги така да тешко се наоѓаат освен во некоја забутана библиотека. Ако добро ти одат српско/хрватскиот и бугарскиот на интернет ги имаш ВИИНЈ - том 3 и ГИБИ том-6 (особено - има грчки текст и бугарски до него). Они се подетални.

Писмата на Теофилакт Охридски главно се извор за стопанската историја на Македонија во средниот век. Целиот том 2 од Средновековна Македонија на Бранко Панов ти е посветен на него. Информации и преведени делови можеш да најдеш и во ВИИНЈ - том 3. Општо за него Димитри Оболенски - Шест византиски портрети, преведена и на македонски ја видов на саем. За преводи на Житието на Тиверополските маченици и Пространото житие на св. Климент Охридски не сум сигурен (бугарски сигурно имаш).
 
Скилица го нема целосно преведено на макдеонски. Имаш фрагменти... Ако добро ти одат српско/хрватскиот и бугарскиот на интернет ги имаш ВИИНЈ - том 3 и ГИБИ том-6 (особено - има грчки текст и бугарски до него). Они се подетални.

има исто така и на руски: СКИЛИЦА, ИОАНН. Обозрение историј - фрагмент 1, фрагмент 2, фрагмент 3, фрагмент 4.
Грчкиот текст и бугарскиот превод се овде: Георги Кедрин-јоан Скилица // Georgii Cedreni-Ioannis Scylitzae A. Кратка историја // A. Historiarum compendium (ГИБИ, т. 6).

Писмата на Теофилакт Охридски главно се извор за стопанската историја на Македонија во средниот век. Целиот том 2 од Средновековна Македонија на Бранко Панов ти е посветен на него. Информации и преведени делови можеш да најдеш и во ВИИНЈ - том 3.

Отново го има грчкиот текст, со бугарски превод, во ГИБИ, т. 9, ч. 2. Таму се не само писмата на Теофилакт, но исто и Житието на Климент Охридски, Маченичество на 15-те тивериуполски маченици и др.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 12:09 ---
Отново го има грчкиот текст, со бугарски превод, во ГИБИ, т. 9, ч. 2. Таму се не само писмата на Теофилакт, но исто и Житието на Климент Охридски, Маченичество на 15-те тивериуполски маченици и др.

заборавив за "Гр'цките житија на Климент Охридски" на Ал. Милев (1966). Пак паралелен грчки текст и бг превод: на Пространното житие на Климент Охридски (од Теофилакт Охридски) и на Краткото житие на Климент Охридски (од Димитри Хоматиан).
 
Тајната на Бакарната книга од Донски.. Не е историска во права смисла,повеќе е како роман или нешто такво али е многу интересна,ќе ти се допадне.
 
Тајната на Бакарната книга од Донски.. Не е историска во права смисла,повеќе е како роман или нешто такво али е многу интересна,ќе ти се допадне.

Донски зборуваше со духот на Александар Македонски, мислиш дека има нивен разговор во неговите книги? - Шала настрана беше остро критикуван поради некои измишлотини...
 
Донски зборуваше со духот на Александар Македонски, мислиш дека има нивен разговор во неговите книги? - Шала настрана беше остро критикуван поради некои измишлотини...

За духот на Александар гледав кога збореше кај Миленко во емисија, тоа малце забегано беше. Али оваа книга мислам дека му е добра и доста реални податоци и случувања има.
 
Јас би ја препорачала “Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерот на Балканскиот сојуз (1878-1914)“ од Ханс-Лотар Штепан. Одлична книга, особено земајќи во предвид дека е напишана од странец и во неа има и странски извори, односно како што вели Ханс-Лотар Штепан во предговорот: “Врз база на необјавени документи од политичкиот архив на Министерството за надворешни работи Р. Германија за темата “Балканскиот сојуз“, во овој труд ќе биде докажано постоењето на засебен македонски народ...“ итн итн. Сега да не вадам цели цитати, поентата ми е дека оваа книга е едно објективно истражување и не може во овој случај да се земат аргументите дека “Македонците сами си пишуваат историја“, кога очигледно е дека има и други сведоштва освен нашите за постоење на македонскиот идентитет. Одлична книга, мене лично ептен ми го направи меракот кога ја читав. Башка лесно може да се најде книгава...

И има уште една, само не знам каде може да се купи, но можеби ја има во библиотеките... “Во сенката на Олимп : Потеклото на Македон“ од Јуџин Борза, американски професор по античка историја и воедно историчар. Неговата теза е дека античките Македонци биле секогаш посебен ентитет од Хелените и дека покрај тоа што се разбира имало одредни примања од хеленската култура која во тоа време била најдоминантна, сепак си го зачувале посебниот идентитет.

Овие две ги препорачувам бидејќи се од странски автори и е навистина интересно да се види и да се прочита странска перспектива за постоењето на македонскиот културен, па и до некаде политички идентитет. Не дека сакам да ги омаловажам нашите автори, напротив, многу ги почитувам, поентата ми е дека странски автори можат да служат како добра референца при докажувањето на објективноста при постоењето на македонски идентитет. И кога се расправаш со некои од нашите соседи, појако е, немаат што да кажат...:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom